Автор: Маја Савиќ
Post Views: 94 Шест деца кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини при Црвен крст Охрид, се вратија со злато од 15-тиот интернационален Абакус натпревар во ментална аритметика кој се одржа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Две највисоки награди трофеи и четири златни медали освоија охридските генијалци во силна конкуренција, предводени од тренерите на БОБ центарот при Црвен Крст Охрид и бодрени од своите родители.-Јас сум Миа Тасеска и сум 9-то ниво, се запишав пред 5 години. Од самиот почеток голем сон ми беше да одиме во Дубаи на...
Утре започнува реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република
Post Views: 88 Утре ќе започнат градежните зафати за реконструкција на плоштадот Крушевска република, обелодени на денешната седница на Совет секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Овој капитален проект се финансира од сопствени средства на Општината. Што се однесува до катната гаража, со кој проект локалната аплицираше на вториот повик од владата за инфраструктурни проекти во општините, секретарот кажа дека на распишаниот тендер не бил избран изведувач. Од двата пријавени понудивачи ниту еден не ги исполнувал заострените тендерски критериуми.–Постапката за катната...
Конституиран новиот Совет на Општина Охрид
Post Views: 257 Денеска беше конституиран новиот Совет на Општина Охрид. Со конститутивната седница претседаваше најстариот советник од новиот состав, Виолета Аврамоска.По верификацијата на мандатите и свечената заклетва на советниците со мнозинство гласови за Претседател на Советот повторно беше избран Перчо Божиновски од ВМРО ДПМНЕ.Заблагодарувајќи се за довербата, Божиновски рече дека повторниот избор не е само обврска да се продолжи туку и да се надгради се што во изминатите четири години е создадено со работа, визија и љубов кон Охрид.„Продолжуваме таму каде што...
Охридскиот народен театар ги поставува вечните прашања вткаени во антологискиот текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“
Post Views: 129 Охридскиот народен театар го поставува на сцена неповторливиот антологиски текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“. Актерскиот ансамбл многу искрено, успешно и умешно ја обработува класиката во македонската драматургија во режија на Андреј Цветановски и ќе и понуди на публиката ново искуство исполнето со емоции и прашања. Ова беше посочено на денешната прес конференција по повод новата премиера на народниот театар.„Парите се отепувачка ќе ја видите во една форма во која буди сериозни емоции, сериозни човекови вредности и дава многу убава порака. Претставата не е...
Поевтини, побрзи, побезбедни трансакции за граѓаните и бизнисите со приклучувањето на Македонија кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА
Post Views: 81 Историскиот исчекор на Македонија со приклучувањето кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија е централна тема на 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура која се одржува во Охрид во организација на Народната банка. Со приклучувањето на земјава во географската област на СЕПА, нашите граѓани и компании веќе ги чувствуваат придобивките од делувањето во единствениот европски платежен простор, а тоа се побрзи, побезбедни и поевтини трансакции, што, пак, на долг рок ќе им овозможи посилни економски врски и полесен...
Патчев: Горди сме на наградата, Жива е признание за нашата посветеност и дополнителна мотивација
Post Views: 103 Наградата Жива за најдобар словенски локалитет за 2025 година доделена на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Оваа престижна награда охридскиот Завод и музеј ја доби во конкуренција од 150 музеи од 13 земји. Наградата свечено му беше доделена на директорот, м-р Горан Патчев на 11-тиот Форум на Словенски Култури во Требиње, Босна и Херцеговина. Ова признание, доделено од Форумот на словенските култури, претставува најголемата награда што досега ја има добиено една музејска институција во Македонија.„Нашата институција по втор пат беше...
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ Охрид денеска го одбележа патрониот празник
Post Views: 141 Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ Охрид денеска го одбележа патрониот празник. Свеченоста започна со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјето на народниот херој од антифашистичката и ослободителна војна, во училишниот двор. Ванчо Питошески покажа што значи храброст, саможртва и љубов кон татковината, а денес ние продолжуваме да градиме врз тие вредности, да се бориме за знаење, за воспитување генерации кои ќе создаваат и ќе ја градат иднината на нашата земја, кажа во своето обраќање...
Доброволното противпожарно друштво “Ентузијаст – Дебрца” ќе добие противпожарно возило
Post Views: 209 Општина Дебрца доби донација противпожарно возило од противпожарната бригада од покраината Тирол, Република Австрија. Возилото ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст – Дебрца”. Со ова се создаваат почетни услови за противпожарна заштита во општина Дебрца на поорганизирано ниво, што е основна заложба на локалната самоуправа години наназад, велат од општината.„Целта на формирањето на ова здружение и целокупниот проект произлезе од тоа што територијата на Општина Дебрца е опфатена во најголем дел со шуми...







