Автор: Маја Савиќ
Post Views: 38 Реализацијата на капиталните инвестиции во општина Охрид и понатаму не е на задоволително ниво според опозицијата во Советот на градот. На денешната седница на која на дневен ред беа извештаите за реализацијата на програмите и буџетот за 2025 година се разви бурна и на моменти детална дискусија по проекти. Анализирајќи го извештајот и завршната сметка на општината, може да се заклучи дека програмите наменети за спорт, култура, социјалните програми, програмите за невладините организации бележат реализација од преку 90 отсто, а додека реализацијата на програмите за...
На охриѓани од денес им е достапно бесплатно психолошко советување во Црвен крст Охрид
Post Views: 46 Од денеска започна бесплатното психолошко советување кое како услуга го воспостави Црвен крст Охрид во соработка со Анима центар за личен развој, едукација и психотерапија. Советувањето го спроведува Гешталт советникот Мерсиха Исмајлоска.-Потребата од психолошко советување не ни се случува само кога имаме некаква мака, таа се случува и кога сме љубопитни за кој сме ние, која е нашата цел. Значи се однесува на советување и за личен развој. Но, и те како можеби попотребно да се посети психолог или да се дојде тука во просториите на Црвен крст кога се...
СДСМ: Охрид не смее повеќе да се гуши во чадот од сопствениот отпад
Post Views: 74 Трпението на граѓаните на Охрид е при крај. Депонијата Буково со години претставува еколошка бомба која го труе воздухот, ја загадува околината и директно го загрозува здравјето на граѓаните, кажа денеска на прес конференција , советничката во Советот на Општина Охрид од СДСМ , Лидија Неданоска.–Најмногу страдаат децата! Со години слушаме исти приказни, исти ветувања и исти оправдувања од надлежните. Но додека тие ветуваат, депонијата продолжува да гори, чадот се шири над градот, а граѓаните се принудени да дишат воздух кој е сè подалеку од чист и...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе реализира 28 проекти поддржани од Министерството за култура и туризам
Post Views: 40 НУ Библиотека „Григор Прличев“ оваа година ќе реализира 28 проекти поддржани со над 1 милион и 800 илјади денари од Министерството за култура и туризам. За првпат годинава библиотеката влегува во редот на установи од културата кои имаат делигиран буџет и самостојно ќе ги распредели средствата за проектите кои сметаат дека се приоритетни за реазлиција и ќе донесат ново културно и книжевно раздвижување во Охрид, вели директорката Христина Трпеска.–Покрај манифестацијата Прличеви беседи која успешно ја реализиравме ќе напоменам уште неколку проекти кои...
Саем на книгата во „Охрид мол“ од 12–ти до 15-ти март
Post Views: 62 Од 12 до 15 март во „Охрид мол“ ќе се одржува Саем на книгата, со понуда на изданија на неколку издавачки куќи и на НУ Библиотека „Григор Прличев“.,,Во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, на саемот ќе учествуваат издавачките куќи :-ТРИ, Божилак, Полица, Мартина Комерц и Бата Прес, потоа и Издавачка куќа Матица, а посебно ни претставува задоволство што на настанот ќе учествува и НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, како значајна културна институција во нашиот град.” Во текот на саемот посетителите ќе имаат можност да најдат...
Пица мајсторот Дејанчо Трајанов – Чеде продолжува да нижи успеси на престижни шампионати
Post Views: 106 Дејанчо Трајанов – Чеде, еден од најдобрите пица мајстори во Македонија, продолжува да нижи успеси на меѓународни натпревари. Во изминатите четири месеци учествуваше на шампионати во Бугарија, Србија, Италија и Хрватска и освои 8 медали. Последниот натпревар Гастро Куп Капуто во Загреб, на кој се натпреваруваа 40-тина пица мајстори претставуваше предквалификација за Светскиот Куп кој ќе се одржи од 6-ти до 8-ми јуни во Наполи.„На овој натпревар или предквалификации во Хрватска освоив трето место во категоријата Пица Наполетана ESG која е една од...
