Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Се враќаат „Водени лудории“ на охридскиот базен

Post Views: 197 Се враќаат „Водените лудории“ на охридскиот базен. Игрите ќе се одржат на градскиот базен „Атина Бојаџи“ на 25 и 26 август. Овие игри се организираат во рамките на спортско лето во организација на ЈП Билјанини извори и се под покровителство на  општина Охрид. Идејата е да се возобноват некогашните игри кои замреле пред повеќе  години. Намерата на организаторите е дружба на младите во Охрид, промовирање на спортскиот и натпреварувачкиот дух, јакнење на тимската работа, вели Наум Јамандиев главен судија  и еден од креаторите на игрите.„ Правилата се едноставни ќе им...

Продолжи со читање

IN MEMORIAM

Post Views: 205 По долго и тешко боледување во 75 година од животот почина Маринела Јовановиќ, поранешна директорка на  установата библиотека Григор Прличев, писател и публицист од Охрид.      Јовановиќ беше активен општествено- политички работник. 4 години беше претседател  на  Собаранието на здруженеи на пезнионерита на Охрид и Дебрца, член на Сојузот на борци од Охрид. Колегите од Здружението на пензионери одржаа комеморација во спомен на ликот и делото на  Маринела Јовановиќ. Телеграма со сочуство по повод смрта на Јовановиќ испрати и Сојузот на пензионери на Македонија. Посмртните...

Продолжи со читање

Поезијата е важна за малите земји

Post Views: 219 Поетите Патрик Котер и Тања Бакиќ се дел од  учесниците на овогодинешната Поетска ноќ во Велестово.  Покрај нив, на интернационалната вечер ќе се чита поезија и од словенечката поетеса  Барбара Погачник. Тие се дел од интернационалната вечер на манифестацијата воведена пред 6 години, а која  привлекува силно внимание кај странските поети. Ирскиот поет Патрик Потер е втор пат на оваа манифестација, а за Македонија дознал повеќе од Струшките вечери на поезијата. Тоа е доказ колку поезијата може да биде силно маркетиншко оружје за да се знае повеќе за една земја. Ирска...

Продолжи со читање

Премиера на албанскиот театар со претставата „Предавање“

Post Views: 172 Утревечер премиера на претставата Предавање на албанскиот театар на текст од  Мартин Мек Донах. Предавање е приказ на 4 човечки драми. Станува збор за црна комедија од обичното секојдневие. Ова е претстава е слика на времето во кое живееме, со сите недостаоци и проблеми, со сите радости и таги. Црната  комедија преку карактерите , преку комична реплика  во една трагична ситуација успева да третира и изнесе на површина комична ситуација од најтрагичен начин  имајќи во себе вистинско емоционално доживување.  Актерите се задоволни што повторно играат претства на Охридско...

Продолжи со читање

Се анкетираат гостите и туристичките работници

Post Views: 191 И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има.-Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од...

Продолжи со читање

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба за две лица од Секторот за комунални дејности

Post Views: 173 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.  Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало...

Продолжи со читање

Започнуваат уписите на охридските факултети

Post Views: 182 На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, за четиригодишни универзитетски студии вкупно ќе можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четиригодишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40. На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“  слободни се вкупно 440 места, од кои...

Продолжи со читање

Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство

Post Views: 190 Продолжува  намалувањето на  првачиња кои треба да се запишат во некое од 8-те  основни училишта во Охрид и околните селски населби. 660 деца кои се родени во 2008 година  во оваа учебна година треба да стартуваат во прво одделение, информираат од подрачната единица на министерството за образование.  Но, овој број  не се совпаѓа со бројот запишани првоодделенци во охридските училишта. Од општинското одделение за образование  потврдуваат  дека во моментов се запишани  511 првачиња. Состојбата е можно да претрпи мали измени затоа што во месец агуст ќе следува и вториот...

Продолжи со читање

По шести пат охридски хорски фестивал

Post Views: 169 По шести пат охридски хорски фестивал. Од 21ви до 25ти август сите љубители на хорската музика ќе можат да уживаат во настапите на 30 европски хорови. Концептот на фестивалот останува ист како и минатите години. Отворањето на фестивалот започнува со кратки настапи на хористите на отворена сцена.–Атмосферата ќе е прекрасна. Сите хорови се квалитетни и ги покануваме сите граѓани и туристи кои ќе престојуваат во Охрид да ги посетат концертите, а причина повеќе е што влезот е слободен, вели Александар Димоски, директорот на Охридскиот хорски фестивал .И годинава...

Продолжи со читање

Викенд на вино и сирење во Охрид

Post Views: 169 Викенд на вино и сирење во Охрид. После петгодишна пауза дегустаторско-продажната манифестација „Вино и сирење“ повторно ќе се одржи. Овојпат таа ќе има регионален карактер, па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Производите ќе бидат поставени на дваесеттина штандови распоредени околу фонтаната кај чинарот.–Она што е иновативно за ова издание  на фестивалот „Вино и сирење“ е што ќе има еден многу добро осмислен вид на презентација преку посебно дизајнирани штандови на кои ќе бидат изложени...

Продолжи со читање

Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите

Post Views: 168 Течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. 26 -то издание на оваа  значајна културна манифестација,  која ги  слави поезијата и уметноста, ќе започне на 15 август  во Велестово. Годинешното издание  е посветено на македонската поетеса, академик Катица Ќулавкова. Традиционално  нејзина поезија ќе се чита на сред село во Велестово. Останатите две вечери ќе се одржуваат во Охрид. На интернационалната вечер гостува поетот од Ирска, Патрик Котер, од Словенија доаѓа Барбара Погачник, а од Црна Гора ќе се претстави поезијата на Тања...

Продолжи со читање

Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти

Post Views: 204 Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред  одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра.–Целта на овај заем е финансирање на капитални  инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици  и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески.Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот...

Продолжи со читање