Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Јаневска: Ќе направиме сѐ што е потребно во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да започне со настава со физичко присуство

Post Views: 259 Ќе направиме се што е потребно учениците во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да ја започнат со настава со физичко присуство, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот увид во инвестициите од ресорното министерство во училиштата во Охрид.„ Овој објект, за жал малку подолго се изведува , но веќе е при крај и јас се надевам дека од 1-ви септември ќе може да се почне со работа, е вложено 110 милиони денари . Јас сум презадоволна од она што го гледам и се надевам дека учениците од 1-ви септември ќе уживаат во образованието...

Продолжи со читање

Зелената училница во НП Галичица повторно затрупана со ѓубре

Post Views: 269 Веднаш до канцелариите на Националниот парк Галичица, во склоп на Едукативната патека “Галичица на дланка”, се наоѓа Зелената училница, место за одмор и спроведување еколошка едукација со најмладите охриѓанчиња кои учат за природата и живиот свет во националниот парк. Оваа локација која претставува и собиралиште на млади луѓе, со години се затрупува со отпадоци како амбалажа од пијалоци и храна, отпушоци, пластичен отпад. Проблемот постојано беше актуелизиран од националниот парк, од еколошки здруженија и активисти кои апелираа да не се фрлаат...

Продолжи со читање

Каков е животот на пензионерите во Охрид со Зоре Илиевска

Post Views: 514 Зоре Илиевска е пензионирана банкарска службеничка, волонтерка во Програмата за грижа на старите лица „Најди време” при Црвен крст Охрид, членка е на Здружение на пензионери на Охрид, стрелец со воздушно оружје…Зоре пешачи секој ден покрај езерото. Сака да чита книги и да изработува плетени фигури. Старите лица не треба да бидат затворени дома, треба да бидат активни, да се социјализираат, вели таа.„Охрид е толку убав, да пешачиш, да уживаш во природа, околината е толку многу убава, климата исто така, погледот, езерото, планините. Сето тоа ти ја...

Продолжи со читање

Каков е животот на пензионерите во Охрид – со Ѓоко Симјаноски

Post Views: 335 Градот како заедница може да се набљудува од повеќе аспекти во контекст на условите и можностите кои ги обезбедува за своите жители. Се што го сочинува општественото живеење во една заедница се одразува поинаку врз секоја категорија граѓани и неопходно е да се води сметка за потребите на сите, да се најде баланс, а некогаш да се направи и компромис….Затоа што Заедницата има многу лица.Пензионерските денови се некој вид одмор од долги години работа и давање придонес кон градење на таа заедница. Заедницата треба да им врати на своите граѓани...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за третото издание на Фестивалот на виното

Post Views: 403 Охрид е подготвен за  третото  издание на   Фестивалот на виното (Ohrid wine festival)  што од 27-ми до 29-ти јуни ќе се одржува на кеј „Македонија“  пред хотел „Палас“.Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција истакна дека фестивалот  полека но сигурно си го зазема своето место  и ја разубавува  туристичката разгледница  на Охрид.„ Трета година со ред ќе се одржува Охридскиот вино фест, препознатлив веќе бренд кој на некој начин го најавува почетокот на туристичката сезона. Имавме...

Продолжи со читање

ЈП „Колекторски систем“ ги доби готовите проекти за пречистителни станици изработени од шпанска проектантска фирма

Post Views: 399 Македонската страна од Охридското езеро конечно ќе биде во целост затворена со пречистителни станици со што ќе се реши повеќедеценискиот проблем со излевање фекалии во езерските води, кажа денеска на прес конференција директорот на ДЈП „Колекторски систем“ Владимир Алексијоски. Тој објави дека изработени се проектите за нова пречистителна станица во Подмоље, пречистителни станици во Љубаништа и Радожда како и за комплетна реконструкција и ревитализација на пречистителната станица во Враништа.Проектите ги изработи шпанската консултантско проектантска фирма...

