Автор: Маја Савиќ
Post Views: 129 172 мрежи или 11 км во вкупна должина извадија нуркачите годинава од Охридското езеро, само на македонска страна во активностите за отстранување на напуштени мрежи духови. И понатаму доминираат мрежите со димензии на окца за лов на пастрмка и белвица. Но овие напуштени мрежи духови не ловат само риби, туку ловат и птици, ракови и воедно уништуваат живеалишта на многу ендемски видови.„ Мрежите ги отстрануваме на територии каде се наоѓаат природните плодишта на пастрмката , но не живее само пастрмката таму , живеат и многу видови. Ова е целно чистење за да...
Утре на градскиот плоштад и на кеј ќе има забава, игри и награди во акцијата „За посреќно детство“ во духот на хуманоста и здравите навики
Post Views: 72 Утре ќе се одржи традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на охридскиот Црвен Крст. По 17-ти пат градскиот плоштад ќе ги собере сите оние кои сакаат да се дружат, да играат, да бидат хумани и да уживаат во забава годинава надополнета со музички настапи на локални бендови.„Целта на оваа акција е да се поттикне спортскиот дух кај младите, да се поттикне хуманоста, грижата едни за други, солидарноста, сето она што ги краси црвенокрсташите и тоа треба да биде исто и за нашиот град. Оваа акција е предвидено да започне во...
Со развојот на дијагностиката се поголем број лица се дијагностицираат со ретка болест и се откриваат нови нарушувања
Post Views: 100 Се поголем е бројот на пациенти со ретка болест што според експертите се должи на научните достигнувања во дијагностиката. Во Регистарот на пациенти со ретка болест во државава има 962 лица, но според Проф. д-р Зоран Гучев од Медицинскиот факултет во Скопје, во Македонија може да се смета дека има помеѓу 90 000 и 110 000 луѓе кои имаат некоја ретка болест или нарушување.„ Се повеќе се откриваат, лекарите се повеќе мислат на тоа, методологијата на откривање на болести е се посовршена, може одеднаш да се анализира се што е во човечкиот геном, тоа што некогаш во 2000 год...
Охрид забрзано старее, потребна е поголема социјална инклузија на лицата над 65 години и Дом за стари лица
Post Views: 78 Населението во Охрид и во Македонија забрзано старее. Вкупниот број на население над 65 години во Македонија е нешто над 315.000 жители, додека бројот на новородени се намалува. Во Охрид, според податоците од последниот попис, од вкупно население 51 428 жители, 10 634 жители се на возраст над 65 години или 20%. Во Општина Дебрца од 3719 жители, 1015 се на возраст над 65 години или 27%. Овој тренд, дефиниран како стареење на популацијата, наметнува зголемена потреба од услуги за постарите лица пред се здравствени, економски и социјални.„ Во последните години има доста...
Интеграција на македонскиот пазар на капитал со пазарите во Југоисточна Европа
Post Views: 111 Во Охрид, денес започна 24-та традиционална годишна конференција на Македонската берза, која повторно собра значаен број учесници од финансискиот и корпоративниот сектор, инвеститори, институции и академската заедница.Македонска берза и во 2025-та функционира доста добро, и после ланската која беше најдобра година во последната деценија,,“ изјави Главниот извршен директор, Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.„Имаме вкупен промет по сите основи од околу 100 мил. евра, ако се спореди со ланската година која беше најдобра година во последната деценија, лани во...
Општините имаат недостаток на административни капацитети и експертиза, владата формира Ресурсен центар за да им помогне
Post Views: 102 Општините немаат доволно квалитетен административен потенцијал и експертиза за да ги спроведуваат своите надлежности и да испорачаат квалитетни услуги на граѓаните. Загрижувачки се капацитетите на општините за подготовка на проекти преку кои ќе се привлекуваат средства од домашни и странски фондови. Ова се само дел од предизвиците со кои се соочуваат, а кои ги утврдило Министерството за локална самоуправа преку процена на состојбите со директен контакт и посети на општините.Со цел да им помогне на општините владата во рамки на Министерството за локална самоуправа ќе...
За вистински безбеден Охрид, опозицијата бара поголема видливост на полицијата на терен, проодност и достапност на јавните површини
Post Views: 106 Според извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид за првите шест месеци од годинава безбедносната состојба е стабилна. Градските советници на последната Седница го усвоија извештајот поднесен од Командирот на СВР Охрид. Координаторката на советничката група од СДСМ и Коалицијата, Живка Ангелоска побара подетални информации за реалните состојби, за проблемите со кои се соочува полицијата во извршување на задачите при одржување на јавниот ред и мир и регулирање на сообраќајот. Таа посочи дека според...
Реализација на програмите од буџетот – дали некои се поприоритетни од други
Post Views: 81 Градскиот совет ја одржа 61-та седница со обемен дневен ред од 85 точки. Советот ги усвои извештаите за реализација на годишните и развојните програми и за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни.Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт, тоа е основата којашто е водечка во извештајот и во овој буџет, истакна советничката од СДСМ и коалицијата. Живка Ангелоска. Таа посочи дека многу е мала реализацијата на капитални проекти од сопствени средства, доколку се изземат проектите кои, како што рече, 4 години ги...







