Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Фото клуб – Охрид одбележа четврт век постоење

Post Views: 380 Фото клуб – Охрид со традиционалната изложба по повод празникот Св Климент Охридски, го прослави својот 25 годишен јубилеј. Изложбата ја отвори првиот претседател и еден од основачите на клубот, д-р Лазар Коњановски. Формиран од една голема желба на група на ентузијасти, вљубеници во фотографијата, клубот секогаш скромно но суштински ја поддржува културата во градот, опстојува и расте, истакна во своето обраќање Коњановски.„Разни генерации се членови на нашиот клуб и не паднавме под одредена бројка на членови. Многу генерации се менуваа, многу млади кои понатаму...

Продолжи со читање

Манолева: Развојот и успешноста на Специјализираната болница за кардиологија „Св Стефан“ е обврска за министерството да ја следи и поддржува

Post Views: 407 ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“ Охрид се грижи за кардиолошките пациенти од Југозападниот регион и истовремено прераснува во референтен центар за обука на лекари за интервентни процедури. Целиот тим на институцијата е за пофалба коишто 24 часа, 365 денови во годината се на располагање на пациентите, а притоа болницата посветено работи и на воведување нови дијагностички процедури, истакна заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева при денешната посета на кардиолошкиот центар. Додаде...

Продолжи со читање

Поволна безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид

Post Views: 189 Безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Охрид и на регионалниот центар „Запад“ во 2023 година е поволна, без индиции да биде нарушена, а благодарение на рано детектирање на новите трендови и закани се олеснува превенцијата и борбата против криминалните појави. Ова го посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со дел од раководството на МВР и на Бирото за јавна безбедност беше во посета на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во Охрид, каде што оствари работна средба со раководствата на СВР Охрид, СВР Битола и на центарот...

Продолжи со читање

ТЛЕР: Имаше застој, но сега реализацијата на Ohrid Go влезе во напредна фаза

Post Views: 314 Предолго се одложува реализацијата на проектот Ohrid Go.  Градските советници побараа објаснување од Секторот за туризам и локален економски развој при локалната, дали воопшто предвидените содржини  како Pump Up  траката и адреналинскиот  парк ќе се изградат. Во меѓувреме проектот градски систем Smart City  се преиначи и место велосипеди предвидува електрични возила. Физибилити студијата за развој на поранешната касарна во технолошко-рекреативна зона се уште е во нацрт верзија.„ Во точка на мирување се сите тие проекти. Се уште се прави некоја анализа, далеку...

Продолжи со читање

Во Охрид одбележан Светскиот ден на волонтерството

Post Views: 179 „Волонтерите се надеж за подобро утре“, „Волонтерите се движечка сила на Црвен Крст“, ова се дел од паролите кои беа истакнати на денешното  дефиле низ улиците  во Охрид по повод 5-ти декември, Светскиот ден на волонтерството. Секој може да биде волонтер, велат од охридската организација на Црвен Крст која брои над 1000 волонтери, од 3 годишна возраст во програмата Полетарче па се до 80 години во Програмата за грижа за стари лица.17 годишната Сара Петковска  е волонтерка  која учествува во сите активности од ПХВ програмата, еколошки проекти  и е...

Продолжи со читање

Светскиот ден на лица со посебни потреби одбележан во Инклузивната игротека Радост

Post Views: 478 Марија Здравеска е млада девојка со прекрасен глас, сака да пее, а учествува и во балетска група за лица со посебни потреби.  Тоа се нешта кои ја исполнуваат и ја прават среќна и и помагаат полесно да се справува со секојдневните предизвици и бариери на кои наидува. „Се среќавам со високи тротоари, да бидат пониски за да можеме да се качиме со количките, да има поголем простор на паркинг местата кои се обележани , ама некои луѓе се паркираат баш на тие места, а не се за нив. Знаете како, треба сѐ уште да се работи на свесноста дека постоиме. Да има...

