Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Ставен камен темелникот на новата индустриска зона кај Струга

Post Views: 209 Денес со поставување на камен темелникот свечено се означи почетокот на изградбата на инфраструктурата на технолошко индустриската развојна зона лоцирана во струшко-охридскиот регион. Ова беше долгогодишна заложба на Владата на РМ и се реализира многу побрзо од очекуваното.–Она на што сум посебно горд е што цел овој процес се скрати за една година заради одредени измени кои ги направивме во Законот за јавни набавки на едно автентично толкување кое јас го поднесов, а кое овозможи убрзување на сите постапки. Тоа се случи на крајот на јули, а еве сега на крајот...

Продолжи со читање

Премиерот Никола Груевски во Охрид

Post Views: 216   Премиерот Никола Груевски заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид. Груевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат Долно Лакочереј- Горно Лакочереј. –Ние долго време работевме на инвестиции во локални и регионални патишта  па бевме критикувани зошто не инвестираме во изградба на автопати. Еве сега градиме и автопати. Но нема да ги занемариме и локалните патишта бидејќи знаеме колкава е важноста за вас граѓаните, истакна премиерот...

Продолжи со читање

Историско издание на 27та Седница на совет

Post Views: 180 Историско издание на 27та Седница на совет. Покрај тоа што се водеа дискусии поврзани со поблиската и подалечната историја на државава на оваа седница се донесоа и историски одлуки за градов. Охрид од денес има нов грб и знаме. Советничката група на СДСМ побара оваа точка да биде тргната од дневен ред со објаснување дека вака важни одлуки не треба да се носат избрзано, нетранспарентно и без при тоа да биде запознаена пошироката охридска јавност. Тие реагираа на тоа дека не била запазена постапката при донесувања на вакви решенија. Секретарот на Општината Димитар Спасески...

Продолжи со читање

Локалната се оградува од надлежност за лисиците кои се шетаат низ стариот дел на градов

Post Views: 172 Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека...

Продолжи со читање

„Охридска софра“ во Скребатно

Post Views: 193 Познатиот охридски специјалитет, ѓомлезето, но и  традиционални јадења од охридскиот регион, различни видови сирење, домашен мед, градинарски продукти и охридски специјалитети подготвени од студентите на ФТУ Охрид, ќе се најдат на богатата „Охридска софра“. На манифестацијата  која во сабота по втор пат ќе се одржи во селото Скребатно посетителите ќе можат да уживаат во богата гастрономска понуда и добра забава. Почетокот е во 10 часот.„Јас се надевам дека и оваа година посетеноста ќе биде на високо ниво како и изминатите години имајќи во предвид дека промотивниот...

Продолжи со читање

Ќе стане ли кејот „Маршал Тито“ кеј „Македонија“

Post Views: 170 Кејот „Маршал Тито“ ќе стане кеј „Македонија“. Овој предлог доаѓа директно од кабинетот на градоначалникот, а ќе биде ставен пред градските избраници. На седницата закажана за во петок една од точките на дневен ред е и предлог одлуката за утврдување на листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Охрид. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ по синоќешната координација зазеде став по ова прашање.-Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе даде подршка на предлогот за промена на името на кејот „Маршал Тито“ во...

Продолжи со читање

Кејот „Маршал Тито“ ќе стане кеј „Македонија“

Post Views: 177 Овој предлог доаѓа директно од кабинетот на градоначалникот но  Комисијата за општествени дејности треба да го разгледа и да одлучи дали има некакви пречки поради кои не може да дојде до преименување на кејот. Денес ќе се состане и Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ со цел да завземат заеднички став за овај предлог на Градоначалникот. Состанок ќе има и во Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ каде ќе се координираат со кој став ќе истапат на седница на Совет која е закажана за в петок а кога ова точка ќе се најде на дневен ред. {loadposition content9}

Продолжи со читање

200 нови студенти на ФТУ

Post Views: 200 Заврши првиот уписен рок на високообразовните институции. На ФТУ засега се запишаа 200 студенти со што се исполнија најпозитивните очекувањата на менаџерскиот тим на овај факултет.–Во услови кога имаме силна конкуренција и кога имаме намалување на бројот на средношколци во училиштата останавме на нивото од минатата година  и тоа за нас навистина е успех, вели  Сашо Коруноски-декан на ФТУ.Коруновски објаснува дека ФТУ е една од водечките институции по бројот на запишани студенти на универзитетот во Битола. Идните студенти имаат можност да студираат на пет насоки,...

Продолжи со читање

Празни ветувања

Post Views: 162 „Пченки, американски крофни, пуканки и скара ова лето нема да се продава на отворен простор. Во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на храна на отворено. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа“. Ова е само дел од изјавата која за Телевизија ТВМ на 19ти јуни оваа година ја даде Николче Милески, од комуналниот општински инспекторат. –Не е дозволено...

Продолжи со читање

И оваа учебна година нема да има средно музичко образование во Охрид

Post Views: 216 И оваа учебна година музичките таленти нема да можат своето средно образование да го продолжат во Охрид. Иако уште минатата есен градоначалникот Никола Бакрачески најави дека од оваа година во Охрид покрај основно ќе има и средно музичко училиште, ништо од тоа. Директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска објаснува дека тие преговарале со средното училиште во Битола за  да отворат  дисперзирана паралелка во Охрид, но не наишле на позитивен одговор. По се изгледа битолчани се исплашиле од конкуренција. Преговорите ги продолжиле со средното музичко училиште од...

Продолжи со читање

Oхриѓани најмногу заинтересирани за простување на кредитни долгови

Post Views: 208 Од денес започнува аплицирањето за отпис на долговите за ранливата категорија граѓани.  Пред шалтерот на социјалните работници  во Охрид од утрово интересот на граѓаните  е голем. Социјалниот работник Лилјана Арнаудоска вели дека граѓаните се добро информирани  што може да бараат за да им се отпише како  направен долг.„Луѓево најмногу поднесуваат барања за кредитни картички, и за потрошувачки кредити. За  струја има малку затоа што долгот се однесува до 31. 12 . 2013 години , не се однесуваат за 2014 и радиодифузна такаса, но најмногу за кредити“, напоменува Арнаудоска.Со...

Продолжи со читање

Мисли ли некој на безбедноста на пешаците

Post Views: 183 Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Сеуште ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На Овој потег од  улицата според одлука на Совет во текот на летниот период од 05 до 20 часот е сообраќајница. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм пред извесно време на барање на граѓаните  пишуваше за овој проблем. Тогаш од Локалната се изјаснија дека опремата е поставена согласно програмата...

Продолжи со читање