Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе реализира 28 проекти поддржани од Министерството за култура и туризам

Post Views: 210 НУ Библиотека „Григор Прличев“ оваа година ќе реализира 28 проекти поддржани со над 1 милион и 800 илјади денари од Министерството за култура и туризам. За првпат годинава библиотеката влегува во редот на установи од културата кои имаат делигиран буџет и самостојно ќе ги распредели средствата за проектите кои сметаат дека се приоритетни за реазлиција и ќе донесат ново културно и книжевно раздвижување во Охрид, вели директорката Христина Трпеска.–Покрај манифестацијата Прличеви беседи која успешно ја реализиравме ќе напоменам уште неколку проекти кои годинава...

Продолжи со читање

Саем на книгата во „Охрид мол“ од 12–ти до 15-ти март

Post Views: 271 Од 12 до 15 март во „Охрид мол“ ќе се одржува Саем на книгата, со понуда на изданија на неколку издавачки куќи и на НУ Библиотека „Григор Прличев“.,,Во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, на саемот ќе учествуваат издавачките куќи :-ТРИ, Божилак, Полица, Мартина Комерц и Бата Прес, потоа и Издавачка куќа Матица, а посебно ни претставува задоволство што на настанот ќе учествува и НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, како значајна културна институција во нашиот град.” Во текот на саемот посетителите ќе имаат можност да најдат голем избор...

Продолжи со читање

Пица мајсторот Дејанчо Трајанов – Чеде продолжува да нижи успеси на престижни шампионати

Post Views: 383 Дејанчо Трајанов – Чеде, еден од најдобрите пица мајстори во Македонија, продолжува да нижи успеси на меѓународни натпревари. Во изминатите четири месеци учествуваше на шампионати во Бугарија, Србија, Италија и Хрватска и освои 8 медали. Последниот натпревар Гастро Куп Капуто во Загреб, на кој се натпреваруваа 40-тина пица мајстори претставуваше предквалификација за Светскиот Куп кој ќе се одржи од 6-ти до 8-ми јуни во Наполи.„На овој натпревар или предквалификации во Хрватска освоив трето место во категоријата Пица Наполетана ESG која е една од најтешките категории...

Продолжи со читање

Кардиолошки центар Охрид за случајот со д-р Мојсовска Наумоска: не се врши опструкција туку се проверува апликацијата за грантот согласно правилата и процедурите

Post Views: 310 ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Св Стефан Охрид ги отфрла обвинувањата за опструкции на професионалниот развој на д-р Виолета Мојсовска Наумоска спец. Кардиолог вработена во установата. На прес конференција беше потенцирано дека информацијата за доделениот грант на д-р Виолета Мојсовска Наумоска болницата ја дознала од социјалните мрежи и медиумите истовремено со останатата јавност. Имено, на 20ти февруари во медиумите беше објавена информација за доделена стипендија од Европското здружение за кардиологија на д-р Мојсовска Наумоска, за нејзина...

Продолжи со читање

Во Охрид се бележи пораст на пациенти со карцином на простата

Post Views: 237 Од сие малигни заболувања кај машката популација карциномот на простата е застапен со 14,2% или скоро 1,5 мил новодијагностицирани случаи годишно во светот. Во Охрид се бележи пораст на пациенти со оваа дијагноза што според докторите се должи на поголемиот опфат на популацијата со скрининг.– Во нашата болница секојдневно се соочуваме со оваа проблематика и генерално имаме некој пораст на пациенти со оваа дијагноза, а тоа е така благодарение на современите методи на пристап на дијагноза како што е биопсијата на простатата, скринингот кој порано се изведувал во...

Продолжи со читање

Старата зграда на ОУ „Кочо Рацин” ќе се реконструира и пренамени во детска градинка

Post Views: 250 Старата училишна зграда на ОУ „Кочо Рацин” во населбата Црногорци ќе се реконструира и пренамени во современа нова детска градинка. Одлуката ја донесе Советот на Општина Охрид на последната седма седница.Намерата да им се овозможи на жителите од населбите Радојца Новичиќ, Железничка, Долно и Горно Лакочереј да ги згрижат своите деца во градинка во овој дел од градот, опозицијата ја поддржа, но беше посочено дека можеби не е најдобро решение за таа намена да се реконструира училишна зграда стара над 50 години, која воедно има проблематичен пристапен пат.-Апелирам...

Продолжи со читање

Започнa постапка за присоединување на ЈП „Градски пазар“ кон ЈП „Градски гробишта“

Post Views: 187 Советот на Општина Охрид на последната седница донесе одлука за започнување постапка за присоединување на ЈП„Градски пазар“ кон ЈП„Градски гробишта“. Иницијативата е на Управниот одбор на Градски пазар. Советниците од опозицијата изразија сомнеж во исправноста на ваквата постапка во поглед на економската оправданост.-Дали целта е од две финансиски нестабилни п-ја да се направи едно поголемо со поголем финансиски ризик? Сметам дека овој зафат е премногу ризичен ризичен и дека не треба да се брза со оваа одлука бидејќи може да има подалекусежни последици....

Продолжи со читање

Престојот во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ поскапе за 500 ден

Post Views: 230 На денешната седница на Совет беше дадена согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за зголемување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите. Престојот во градинка поскапе за 500 денари.Наместо досегашните 1.490 денари за целодневен престој на дете до шестгодишна возраст, родителите отсега ќе плаќаат 2.011 денари. Со одлуката се менува цената донесена во 2004 година, со што практично се врше усогласување со економските услови и покачените трошоци за живот.Советничката од Левица,...

Продолжи со читање