Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Македонија со дел од своето културно наследство и оваа година достојно се претстави во Рим. На манифестацијата организирана во чест на Св.Кирил која годинава се одржа по 48-ми пат, Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид учествуваше со своја изложба на оригинални икони, фреско копии и тематски фотографии. На изложбата во Рим беа преставени вкупно 38 експонати, 18 фреско копии, од кои 16 се на Заводот и Музеј од Охрид, а две од Музејот на Македонија, 5 икони дел од колекцијата на Завод и Музеј, дела од нашето културно наследство од највисока категорија и...
Зеленчукот и овошјето од голем број маркети и продавници, изложено на улица
Post Views: 4 Голем дел од маркетите и продавниците во градов зеленчукот и овошјето кои се за продажба го имаат изложено на тротоарите кои се наоѓаат пред нив, се жалат потрошувачите. Тие додаваат дека покрај што овие прехрамбени производи се изложени на секакви временски влијанија тие се загадуваат и со издувните гасови од автомобилите кои поминуваат на сообраќајниците. Од Организацијата на потрошувачи на РМ велат дека на ваков начин се крши законот и граѓаните слободно да пријават за сите воочени недоследности при продажба на овошје и зеленчук.Доколку потрошувачите се...
Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства
Post Views: 8 Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик. Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.Најмногу проекти со кои...
Дел од кејот на езерото повторно узурпиран со урбана опрема
Post Views: 11 Тротоарот на дел од улицата „Коста Абраш“ на самиот кеј на езерото повторно узурпиран со урбана опрема. Околните угостителски и хотелски објекти особено во летниот период на овај потег поставуваат маси и столици со што им го попречуваат слободното движење на пешаците. Се наметнува прашањето дали поставената урбана опрема е ставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест или некој си зел за право да узурпира јавна површина.Морам да ви кажам дека екипи од инспекторатот реагирале во два наврати и веќе се отстранети одредени маси и столици...
Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите
Post Views: 9 Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите. Овој коктел кој пред нова година беше промовиран како автентичен охридски туристички производ си го најде патот до потрошувачите. Неговиот специфичен вкус на вотка со шмек на ванила и сируп од тропското овошје маракуја, неговата тиркизно сина боја и лажицата со оргинален охридски бисер која после останува за тој што го конзумирал пијалокот, се доволна причина тој се почесто да се нарачува од гостите.Самите охриѓани зимскиот период многу го бараа овој коктел . Изненадувачки е што последниов месец групи на странски...
Настрадаа новите автобуски постојки
Post Views: 9 Настрадаа новите автобуски постојки. Несовесни граѓани ги ишкртаа и ги испишаа со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра.Го детектиравме тоа уште пред еден месец. Граѓаните долго време чекаа да се постават современи автобуски постојки, а сега некој ги уништува. Ваквото вандалско однесување е за секаква критика. Апелираме до сторителите да не го уништуваат општинскиот имот, во спротивно, ќе следуваат санкции, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.Најмногу на удар се постојките в долж...
Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси
Post Views: 7 Започна туристичката сезона, а со тоа започнаа и старите проблеми. Повторно колони од по неколку туристички автобуси деновиве можат да се забележат паркирани на коловознаите лент булеварот „Туристичка“. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Откога се направи кружниот тек во близина на Охридска банка, токму на овој потег се постави пешачкиот премин по кој пешаците минуваат на другата страна од улицата. Поради неправилно паркираните автобуси тие немаат прегледност и можат...
Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови
Post Views: 8 Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови кај Гимназијата и на пресекот на бул. „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Причина за тоа е што сеуште не е поставена хоризонталната сигнализација односно не се обележани пешачките премини поради што пешаците не се чуствуваат доволно безбедни при преминувањето на улицата. Одделението за сообраќај и патишта е во постојана корелација со сообраќајната полиција при СВР Охрид. Ние ги нформиравме дека ќе биде потребно дополнително ангажирање на полицајци кај овие кружни текови додека не завршат...