Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Едукативни предавања за пчеларството во охридските основни училишта одржува Здружението на пчелари Охрид

Post Views: 279 Основците од одделенска настава во охридските училишта и годинава ќе се запознаваат со значењето на најблагородниот инсект на планетата, пчелата и пчеларењето. Едукативните предавања ги спроведува Здружението на пчелари Охрид и истите наидуваат на голем интерес кај дечињата.„ Вршиме предавања во основните училишта за да ја подигнеме свеста за пчеларството и да вродиме љубов кај децата за одгледувањето на пчелите од најмала возраст. Предходната година овај проект се покажа како доста успешен и оваа година на иницијатива на дечињата и наставниот кадар...

Продолжи со читање

Црвен Крст на Македонија им додели плакети на градоначалниците на Охрид и Дебрца по повод 80 годишниот јубилеј

Post Views: 191 Црвениот крст на Maкедонија годинава ја одбележува 80 годишнината од постоењето. За тоа како денеска изгледа Црвениот крст на Македонија, со неговата големина и успешност, има многу придонесено Општинската организација на Црвен крст Охрид која е една од најуспешните во државата , истакна Претседателот на Црвен крст на Македонија, Проф. д-р Ромел Велев.Успешноста во справувањето со предизвиците во обезбедување хуманитарна поддршка на луѓето изложени на ризици и кризни состојби многу зависи од соработката со општините, истакна Проф. Велев, кој во името на...

Продолжи со читање

Годинава ќе продолжат акциите за отстранување на мрежи духови од Охридско Езеро

Post Views: 191 ЈНУ Хидробиолошки завод во соработка со нуркачкиот центар „Амфора“ и меѓународната фондација Healthy Seas и годинава ќе продложи со акции за чистење на Охридското езеро од мрежи духови. Овие напуштени или изгубени риболовни мрежи претставуваат значителна закана по екосистемот на езерото кое е под голем притисок од загадувањето и човековото влијание. Во последниве години, беа иницирани акции за решавање на проблемот со мрежите духови во Охридското Езеро. Во 2017 година беа извадени импозантни 14 км мрежи, во 2023 се извадени околу 2 км, а поледната нуркачка акција...

Продолжи со читање

Охриѓани дишат загаден воздух, неопходно е креирање мерки соодветни на состојбата и нивно доследно спроведување

Post Views: 203 Загадувањето на воздухот во Охрид станува алармантно и градот е високо на листата како еден од најзагадените во државата. Потребен е сериозен пристап кон Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид, бидејќи здравјето на граѓаните и квалитетот на живот се од суштествено значење, истакна советничката од СДСМ, Живка Ангелоска на денешната седница при разгледување на извештајот за негова реализација. Од Извештајот може да се согледа дека не се направило ништо или се направило многу малку за подобрување на квалитетот на воздухот, посочи...

Продолжи со читање

Охрид конечно ќе добие Дневен центар за пензионери

Post Views: 416 Општина Охрид ќе купува деловен простор, што е прв ваков случај во државава. Станува збор за стекнување со имот преку купопродажба во извршна постапка и пребивање на побарување од должник кое општината не може да го наплати. Тоа денеска на седница беше одобрено од советниците.„Станува збор за должникот Биг стоун ДООЕЛ од Струга. Ние имаме основно побарување од нив од 3 872 750 денари. Купопродажната цена е 4 760 100 ден. Она што ние, пред да се пребиеме со побарувањето што го имаме по однос на оваа купопродажна цена мора да го исплатиме е износот према...

Продолжи со читање

Доделени медалите на охридските Бреинобреин генијалци кои ги освоија на 13-тиот Интернационален натпревар

Post Views: 231 Уште еден голем меѓународен успех на охридските генијалци од Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин при Црвен крст Охрид. 6 златни и 13 сребрени медали освоија на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 25 јануари.„Ние сме задоволни од успехот што го постигнаа нашите ученици во конкуренција од 23.128 илјади учесници од 78 земји. Натпреварот се состои во четириминутно решавање на задачи. Кој ќе реши најмногу и најточни задачи за 4 минути кога станува збор за натпреварите кои се организираат он лајн.“ –...