Продолжи со читање

Во Охрид годинава регистрирани три нови случаи на лица инфицирани со ХИВ/СИДА

Post Views: 405 Расте бројот на новорегистрирани случаи на инфекции со ХИВ вирусот  и на ниво на држава и во Охрид. За разлика од минатата година кога имавме два новорегистрирани слуачии на ХИВ/СИДА, оваа година има три нови случаи во Охрид. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска –  специјалист епидемиолог, денеска по повод 1 Декември – Светскиот ден на борба против СИДА, ги презентираше податоците за состојбата со инфекции со ХИВ вирус на територијата на целата држава и во регионот на Охрид.„Минатата година и годинава имаме зголемен број на заболени. Имаме три новорегистрирани...

Продолжи со читање

Дискусија во советот за резултатите на јавните претпријатија во третиот квартал

Post Views: 177 ЈП „Водовод “ третиот квартал од годинава го заврши со добивка од над 15 милиони денари, додека  пак Градски гробишта и Градски пазар со загуба.Извештаите генерално покажуваат дека јавните претпријатија не можат да функционираат без помош односно субвенциите од локалната самоуправа, а некои не остваруваат доволно приходи од дејноста за која се основани, упати критика на денешната седница опозицијата во градскиот совет.Ако направиме анализа на извештаите тогаш ќе увидиме дека ЈП „Билјанини извори“ се претвори во инкасатор бидејќи  3 мил денари...

Продолжи со читање

Енормната урбанизација го урива имиџот на Охрид како воздушна бања

Post Views: 260 Мерната станица за следење на квалитетот на воздухот, која лани ја постави МЖСПП во Охрид, покажа дека и во убавиот град на Охридското езеро се дише загаден воздух. Причина за тоа се енормната урбанизација, несоодветното урбанистичко планирање, намалување на зелената инфраструктура и сообраќајот. Урбаните блокови со висококатници го уриваат имиџот на Охрид како воздушна бања.„Пренагласената урбанизација, изградбата на високи градби во крајбрежниот појас, влијаат ружата на ветрови да не се реализира како што природата налага во овој микроклиматски регион. И практично...

Продолжи со читање

Пожарникарите бараат да им се врати бенифицираниот стаж

Post Views: 300 Пожарникарите бараат, со измените на Законот за пожарникарство кои се во процедура, да им се вратат бенефициите кои ги имаа пред децентрализацијата и воведување старосна граница при вработување нови кадри.  До 2006-та година пожарникарите ги имаа истите бенефиции како полициските службеници, војниците и рударите. Потоа бенефицираниот стаж им беше намален од 6  на 3 месеци.  Професијата  е тешка и опасна и при секојдневните интервенции се соочуваме со ситуации кои имаат негативни влијанија врз психичкото и физичкото здравје на пожарникарите, вели командирот на ТППЕ...

Продолжи со читање

Утре хуманитарен настан за Петар во Центар за култура „Григор Прличев“

Post Views: 167 Утре во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот , ќе се одржи хуманитарен настан за помош на Петар Попоски од Охрид. На нашиот млад сограѓанин потребна му е помош да се обезбедат финансиски средства за хируршка интервенција која не е можно да се изведе во државава.„Петар е наш сограѓанин кој има 25 години и боледува од болест за којашто е потребна хируршка интервенција во Турција. Хируршката интервенција чини околу 50 000 евра , па се јави потреба од дополнителен хуманитарен настан за да се обезбедат потребните средства. “ –...

Продолжи со читање

Во ЦЈЗ Охрид од јануари и анализи за респираторни инфекции со молекуларна дијагностика

Post Views: 1.208 Од месец јануари, следнава година, во Центарот за јавно здравје Охрид се очекува да биде проширена листата на анализи со новата лабораториска опрема за молекуларна дијагностика, со воведување и респираторен панел за анализи на респираторни инфекции.„Во план сме да воведеме респираторен панел, со кој сите најчести респираторни инфекции, овде особено кај децата, ќе може да се откријат и дијагностицираат и понатаму да се третираат од страна на педијатрите.“ – вели директорот на Центарот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков.Тоа ќе значи пософистицирано,...

Продолжи со читање