Автор: Маја Савиќ
Post Views: 230 На денешната седница на Совет беше дадена согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за зголемување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите. Престојот во градинка поскапе за 500 денари.Наместо досегашните 1.490 денари за целодневен престој на дете до шестгодишна возраст, родителите отсега ќе плаќаат 2.011 денари. Со одлуката се менува цената донесена во 2004 година, со што практично се врше усогласување со економските услови и покачените трошоци за живот.Советничката од Левица,...
Охридските Бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот
Post Views: 241 Охридските Бреинобреин генијалци уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите во светот. На 16от Интернационален oнлајн Бреинобреин-абакус натпревар освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали. Денеска во просториите на Црвен крст Охрид на учениците од Бреинобреин програмата им беа доделени освоените трофеи, медали и сертификати.–На 24 јануари се одржа шеснаесетиот Интернационален натпревар, но онлајн. Вкупно зедоа учество 23 912 ученици од целиот свет или поточно од 79 земји во светот. Нашиот Бреинобреин Црвен крст центар од Охрид зеде учество со 20 ученици...
Се поместува возрасната граница на пациентите со коронарна артериска болест
Post Views: 232 Во Македонија повеќе од 60% од смртните случаи се последица на срцево садовите заболувања. Во југозападниот регион полека се поместува возрасната граница на пациентите со коронарна артериска болест и се почесто има млади пациенти со миокарден инфаркт, посочува доктор Наташа Скрческа, специјалист кардиолог од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид.– Имаме доста пациенти со коронарна артериска болест. Можам да кажам дека во годиниве се поместува надолу границата за појава на ова...
Успешно реализирана показна вежба за евакуација во ОУ „Кочо Рацин“
Post Views: 189 Денеска, учениците и вработените во основното училиште “Кочо Рацин“ го испробаа и применија оперативниот план за заштита и спасување и планот за евакуација во училиштето преку реализација на показна тренинг вежба според сценарио за случен земјотрес и пожар. На вежбата учествуваа соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи, Црвен крст Охрид и Итната медицинска помош. Целта беше, учениците, професорите и техничкиот персонал во училиштето да се запознаат и да ги разработат начините на заштита и насоките на движење при...
Расте бројот на дуални паралелки во охридските средни училишта, ќе се воведуваат нови стручни профили
Post Views: 318 Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ осум години се спроведува дуалното образование. Започна во 2018та година со 17 ученици запишани за профилот Техничар за индустриска мехатроника, за во овој момент во дуалните паралелки да има 585 ученици во сите струки и профили. Директорот Сашо Недески вели дека училиштниот центар, во креирање на наставните програми и отворање нови профили на струки мора да биде во тек со технолошкиот развој и најавува нов образовен профил од следната учебна година.– Имаме доставено предлог до локалната самоуправа да го проследи до МОН за...
Потребно е да создаваме политики и клима што повеќе девојки и жени да се вклучат во науката
Post Views: 279 На УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска беше одбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката. Целта е што повеќе жени и девојки да се охрабрат да се вклучат во академскиот живот и професионално да се реализираат во науката, технологијата, инженерството и математиката.На УИНТ имаме одличен баланс помеѓу мажи спрема жени со вклученост на околу 30% студентки што за технички науки е солиден процент, велат професорите од оваа високообразовна институција.– Во моментов можеме да се пофалиме со над 30% девојчиња како наши студентки и можам...
Охридското книжевно наследство збогатено со делото „Охридска книжевна историографија“
Post Views: 212 Со „Стихови и звуци за Прличев“ во Спомен куќата на Григор Прличев продолжија денеска чествувањата на неговиот лик и дело.Иако поминаа 133 години од неговото упокојување, ликот и делото на Прличев и денес живеат во духовната меморија на нашиот народ и претставуваат светол патоказ за идните генерации, кажа во обраќањето пред присутните замениок градоначалничката Ана Крстеска. Таа им ги врачи наградите на Јана Каневче и Климент Колевски за нивните литературни творби провонаградени на Литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“.– Им честитам на сите ученици...
НУ Завод и Музеј Охрид одбележува 75 години од основањето со низа значајни проекти и богата програма со настани
Post Views: 210 Националната установа Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид со сериозна програма влегува во 2026та година. Фокусот е врз неколку проекти од национален интерес покрај редовни и тековни одржувања и конзервација на етнолошката, историската и археолошката збирка.Планот на установата е годинава да биде довршен археолошкиот локалитет „Манчевци“ во старото градско јадро кој е од непроценлива вредност за градот и државата.-Како што знае јавноста таму се откриени многу значаен ранохристијански комплекс кој содржи и базилика и крстилница и придружни објекти со...