Продолжи со читање

F1-H2O во одговор за ТВМ: Трката за Големата награда на Албанија е откажана

Post Views: 352 По информацијата дека Tрката во Формула 1 со високо-туражни моторни чамци која требаше да се одржи на Охридско Езеро кај Поградец, е откажана, која ја сподели екологистот Никола Киселинов , ТВМ телевизија побара официјална потврда од организаторот F1-H2O.Статусот на трката, која според календарот на организацијата F1-H2O беше закажана за почетокот на јули, на официјалниот сајт на организаторот подолго време беше како „непотврдена“, а од неодамна воопшто не фигурира во распоредот. ТВМ побара одговор кои се причините за тоа и дали трката е официјално...

Продолжи со читање

Меѓународен конкурс за идејно решение за адаптација нa Одморалиштето на Феријалниот сојуз во Далјан во Наутички клуб Охрид

Post Views: 573 Наутички клуб Охрид – Оживување на заборавеното модерно наследство е насловен меѓународниот конкурс кој го објави TerraViva, платформа посветена на организацијата на меѓународни конкурси за архитектура. TerraViva ги поврзува најталентираните архитекти ширум светот со партнери и засегнати страни кои бараат висококвалитетни проекти и овој пат ги повикува архитектите, архитектонските студија и дизајнери ширум светот да изработат идеен проект за рехабилитација на Одморалиштето на Феријалниот сојуз во Охрид , лоцирано на брегот на Охридското езеро во населбата...

Продолжи со читање

Планинската спасителна служба извлече повреден холандски турист

Post Views: 276 Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид вчера од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид за помош на холандски турист кој се здобил со скршеница, извести Регионалниот ЦУК Охрид.-Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на с Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман, информираа од ЦУК.

Продолжи со читање

Планинската спасителна служба е од голема важност за регионот, но освен Охрид другите општини незаинтересирани за нејзина одржливост

Post Views: 310 Туристите и граѓаните, вљубеници во природата и авантуристичкиот туризам, за да уживаат безбедно во убавините на охридско струшкиот регион се грижи Планинската спасителна служба (ПСС) Охрид. Искусните спасители, алпинисти од АК „Патагонија Охрид“, обучени и технички опремени по меѓународни стандарди се на располагање 24 часа – седум дена во неделата и тоа на волонтерска основа. ПСС која е неопходна како систем за развој на алтернативните форми на туризмот во регионот, требаше да биде одржлива со поддршка на општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани и...

Продолжи со читање

По 23-ти пат натпреварот „Охридски бисери“ во Охрид донесе млади музички таленти од цел свет

Post Views: 280 90 млади музичари од 18 земји од Европа и светот учествуваат на Меѓународниот музички натпревар “ОХРИДСКИ БИСЕРИ” кој по 23-ти пат се одржува во Охрид. Годинава младите уметници на возраст од 9 до 25 години се натпреваруваат во дисциплините пијано, виолина и камерна музика. Нивното музицирање во прекрасниот амбиент во Катедралната црква “Св. Софија” го следи интернационално жири составено од врвни музички уметници и педагози од реномирани академии.Оваа година вистинско изненадување приредуваат најмладите учесници кои воодушевуваат со своите изведби, вели...

Продолжи со читање

Сопружници од Ресен загинаа на Галичица, четири и пол часа траела операцијата на ПСС за извлекување на телата

Post Views: 481 Сопружници од Ресен на возраст од 59 и 56 години се жртвите во несреќата на регионалниот пат Охрид – Отешево кој води низ НП Галичица. Тие со патничко возило „фолксваген голф” излетале од патот во провалија длабока 150 метри. Возилото го лоцираа полициски службеници со помош од параглајдеристи во чија близина биле пронајдени и телата на починатите.Ден предходно, на 16-ти јуни во 22.00 часот нивниот син пријавил во полиција дека се оддалечиле од домот со возилото. По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен е...

Продолжи со читање