Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Перчо Божиновски е нов Претседател на Совет на Општина Охрид

Post Views: 687 Перчо Божиновски, советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ е избран за нов претседател на Совет на Општина Охрид. За единствениот кандидат за нов претседавач со градскиот Совет, на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, „ЗА“ гласаа 17 советници на денешната 42 седница. Божиновски доаѓа на местото на Сашо Донев кој стана пратеник во новиот парламентарен состав.Огромна е честа, но и признанието, како и одговорноста која денес ми е дадена од советниците во Советот на Општина Охрид и поддршка која е доверена за мене како претседател на Советот, изјави...

Продолжи со читање

И годинава дел од плажите на охридското крајбрежје ќе бидат без спасители на вода

Post Views: 320 Само на една третина од капалиштата на охридското крајбрежје ова лето ќе има спасители на вода. Тоа значи дека ќе продолжи праксата од минатите години да имаме небезбедни плажи за туристите. Лани беа ангажирани 20-тина спасители само на 14 од над 34 капалишта.Граѓаните сметаат дека за туристички центар како Охрид е од голема важност да има безбедни плажи за капење и рекреација и сезоната да поминува без несакани инциденти и несреќи.„Не се безбедни, не се. Треба да има спасители, треба да има чувари“.„На сите плажи треба да има спасители за да се...

Продолжи со читање

Театарската група при Црвен крст Охрид со претставата „Утре“ ќе го отвори фестивалот „Вдиши театар“

Post Views: 385 Со претставата „Утре“ во изведба на театарската група при Црвен крст Охрид, вечерва, со почеток во 21 часот, во предворјето на црквата Св. Софија започнува деветтото издание на меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.Претставата „Утре“ е по сценарио и во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а кореографијата е на Даниел Наумоски.Идејата за претставата ја добивме од медиумската писменост која беше премногу нагласена во училиштата и моќта на медиумите, кажа на денешната прес конференција, Емилија...

Продолжи со читање

Водата во Охридско Езеро со одличен квалитет, може да се користи за капење, спорт и рекреација

Post Views: 494 Водата во Охридското езеро е со највисока прва класа, со одличен микробиолошки квалитет. Ова го покажале микробиолошките и санитарно-хемиски анализи кои Центарот за јавно здравје ги врши пред почетокот на туристичката сезона. Испитувањето на квалитетот на водата во Охридското езеро е вршено во втората половина на мај и почеток на јуни на земени примероци од 39 локации на потег од Св Наум до Радожда и реките кои се вливаат во езерото.„Најголема деградација, односно опаѓање на квалитетот или постојан неквалитет на водата, што не е ново, има во реките коишто се...

Продолжи со читање

Охридската бела флота во блиска иднина може да остане без капетани

Post Views: 451 90% од капетаните на бродови на охридската бела флота се пред пензионирање. Има и пример на пензиониран капетан кој сè уште работи хонорарно. Во моментов колку што има капетани толку има и бродови. На Охридското Езеро крстарат 6 патнички бродови со капацитет до 150 патници. Еден капетан да земе боледување, бродот ќе биде закотвен, што се одразува врз договорите со туристичките агенции. Во блиска иднина флотата може да остане без капетани што ќе се одрази врз туризмот на најголемиот туристички центар вo државава.„Ние мораме да најдеме решение, од причина...

Продолжи со читање

Забава, дружење, промоција на бизнис-идеа и на здрави животни навики во СОСУ „Св Кирил и Методиј“

Post Views: 378 Денеска во СОСУ „Св Кирил и Методиј“ по повод Светскиот ден на велосипедизмот се одржа ревијален настан „Вози велосипед, уживај и профитирај“. Целта на овој иновативен проект е да се покаже дека со вклучување на велосипедизмот во животниот стил, велосипедистите не само што можат да уживаат во физичките и менталните придобивки од усвојување здрави животни навики туку можат и потенцијално да заработат приход од рекламирање компании.На настанот учествуваа преку 60 велосипедисти, ученици од економското училиште. Идејата е со голем интерес прифатена од...

Продолжи со читање

Д-р Шокаровски: Кому му одговара да се уништи успешната приказна на државна кардиохирургија?

Post Views: 445 Дали и зошто некој сака да ја затвори и уништи Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, праша денеска на прес-конференција разрешениот медицински директор на клиниката, д-р Марјан Шокаровски. Тој во име на целиот стручен колегиум и на сите вработени на клиниката, одлучил да ѝ се обрати на јавноста во врска со работата на оваа клиника поттикнат, како што рече, од невистините, шпекулациите и неговата смена од страна на техничкиот министер за здравство.„Моето разрешување е незаконско бидејќи во мандатот на техничката влада не можат да се именуваат ниту...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини извори“ ќе наплатува надоместок за оштетување на рампите

Post Views: 370 Јавното претпријатие „Билјанини извори“ во иднина ќе наплатува надоместок во износ од 3000 денари од граѓани кои ќе ги оштетат рампите и исто толку од корисници на јавниот паркинг поростор кои ќе ја напуштат Премиум зоната спротивно на прописите. На последната седница на Совет беа изгласани и измени на Ценовникот на ЈП Билјанини извори во делот на стопанисување со јавниот паркинг простор со што се овозможува ваквата наплата.Посоодветен назив за овој надоместок е глоба бидејќи се санкционира несовесното однесување на граѓани кон јавното добро, истакна...

Продолжи со читање

Без субвенции од општината дел од охридските јавни претпријатија не можат да функционираат

Post Views: 483 Извештаите од работењето на јавните претпријатија за првиот квартал од годината не претставуваат целосна и вистинска слика за тоа каква е состојбата, но претставуваат појдовна основа која ја прикажува насоката во која ќе се движи годинава едно јавно претпријатие, рече советничката Живка Ангелоска на денешната седница на совет. Таа посочи дека и понатаму дел од претпријатијата функционираат благодарение на помошта од општината. Во првиот квартал од годинава како субвенции од локалната ЈП Водовод добило 3,5 милиони денари, 1,5 милиони добило ЈП Нискоградба, 2,8...

Продолжи со читање

Охрид има една од најекспедитивните и најодговорни противпожарни единици

Post Views: 379 Со дефиле низ градот со уклучени сирени и со показна вежба денеска ТППЕ Охрид го прослави 20-ти мај Денот на пожарникарите. Хероите на градот, нашите пожарникари деноноќно се борат со секаков тип на интервенции, пожарникарството е комплексна професија, не се само пожарите, тука се и техничките интервенции, сообраќајните незгоди, земјотреси и поплави, истакна Командирот на охридската противпожарна единица, Борко Јанкулоски во своето обраќање пред гостите на одбележувањето.„Јас како командир на ТППЕ Охрид, одговорно тврдам дека охридската пожарна е една од...

Продолжи со читање

Сѐ поголем е бројот на млади лица со висок крвен притисок во охридскиот регион

Post Views: 311 Се зголемува бројот на лица со хипертензија на млада возраст во охридскиот регион. Од исклучителна важност е редовната контрола на крвниот притисок и превенцијата бидејќи покачениот крвен притисок е главен ризик фактор за срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања. Денеска на Кеј Македонија по повод светскиот Ден на хипертензијата доктори од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св Стефан вршеа бесплатни прегледи на граѓаните, им даваа совети и информативни материјали....

Продолжи со читање

Кривична пријава за две лица од Пробиштип кои вршеле измами на граѓани од Охрид и Струга

Post Views: 299 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33)  и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама”.-Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање