Автор: Маја Савиќ
Post Views: 375 Сузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје во координирана полициска акција која од утрово се спроведуваше во охридско струшкиот регион. Криминалната група била составена од повеќе лица од Струга , едно лице од Охрид и еден албански државјанин.„ Постапувајќи по наредби за претрес издадени од судија на предходна постапка извршени се претреси на вкупно 36 локации во Струга, Охрид и во затворот во Скопје, при што од слобода се лишени 19 лица, по 3 лица се трага, а едно лице е во затвор од предходно заради обид за...
Екипите на ЈП Охридски Комуналец подготвени за интервенција во зимски услови
Post Views: 192 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги завршија неопходните подготовки за интервенција во зимски услови согласно законските обврски околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” .Од УХМР за викендов најавуваат заначителна промена на времето со врнежи од снег, ветар и значителен пад на температурите.Од Ј.П.„Охридски Комуналец” апелираат до граѓаните да се дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици за во случај на потреба да може непречено...
Ќе се реконструира сидриштето во каналот Студенчишта кај центарот за обука на вода на АРМ
Post Views: 231 Ќе се реконструира сидриштето „Билјанини Извори“. Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето во каналот Студенчишта кај центарот за обука на вода наАРМ со фирмата „ЕМ груп електрометал“, ДОО од Скопје.„Одлуката за реконструкција за Сидриштето е донесена откако е направен надзор од стручни лица од чија што страна е констатирано дека истото е во лоша состојба и претставува опасност за корисниците. Од причина што досега немало потпорен ѕид се појавија свлечишта на брегот. Истиот ќе се постави во сегашната реконструкција. “...
Ногачески: Државата која ги одредува цените на водата и струјата, нека го преземе водоснабдувањето
Post Views: 193 Општина Дебрца наплатува најниска цена на вода, а на ЕВН и плаќа индустриска цена за струја на пумпните станици. Во такви услови ЈКП Дебрца и со 200% наплата на вода не може да ги подмири долговите кон ЕВН, вели градоначалникот Зоран Ногачески.Реакцијата доаѓа откако поради долг кон ЕВН сите пумпни станици во општина Дебрца од вчера претпладне се исклучени од електрично напојување со што без вода за пиење останаа жителите на 10-тина села и Меѓународниот аеродром Св Апостол Павле кој е приклучен на тој водоснабдителен систем.„Сметам дека ваквото...
Лајка: Две години ринг за борби со кучиња е поставен во Мауцкер
Post Views: 319 СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните, информираше денеска портпаролот на секторот, Стефан Димоски.Пред два дена, Иницијативата за заштита на животните, „Лајка“ алармираше дека во околината на Охрид, на излезот кон Струга, на јавна површина е направен ринг за борби со кучиња. Речиси две години стои поставен во областа Мауцкер, каде што порано војската...
ЕВН ги исклучи од струја сите водоснабдителни системи во Дебрца
Post Views: 666 ЕВН денес ги исклучила сите водоснабдителни системи во Дебрца. Без вода покрај жителите на Дебрца останале и болницата “Св.Еразмо” и Меѓународниот аеродром “Св.Апостол Павле”.Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески објави дека станува збор за долг од 2.000.000 денари, кој на ЕВН и било предложено Јавното комунално претпријатие да го сервисира на месечни рати. Според градоначалникот оваа постапка на ЕВН е спротивна на Правилата за снабдување со електрична енергија.Пред три месеци со одлука на советот на општината Дебрца го...
Дом за стари лица и дневни центри се неопходни во охридскиот регион
Post Views: 272 Дом за стари лица и дневни центри се неопходни во охридскиот регион. Групата волонтери за поддршка на стари лица која работи во склоп на Црвен Крст Охрид, денеска под мотото „Сите сме нивни деца“, потсети дека заедницата треба да покаже повеќе свесност за потребите на граѓаните од третото доба. Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, на Отворен ден тие ја презентираа иницијативата за изградба на Дом за стари лица која ќе ја поднесат до локалната власт.„ Охрид, Дебрца и регионот немаат таков дом и такви дневни центри и тоа го правиме...
Невработените заинтересирани за грант за отворање сопствен бизнис и обуки за ИТ вештини
Post Views: 399 50 тина невработени лица годинава отвориле сопствени бизниси во Охрид преку мерка на Агенцијата за вработување. Преку мерката за самовработување со неповратни средства – грант од 5000 и 10 000 евра во градов се отвориле претежно занаетчиски дуќани, козметички салони, салони за убавина и масажа, изработка на филигран, на сувенири, резбар, стаклар, молер и фирма за груминг односно средување на домашни миленици. Оваа мерка е најпримамлива за активните баратели на работа, посебно за помладите на пазарот на труд, вели директорката на охридскиот...
Во среда бесплатна вакцинација против сезонски грип, без закажување
Post Views: 171 Голем интерес кај охриѓани за бесплатната вакцинација против сезонски грип. Поради тоа Службата за вакцинација на 22ри ноември, во среда, повторно ќе врши имунизација против сезонски грип на граѓани без оглед на возраст и без закажан термин. Вакцината ке биде бесплатна.Вакцини ќе се аплицираат на влезот во Општа болница кај Службата за вакцинација во периодот од 15 до 17 часот.Екипите за теренска вакцинација во рамки на кампањата за имунизација „Од врата до врата“ во која што е вклучена Службата за превентива на деца и младинци при...
Голем интерес за анализите за детекција и типизација на HPV вирусот во ЦЈЗ Охрид
Post Views: 293 За нецел месец колку што е во употреба најновата опрема за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје во Охрид, 3 % од сите испитани примероци покажале присуство на ХПВ вирусот додека бројот на позитивни резултати на кламидија е далеку поголем.Со најновата апаратура и современи методи кои ги обезбеди Центарот за јавно здравје во Охрид, се врши детектирање на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус, генотипизација на 14 високо ризични типови на вирусот кои се застапени на Балканското подрачје, како и определување на Chlamydia trachomatis...
Зелениот катастар нa Општина Охрид во понапредна фаза на изработка
Post Views: 270 Општина Охрид влегува во понапредна фаза на изработка на „Зелен катастар“ односно попис на вкупното зеленило на подрачјето на општината. Проектот за изработка на зелениот катастар, согласно Законот за урбано зеленило започна минатата година и до овој момент мапирани се зелени површини, дрвја, грмушки, парковска инфраструктура како и дрва споменици на природата на просторот од булеварот Туристичка јужно до Охридско езеро, од клучката на влезот на Охрид до Билјанини извори. Зелениот катастар како лична карта со податоци за секое едно поединечно дрво и зелена површина...
Намалување на тежината и 30 мин. физичка активност дневно, го преполовува ризикот од дијабетес
Post Views: 448 Се зголемува бројот на лица со дијабетес. Од 2019 до 2022 стапката на новодијагностицирани пациенти на национално ниво е во постојан пораст. Во Охрид во 2022 година се регистрирани 4052 лица со ова хронично заболување. Иако минатата година во охридско Центарот за јавно здравје регистрира одредено намалување во бројот на лица со дијабетес, а воедно и најмала стапка на новорегистрирани случаи, охридскиот регион не е исклучок од трендот на национално ниво, вели Д-р. Даниела Чингоска – Специјалист по социјална медицина и јавно здравје.„Да истакнеме дека , на...