Продолжи со читање

Успешно се одвива процесот на вештачки мрест на охридската пастрмка

Post Views: 242 Вештачкиот мрест на охридската пастрмка во водите на Охридското Езеро, кој се прави по шестгодишна пауза, се одвива успешно. Само за шест риболовни денови стручните лица од ЈНУ Хидробиолошки Завод Охрид успеаа да соберат 660 000 зрна икра што е и повеќе од планираната количина согласно договорот потпишан помеѓу научната установа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.„ Во рекордно време се собра планираната количина зрна икра и млеч, оплодена е икрата и поставена во мрестилишните инсталации. Во моментов имаме повеќе од 600 000 зрна...

Продолжи со читање

Занаетчии ќе нема ни за лек

Post Views: 287 Во старата охридска чаршија 80 години опстојува дуќанот на семејството Белеви. Фирмата за изработка на кожарски производи е регистрирана во далечната 1946 година. Опинчарскиот занает го започнале браќата Ѓорѓи и Милан, а традицијата ја продолжил до денес Крсте Белев. Асортиманот се менувал од опинци и сарачка опрема на почетокот до рачно изработени женски и машки чевли, ташни и каиши.Дуќанот е најпосетен од странските туристи кои ги ценат рачните изработки. Белев по три децении работа се надева дека некој ќе го наследи опинчарскиот занает.„Во...

Продолжи со читање

Јавните претпријатија добија 3-ка од охриѓани за квалитетот на дигиталните услуги

Post Views: 199 Тројка е оцената која ја добиле охридските јавни претпријатија од граѓаните за квалитетот на услугите во однос на дигитализацијата. Ова го покажале испитувањата на задоволството на граѓаните кои ги спроведе Организација на потрошувачите на Македонија. Во однос на дигиталните алатки кои ги користат охридските јавни претпријатија во моментов достапно е електронско плаќање на сметка. Претпријатијата имаат веб страна, како алатки за комуникација се користат и социјалните мрежи, но неопходни се посовремени апликациии преку кои граѓаните брзо и на едноставен начин ќе...

Продолжи со читање

Шестдецениска традиција на печење ракија прерасна во семејна дестилерија „Богданоски“

Post Views: 514 Охриѓанецост Коста Богданоски, кој е познат по производство на квалитетна домашна ракија ја брендира и ја промовираше семејната дестилерија „Богданоски“.Тој е трета генерација во семејството кое произведува ракија на традиционален начин. Семејниот занает започнал во 1962 година кога дедо му Косте го купил првиот казан, го продолжил татко му Павел, за денес традицијата на печење ракија да прерасне во локален бренд.Печењето ракија не е тешко ако имаш друштво, со добро друштво ракијата се вари без проблем, вели Коста.„Напорно е, сепак не е...

Продолжи со читање

На Охрид му е потребен археолошки музеј

Post Views: 246 На Охрид му е неопходен современ археолошки музеј каде ќе биде соодветно сместено и презентирано богатото материјално културно наследство. НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид поседува повеќе од 100 000 вредни археолошки предмети. Дел од нив се изложени, но поголемиот дел се чуваат во депоата на Завод и Музеј.Збирката на артефакти постојано расте. Во охридскиот регион има преку 250 археолошки наоѓалишта, почнувајќи од неолитот преку антиката до средниот век. Секое археолошко истражување продуцира нови наоди кои нема каде да се...

Продолжи со читање

УИНТ „Св. Апостол Павле“ : Создаваме клима за што поголем број млади жени во науката

Post Views: 282 Македонија е една од ретките земји во Европа кадешто повеќе од 50% од вкупниот број истражувачи се жени, што е показател за огромниот потенцијал на жените и девојките кои избрале професионално да се реализираат во науката, технологијата, инженерството и математиката. Овај тренд се пресликува и на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид каде денеска беше одбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката.Нашата цел е подобрување на климата во државата и во градот Охрид за што поголем број млади жени да се реализираат во STEM ( наука, технологија,...

Продолжи со читање