Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Недески: Да им создадеме услови на талентираните ученици да ја градат домашната индустрија

Post Views: 347 Интересот на учениците за техничките струки, дуалното образование, соработката на приватниот сектор со образовните центри се позитивни трендови кои продуцираат кадар со релевантни вештини и компетенции. Сликата за средните технички училишта се менува покрај со унапредување на квалитетот на образовниот процес и со посебно внимание и работа со талентираните ученици.Во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид со талентираните ученици се работи дополнително, надвор од редовната настава, со вложување многу труд од професорите ментори во рамки на разни проекти, вели...

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци се вклучија во кампањата за поддршка на лицата со ретки болести

Post Views: 256 По повод одбележувањето на месецот на ретките болести Младинската заедница при гимназијата Св „Климент Охридски“ реализираше настан насловен GIVE ME FIVE. Средношколците насликаа мурал на ѕидот на спортската сала и одржаа работилница за изработка на едукативни хамери.Целта ни е да ја поттикнеме младата популација да се запознае со предизвиците на лицата кои страдаат од ретки болести и да им покажеме дека секој може да направи разлика со малку разбирање и солидарност, вели претседателот на младинската заедница, Иво Георгиески.„Овај настан е...

Продолжи со читање

Основците од „Григор Прличев“ го празнуваат патронатот

Post Views: 222 ОУ „Григор Прличев“ со низа активности го одбележува својот патронат.  Денеска на пригодна свеченост беа доделени наградите за најдобри ликовни и литературни творби на училишниот конкурс. Спомен бистата на Прличев беше закитена со ловоров венец и беа положени букети свежо цвеќе од делегации.Одбележувајќи го споменот на патронот се навраќаме кон корените на нашата мисија образованието и негување на вистинските вредности, истакна директорката на училиштето, Лилјана Ефтимовска.“Ги синтетизираме, на некој начин, постигнувањата во текот на...

Продолжи со читање

Свечено врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади

Post Views: 545 Свечено врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата „Никогаш пред ил’ потем”, во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се одбележува годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Оваа награда значи афирмација за моето долгогодишно поетско творештво кое кулминираше во поема која претставува лична внатрешна борба на една од најинтересните личности во историјата, Александар Македонски, ќе каже младиот поет Ал-Асади.–Секогаш е предизвик да се учествува на конкурс...

Продолжи со читање

Следната недела ќе биде објавен вториот повик за инфраструктурни проекти во општините финансирани од централниот буџет

Post Views: 267 До 15 милијарди денари од државниот буџет им се ставаат на располагање на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти во рамки на вториот владин повик кој ќе биде објавен следната недела преку Министерството за локална самоуправа.„Ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти како училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните. Се работи за историски најголема инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа.“...

Продолжи со читање

Уништени и непроодни тротоари и коловози при градење објекти скоро на секоја улица во Охрид

Post Views: 257 Во Охрид се гради на секој чекор, а ретки се инвеститорите на индивидуални и колективни станбени објекти кои се придржуваат на правилата на градот при изведување градежните работи. Калливи сообраќајници, земја и градежен шут на јавни површини, за време на градењето узурпирани, а потоа уништени тротоари, напукнати коловози кои не се враќаат во првобитната состојба е грдата слика на многу улици низ Охрид.Тотален хаос е ситуацијата во Охрид на многу локации и за ова треба да дискутираме, критикуваме и да побараме подобрување, односно поголема грижа од страна на...

Продолжи со читање

Охридските советници со поддршка за лицата со ретки болести

Post Views: 290 Денеска советниците и советничките во Советот на Општина Охрид ги обоија дланките во разни бои во знак на поддршка и подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести.Последниот ден во месец февруари се одбележува како светски ден на ретките болести. А од први февруари започнува седмата Национална кампања Ги запознаваме ретките болести која ја спроведува Здржението на лица со ретки болести од Охрид, Ретко е да си редок.-Традиционално како и претходните години, Советот на Општина Охрид дава максимална...

Продолжи со читање

Ќе се поставуваат полуподземни контејнери на локации кои се критични во поглед на управување со отпадот

Post Views: 219 На денешната 52 седница на Советот на Општина Охрид поминаа сите точки од Дневниот ред кој беше надополнет со 5 предлог одлуки.Петте точки со кои беше дополнет дневниот ред се Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка, предлог решение за именување членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинската соработка, предлог програма за измени и дополнување на програмата за урбана опрема, изградба и одржување за 2025 година, предлог програма за измени и дополнување на програмата за...

Продолжи со читање

Жестока дискусија за планот за вработувања во општинската администрација

Post Views: 245 Мнозинството во Советот на Општина Охрид на денешната 52 седница даде согласност за Измените на годишниот план за вработување во општината за 2025 година. Измените предвидуваат пополнување на 13 работни места и 8 унапредувања.По оваа точка на дневниот ред се разви жестока дискусија помеѓу координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска и секретарот на општината Александар Китески.Ангелоска од говорницата потсети дека локалната власт минатата година со нов акт за систематизација на работните места искажа намера да се редуцираат...

Продолжи со читање

Охридскиот БРЕИНОБРЕИН Центар врши упис на нови ученици

Post Views: 215 Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН на Црвен крст Охрид. Интернационалната Бреинобреин едукативна програма е наменета за деца од 4 до 14 годишна возраст преку која тие се стекнуваат со нумерички и вербални вештини и ги развиваат концентрацијата, меморијата, способноста за учење, самодовербата и креативноста.„Во нашето 15 годишно постоење и успешно работење, можеме да се пофалиме дека од нашиот Центар навистина излегле бројни дечиња генијалци , така би ги нарекла. Сите оние коишто работат посветено и онака како што...

Продолжи со читање

Трипуновски: Дополнителните контроли покажаа дека нема недозволен пестицид во зелката вратена од Хрватска

Post Views: 193 При спроведената контрола кај производителот на свежата зелка извезена за хрватскиот пазар, а која беше вратена од хрватската граница поради наводно присуство на недозволен пестицид, не е откриена употреба на забранети препарати, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.– За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, кој е извозникот. Преку Инспекторатот за земјоделство направени беа дополнителни контроли, земени се мостри од извезениот градинарскиот...

Продолжи со читање

Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на охридска пастрмка

Post Views: 259 По 6 години застој повторно се спроведува вештачки мрест на охридската пастрмка. Планирано е Охридското езеро да биде порибено со над еден милион единки подмладок од ендемичната пастрмка. Во тек се активностите за излов на полово зрели единки пастрмка и собирање икра, на кои денеска на увид беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Tрипуновски.„Оваа активност е многу важна за нас како Министерство, како држава бидејќи со ова се зачувува охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства. Продолжуваме да ја водиме оваа...

Продолжи со читање