Кардиолошки центар Охрид за случајот со д-р Мојсовска Наумоска: не се врши опструкција туку се проверува апликацијата за грантот согласно правилата и процедурите
Post Views: 129 ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Св Стефан Охрид ги отфрла обвинувањата за опструкции на професионалниот развој на д-р Виолета Мојсовска Наумоска спец. Кардиолог вработена во установата. На прес конференција беше потенцирано дека информацијата за доделениот грант на д-р Виолета Мојсовска Наумоска болницата ја дознала од социјалните мрежи и медиумите истовремено со останатата јавност. Имено, на 20ти февруари во медиумите беше објавена информација за доделена стипендија од Европското здружение за кардиологија на д-р Мојсовска Наумоска, за...
Во Охрид се бележи пораст на пациенти со карцином на простата
Post Views: 68 Од сие малигни заболувања кај машката популација карциномот на простата е застапен со 14,2% или скоро 1,5 мил новодијагностицирани случаи годишно во светот. Во Охрид се бележи пораст на пациенти со оваа дијагноза што според докторите се должи на поголемиот опфат на популацијата со скрининг.– Во нашата болница секојдневно се соочуваме со оваа проблематика и генерално имаме некој пораст на пациенти со оваа дијагноза, а тоа е така благодарение на современите методи на пристап на дијагноза како што е биопсијата на простатата, скринингот кој порано се...
Старата зграда на ОУ „Кочо Рацин” ќе се реконструира и пренамени во детска градинка
Post Views: 92 Старата училишна зграда на ОУ „Кочо Рацин” во населбата Црногорци ќе се реконструира и пренамени во современа нова детска градинка. Одлуката ја донесе Советот на Општина Охрид на последната седма седница.Намерата да им се овозможи на жителите од населбите Радојца Новичиќ, Железничка, Долно и Горно Лакочереј да ги згрижат своите деца во градинка во овој дел од градот, опозицијата ја поддржа, но беше посочено дека можеби не е најдобро решение за таа намена да се реконструира училишна зграда стара над 50 години, која воедно има проблематичен пристапен...
Започнa постапка за присоединување на ЈП „Градски пазар“ кон ЈП „Градски гробишта“
Post Views: 92 Советот на Општина Охрид на последната седница донесе одлука за започнување постапка за присоединување на ЈП„Градски пазар“ кон ЈП„Градски гробишта“. Иницијативата е на Управниот одбор на Градски пазар. Советниците од опозицијата изразија сомнеж во исправноста на ваквата постапка во поглед на економската оправданост.-Дали целта е од две финансиски нестабилни п-ја да се направи едно поголемо со поголем финансиски ризик? Сметам дека овој зафат е премногу ризичен ризичен и дека не треба да се брза со оваа одлука бидејќи може да има подалекусежни последици....
Престојот во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ поскапе за 500 ден
Post Views: 114 На денешната седница на Совет беше дадена согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за зголемување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите. Престојот во градинка поскапе за 500 денари.Наместо досегашните 1.490 денари за целодневен престој на дете до шестгодишна возраст, родителите отсега ќе плаќаат 2.011 денари. Со одлуката се менува цената донесена во 2004 година, со што практично се врше усогласување со економските услови и покачените трошоци за живот.Советничката од...
Охридските Бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот
Post Views: 65 Охридските Бреинобреин генијалци уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите во светот. На 16от Интернационален oнлајн Бреинобреин-абакус натпревар освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали. Денеска во просториите на Црвен крст Охрид на учениците од Бреинобреин програмата им беа доделени освоените трофеи, медали и сертификати.–На 24 јануари се одржа шеснаесетиот Интернационален натпревар, но онлајн. Вкупно зедоа учество 23 912 ученици од целиот свет или поточно од 79 земји во светот. Нашиот Бреинобреин Црвен крст центар од Охрид зеде учество со...