Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Со искористување на Свинишките извори ќе се подобри водоснабдувањето на Охрид

Post Views: 347 Водоснабдителниот систем на Охрид генерира големи трошоци за електрична енергија бидејќи голем обем на вода се обезбедува со пумпање и препумпување, а помал дел по пат на гравитација. Дамнешната идеа и иницијатива на ЈП Водовод Охрид во соработка со Општина Охрид за донесување цевковод по гравитација од т.н Свинишки извори, сега е во понапредна фаза. Се работи за проектот „Дувло“ кој предвидува цевковод во должина од околу 25км, а издашноста на тие извори според мерењата во најсушниот период е околу 240-250л/с.„ Тоа ќе биде од голема помош и за јавното...

Продолжи со читање

Обука за негователи на стари лица во Црвен крст Охрид, можност за добивање меѓународен сертификат и вработување

Post Views: 328 Граѓаните кои се заинтересирани да работат како негователи на стари лица можат да се пријават на конкурсот за обука која ја спроведува Црвен Крст Охрид. Во Охрид се поголем е бројот на стари лица на кои им е потребна помош и нега во сопствениот дом, а од друга страна станува збор за можност за вработување и остварување приход за лицата кои бараат работа или сакаат да се преквалификуваат.„Моментално интересот односно потребата на граѓаните од Охрид е навистина многу голема такашто имаме голема потреба од луѓе коишто би сакале да ја работат оваа работа...

Продолжи со читање

Свечен прв академски час на ФТУ Охрид

Post Views: 303 46-тата генерација студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид денеска со свечен час ја започна академската 2024/2025 година. Добредојде на бруцошите на првиот академски час им посакаа продеканот за настава на ФТУ, Проф. д-р Бранко Николовски и проректорот за настава на УКЛО, Проф. д-р Цветко Андреески.Во услови кога драматично опаѓа интересот кај студентите за школување на домашните државни факултети каде бројот на студенти постојано се намалува во последните десет години, проректорот Андреески сподели добра вест.„Оваа година...

Продолжи со читање

Пецаков: Изгледот на Кеј Македонија во сезона не е пријатна слика, но е концепт кој треба да пoстои

Post Views: 292 Каква е визијата на градоначалникот на Охрид и локалната самоуправа за претстојното Лето 2025 година од аспект на урбаната опрема и игрите на отворено на улица Кеј Македонија, концертите збиени во шпицот на сезоната и проблемите со такси превозот во сезона? Ова прашање беше упатено до градоначалникот на последната седница на Совет од страна на координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска.„Пред една година Вие и самиот кажавте дека не ви се допаѓа како изгледа и дека ќе се обидете за сите тие тезги и реквизити, боксови да...

Продолжи со читање

Пецаков: Од ветените капитални проекти, до локалните избори, нема да се реализира само еден

Post Views: 262 Опозицијата во Советот на Општина Охрид на денешната седница посветена на советнички прашања побара одговор дали локалната ќе ги реализира капиталните проекти содржани во изборната програма на градоначалникот Кирил Пецаков. Координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата кажа дека со оглед на краткиот период до крај на мандатот можеби е преамбициозно прашањето кога ќе се реализираат, па побара од градоначалникот информација кога ќе се отпочне со реализација.„Со оглед на промените во централната власт и со оглед на тоа што сега ги нема оние...

Продолжи со читање

Суд

ОЈО Охрид покрена обвинение за дивоградбата на ул „Димитар Влахов„

Post Views: 599 Основното јавно обвинителство Охрид, по спроведената истражна постапка, денеска поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење за објектот на ул. Димитар Влахов.„Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле...

Продолжи со читање

Хуманост, забава, подароци и изненадувања утре на настанот „За посреќно детство“

Post Views: 285 На задоволство на најмладите охриѓанчиња утре ќе се одржи традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Стоматолошки центар д-р Баткоски.Настанот ќе започне со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде во 11 ч. од Кеј Македонија-пред х. Палас до Центарот за култура, а потоа на плоштад ќе продолжат низа спортски и забавни содржини.„Ќе има повеќе активности како ракомет, фудбал, јаже, хулахоп, пикадо и тн. Ќе можат да се вклучат сите со купување на учеснички број со...

Продолжи со читање

Доделени медалите на најуспешните млади информатичари на 31-та Балканска олимпијада

Post Views: 339 Млади информатичари од 15 земји деновиве во Охрид се натпреваруваа на 31-та Балканска олимпијада по информатика. Олимпијадата, чиј домаќин годинава е Македонија, е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа. Златниот медал го освои Даниел Којнов, ученик во Гимназија во Шумен, Р. Бугарија.„Информатиката е многу убава наука. Започнав да ја изучувам кога бев 5-ти клас и оттогаш се вљубив во неа и продолжувам до ден денес. Освојувањето на златниот медал за мене е едно голем успех, поважно за мене е тоа што го имаме ова...

Продолжи со читање

Климатските промени го загрозуваат живиот свет во Охридското Езеро

Post Views: 396 Во последните 30 години под влијание на природни услови и човечкиот фактор се чувствуваат промени во климата во светот и нашиот регион не е поштеден од нив. Слатководните еко-системи какво што е Охридското езеро се едни од најзагрозените од влијанието на климатските промени.„ Тие сладководни системи се доста фрагментирани , изолирани, од друга страна кај нив мошне се забележува човековото односно антропогеното влијание , притисоци, коишто ја забрзуваат деградацијата на самите слатководни еко-системи. Тоа се случува и со Охридското Езеро затоа што климатските...

Продолжи со читање

Општина Охрид аплицира со 10 инфраструктурни проекти на повикот на Министерството за локална самоуправа

Post Views: 299 Денеска истекува рокот во којшто општините треба да достават список на проекти за аплицирање на јавниот повик што го распиша Министерството за локална самоуправа. Станува збор за реализација на инфраструктурни проекти за што на општините им се на располагање 250 милиони евра. Општините аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието.Општина Охрид аплицира со 10 инфраструктурни проекти.-Реконструкција на улица во село...

Продолжи со читање

Занаетчиите да ги искористат новите субвенции, повика од Охрид заменик министерот за економија и труд

Post Views: 388 Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ, но не повеќе од 200.000 денари по барател. За повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството. Денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески беше во посета на Охрид, со цел, да ги запознае занаетчиите со мерките кои им стојат на располагање.„ Една од мерките е јавниот повик за кофинансирање на занаетчиството во Македонија, како...

Продолжи со читање

Дебата во Советот за планираните нови вработувања во јавните претпријатија и во општинската администрација

Post Views: 275 Мнозинството севетниците на денешната 44-та седница на Совет на Општина Охрид дадоа согласност за годишните планови за вработување во јавните претпријатија и општината за 2025 година. Планирани се вкупно 49 вработувања, 38 во јавните претпријатија и 11 во општинската администрација. Од јавните претпријатија најмногу вработувања се предвидени во Охридски Комуналец 17, во Водовод осум и по пет во Нискоградба и Градски пазар. Тоа се истите оние јавни претпријатија коишто работат со субвенции од општината наменети не за модернизација туку за да можат да поделат плата...

Продолжи со читање