Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охридските училишта започнаа со легализација на дворните места

Post Views: 170 Охридските училишта започнаа со легализација на дворните места. Досега ниту едно школо не можеше да врши било какви градежни зафати на дворната површина бидејќи имотот не беше нивни. Локалната започна процес на денационализација на приватните имоти на кои се наоѓаат дворовите на училиштата.За прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на расчистување на имотно правните односи на охридските училишта кои во изминатиот период не беа решени. Сето тоа се прави со средства на Локалната и дел од нив веќе се запишани во катастар, рече Градоначалникот Никола Бакрачески.Училиштето...

Продолжи со читање

Свечено одбележан првиот училишен ден вo ОУ„Св. Климент Охридски“

Post Views: 181 Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце. Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен печат во училиштето  од првиот училиштен ден. Програмата која ја подготвија четвртооделенците со нивните наставнички Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска, ја помогнаа и наставниците Павлина Климеска, Катерина Пецакова и Бобан...

Продолжи со читање

511 првачиња денес за прв пат седнаа во училишните клупи

Post Views: 173 511 првачиња денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Во основните училишта во општина Охрид утрово свечено започна новата учебна година. По тој повод во ОУ „Христо Узунов“ се одржа свеченост каде на првачињата успех во школувањето им посака и градоначалникот Никола Бакрачески.-Им посакувам среќа и успешно совладување на наставните програми. Нивните учители ќе вложат напори овој премин од нивното детство што полесно да го прифатат и што полесно да се прилагодат кон новата средина на знаења и учење и ќе им овозможат на првачињата да го засакаат училиштето, своите...

Продолжи со читање

Центарот за јавно здравје предупредува на опасноста од појавата на лисици во градов

Post Views: 270 Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен  проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри...

Продолжи со читање

Депоата на Плаошник кријат богата археолошка поставка

Post Views: 219 Нема да се чека изградбата на Музејот на Плаошник за да можат да се видат експонатите. Оние кои се конзервирани можат да се видат и сега, најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Во Музејот на Плаошник треба да бидат изложени музејските предмети откриени при повеќегодишните археолошки истражувања на Плаошник, ќе бидат изложени највредните икони од Галеријата на икони, епиграфските споменици, старите ракописи, а ќе има и сала каде ќе бидат организирани повремени изложби.  Моментално археолошки истражувања се прават на местото каде што треба да никне...

Продолжи со читање

Потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот “Св. Апостол Павле” и НАПАГ

Post Views: 201 Денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Целта на овој меморандум е  да се искористи потенцијалот на најуспешните студенти преку низа одржани обуки и натпревари. Дел од нив ќе бидат организирани во странски земји. Оваа соработка со студентскиот парламент на универзитетот Св. Апостол Павле е само  почеток на неколку настани што во блиска иднина ги имаме договорено како и останата настани кои...

Продолжи со читање

Охриѓани се помалку купуваат книги

Post Views: 165 Охриѓани се поретко можат да ги подноват своите домашни библиотеки со некое ново издание. Причина за тоа се високите цени на книгите, а нискиот стандард на граѓаниите. Вработените во книжарниците низ градов велат дека само мал број на граѓани можат да си купат книга бидејќи во денешно време тоа станува луксуз. Најчесто ги чекаат попустите на саемот на книгата кој се одржува во месец април во Скопје. „Но, оваа година и на саемот книгите не беа баш евтини“, објаснува Димитар Саков раководител на книжарата „Алби“. Попустот бил само за 10 до 20%, а не како изминатите години...

Продолжи со читање

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Post Views: 174 Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да  започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната,...

Продолжи со читање

Нова учебна година, стари маки

Post Views: 305   Започнуваат главоболките кои се вообичаени пред почетокот на секоја учебна година. Се ситнат деновите до први септември. Децата, пред се  првачињата се возбудени, но нивните родители се загрижени. Тие од својот буџет ќе треба да издвојат околу 3000 денари за да го опремат своето прваче со школски прибор и со ранец. Само за илустрација тетратките од мал формат чинат од 15 до 35ден., тетратките од А4 формат чинат од 30 до 60ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата...

Продолжи со читање

„Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно

Post Views: 205   „Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно. Екипата на емисијата посветена на традиционалните јадења заедно со нејзиниот водител Адријана Алачки ќе се дел од овогодинешната манифестација „Охридска софра“. Што е уште поинтересно на Алачки асистент во готвењето на еден познат охридски специјалитет ќе и биде градоначалникот Никола Бакрачески. Ова е една од новините кои годинава организаторот ги внесе со цел што повеќе да се испромовираат охридските специјалитети пред гостите.–Главната иницијатива и идеја потекна од соработката со организаторот на...

Продолжи со читање

Во охридскиите образовни институции превземени се сите мерки против заразната жолтица

Post Views: 192 Образовните институции од градов подготвени за почетокот на новата учебна година. Директорите на основните училишта во градов но и на средните велат дека вообичаено секое лето пред почетокот на новата учебна година генерално се чистат објектите, но оваа година поради прогласувањето на епидемија од жолтица во некои општини во државава, превземени се и дополнителни мерки.Градинките добија директен налог за спроведување дополнителни мерки , од Министерството за труд и социјална политика. Ние постојано одржуваме високо ниво на хигиена, но овојпат извршивме и дератизација,...

Продолжи со читање

Делфина 2012“ победник на „Водените лудории“

Post Views: 195 Екипата „Делфина 2012“ победник на „Водените лудории“ кои вчера се одржаа на охридскиот базен „Атина Бојаџи“. Нејзините десет членови беа најбрзи, најиздржливи, најдобро сконцентрирани, а и најсреќни па во седумте игри успеаја да постигнат добри резултата што накрај им ја донесе победата.-Можам да кажам дека беше доста забавно и интересно, се надевам дека и другата година ќе има исто вакви игри и дека ќе се пријават повеќе екипи од годинава, рече Теодор Андоноски натпреварувач од „Делфина 2012“.На водените лудории учествуваа уште три екипи. Второ место освои тимот...

Продолжи со читање