Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 250 дечиња од градинката „Јасна Ристеска“ го завршуваат своето предшколско образование. Денес со приредба на која учествуваа децата од највисоките групи, но и оние од пониските, градинката ги испрати во ново поглавје од нивниот живот. Тие од наесен започнуваат да учат во некое од охридските основни училишта и полека ама сигурно зачекоруваат во светот на возрасните.Оваа завршна приредба колку што е свечена толку е и тажна за нас и нашиот персонал но и за дечињата . Тие веќе завршуваат со своето безгрижно детство и од наесен започнуваат во прво оделение. Голем дел...
На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите
Post Views: 8 На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите. Тие реагираат велејќи дека покрај што ги оштетуваат своите возила се изложуваат на опасност, а ја загрозуваат безбедноста и на пешаците. Бараат од Локлната што побргу да ги санира.Од страна на надлежните служби при секторот за комунален развој сообраќај и патишта детектирани се овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год. Овој проект треба да се реализира во рамките на јавните набавки кои се во тек, а се однесуваат на санација на улиците во градов,...
Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам
Post Views: 4 Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам. Започна меѓународната конференцијата за активен туризам, што се одржува Охрид на која учествуваат 300 делегати. Меѓу нив има врвни експерти од областа на туризмот и новинари од 25 влијателни светски медиуми, како и блогери и други професионалци. На конференцијата присуствуваат и 65 светски тироператори од А листа, кои ќе ги продаваат македонските туристички производи заедно со 17 домашни агенции. Првичните впечатоци од гостите се многу позитивни. Тие денеска се на промотивни...
Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите
Post Views: 9 Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите. Денешниот отворен ден е дел од одбележувањето на роденденот на Анри Динан, основоположникот на оваа хуманитарна организација кој е роден на 8-ми мај пред 188 години. Дечињата од градинката “Јасна Ристеска“ и второоделенците од ОУ „Христо Узунов“ одблизу видоа како функционира охридскиот Црвен крст и се информираа за неговите активности и начин на работа. При посетата на децата ние сакавме на сликовит начин да им прикажеме како работиме и која е нашата цел. Беа обмислени работилници, заедно го гледавме филмот...
Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички
Post Views: 9 Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички во 5-тата рунда од плејофот во Супер лигата. После поразите со Макс Струмица и Прилеп ова ќе биде можност нашите ракометари да си ја вратат самодовербата и да се закитат со победа освојувајќи го првиот бод во плејофот. После двата неочакувани порази од Макс Струмица и Прилеп против Работнички немаме право за грешка. Не треба да се навраќаме на мечевите со Струмица и Прилеп, но мора да извлечеме позитивни поуки. Очекувам победа со Работнички и дека од овој натпревар ќе почнеме да играме онака како што...
Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ
Post Views: 5 Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.Добивме одобрение од општината дека може да се гради. Темелите се веќе поставени , во тек објавувањето на тендерите за...
ФТУ започна со својата промоција пред матурантите
Post Views: 6 ФТУ започна со својата промоција пред матурантите. Оваа високообразовна институција им ги презентира можностите на своите потенцијални студенти кои можат да се запишат на шест студиски програми. Во секое средно училиште настапуваат со различна програма со која ги мотивираат средношколците да се запишат токму на овој факултет. Во средното угостителско училиште ги промовираат насоките туризам и гастрономија, во пограничните области ја промовираат насоката царина и шпедиција, во средното економско училиште насоката осигурување, а во гимназиските паралелки...
Пристигнаа првите холандски гости
Post Views: 8 Со воден мост во форма на виножито, традиционална македонска закуска, како и торта за добредојде, утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа дочекани првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-лет на компанијата Корендон. Летово во Охрид, преку чартер-летовите на Корендон и Аркефлај кои почнуваат во мај и ќе траат до октомври, може да се очекуваат над 25.000 туристи од Холандија. Во овој период, од двете компании заедно, се очекува во Охрид да долетаат над 150 авиони полни со холандски туристи. Грдаоначалникот Никола Бакрачески...