Автор: Маја Савиќ
Post Views: 383 Културното наследство е наш идентитет и наша препознатливост во светски рамки и воедно тоа е капитал за економски развој преку туризмот. За нематеријалното наследство, споменици и локалитети, нивното значење за локалниот развој преку туризмот и нивна заштита, на национална конференција во Охрид разговараат универзитетски професори, експерти и дипломати.Промовирајќи го културносто наследство преку туризмот ние правиме бренд, правиме идентитет во светски рамки, вели Проф. д-р Сашо Коруновски од ФТУ.„Некој мисли дека туризмот му штети на културното...
Советoт ја усвои информацијата за Физибилити студијата за развој на касарна Охрид
Post Views: 243 Пред градските советници денеска , на 40тата седница на Совет беше презентирана Физибилити студијата за развој на касарна Охрид во технолошко-рекреативна зона. Советниците беа запознати со визијата за развој на просторот преку изградба на модерна инфраструктура со содржини кои ќе допринесат за технолошкиот развој ,привлекување инвеститори, отворање нови работни места и зголемување на туристичката понуда. Нови модерни објекти кои ќе бидат седиште на повеќе технолошки компании во зоната на самиот влез во касарната, реконструикција и...
Професионални готвачи се најдефицитарен кадар на охридската ривиера
Post Views: 376 И оваа сезона на охридската ривиера ќе се чувствува недостигот на професионален кадар во угостителството. Продолжува трендот на одлив на квалитетна едуцирана работна сила, на годишно ниво само од Охрид заминуваат повеќе од 2500 работници претежно во Хрватска Врз квалитетот на услугата во угостителството најмногу се одразува недостигот на професионални готвачи кои се срцето на секој ресторан, вели Проф. Климент Наумов од ФТУ.„Недостигаат 90% вистински професионални готвачи во угостителството на охридската ривиера. Јас мислам дека скоро во секој...
СВР Охрид бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела и намалување на бројот на сообраќајни незгоди
Post Views: 250 Безбедносната состојба на територија на СВР Охрид е поволна и на задоволително ниво, а секторот бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела. Ова е заклучокот од денешниот работен сосстанок на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Сашо Смилески, со раководството на СВР Охрид.„Граѓаните се безбедни. На подрачје на Охрид се бележи намалување на вкупно регистрирани кривични дела од 13.5%....
Левица Охрид денеска потсети дека спомен плочата од НОБ сѐ уште не е вратена
Post Views: 525 Охридскиот огранок на Левица денеска потсети дека спомен плочата од НОБ се уште не е вратена на старото место на ул „Димитар Влахов“. Зошто во Охрид е отстранета и последната спомен плоча од НОБ? Кому во Охрид му пречи антифашистичката борба на македонскиот народ, прашаа од Левица.„Овде до пред извесно време се наоѓаше препознатливата бела куќа во која на 26-ти и 27-ми ноември 1941 година беа осудени неколкумина комунисти со смртна казна и казна затвор. Оваа куќа требаше да биде реконструирана, но за жал целосно е збришана. Градежниот инспектор донесе...
Сообраќајот и домаќинствата се најголемите загадувачи на воздухот во Охрид
Post Views: 290 Во општина Охрид годишно, во просек се губат 133 животи заради изложеност на загаден воздух, при што стапките на смртни случаи и на хоспитализации заради респираторни болести во Охрид во периодот 2019-2021 година, се повисоки од националниот просек.Клучни загадувачи на воздухот во Охрид се домаќинствата и сообраќајот, по што следуваат производствените деловни субјекти. Домаќинставта претежно се греат на цврсти горива. Најголем дел од административните субјекти, училишта и установи во општината ( 71% ) како гориво за загревање користат...
Во Охрид се одбележува Денот на државниот Архив и архивистите
Post Views: 268 Со урбана изложба на плакати од филмови кои биле прикажувани во старото кино „Охридско Езеро“ Архивот го одбележува 1-ви Април – Денот на Државниот Архив. На просторот на малиот плоштад кај Мини Маркет охриѓани имаат можност да разгледаат 60-тина кино плакати од фондот на Никола Герман кој ги сочувал и ги предал на Охридскиот архив, вели Мартин Ристовски, помлад соработник во Архивот.Станува збор за филмови од периодот од 1939 – 1941 година од американски, француски и германски режисери и глумци. „Тарзан“, „Ана Каренина“, „Бунт на бродот Баунти“„Ромео и...
Охриѓани оддадоа почит на ликот и делото на охридскиот историчар, истражувач, археолог Гоце Ангеличин Жура
Post Views: 715 Историчар, археолог, конзерватор, пасиониран истражувач, научник и визионер, Гоце Ангеличин Жура даде непроценлив придонес кон науката и афирмацијата на нашето културно-историско наследство и православната црковна историја. На петгодишнината од неговата смрт, охриѓани денеска се потсетија на својот сограѓанин и на неговото дело како основоположник на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Денешното чествување го организираа неговата ќерка д-р Гордана Ангеличин-Жура и Горан Митрески, историчар...
Болницата Св.Еразмо во Охрид пример за установа која вложува во нова опрема и зајакнување на кадарот
Post Views: 862 Министерот за здравство, д-р Илир Демири заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева денеска ја посетија Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде изминатите неколку години се реализирани бројни инвестиции во нова медицинска опрема, инфраструктурни проекти, како и континуирано зајакнување на кадарот.– Една од најзначајните инвестиции во нова опрема е апаратот за магнетна резонанца во вредност од 1.2 милион евра, обезбеден со поддршка од Европската унија. Исто така, преку ИПА проектот набавени се повеќе...
Реактивната мисија на УНЕСКО ја скенира состојбата во Охридскиот регион
Post Views: 283 Реактивната мисија на УНЕСКО пристигна во Охрид и деновиве ќе ја скенира состојбата со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион со цел да ја утврди фактичката состојба на терен во поглед на закананите врз универзалната вредност на доброто. Претставниците на Центарот за светско наследство на УНЕСКО и неговите советодавни тела Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН) вчера попладне имаа работна средба со Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, тим од локалната...
Kривична пријава против Кристина Крлеска-Деспотоска, раководител на Централен регистар Охрид и вработени во АВРМ Охрид
Post Views: 689 ВМРО ДПМНЕ Охрид поднесе кривична пријава против Кристина Крлеска-Деспотоска, раководител на Централен регистар Охрид и лица вработени во Агенција за вработување на РМ во Охрид. Кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение дека пријавените сториле кривични дела ,,Злоупотреба на службена положба и овластувања“, ,,Фалсификување службена исправа“, ,,Фалсификување или уништување деловни книги“,,Употреба на исправа со невистинита содржина“ и ,,Поднесување лажни докази“, кажа на прес конференција потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид,...
Денеска се слави убавината и важноста на театарската уметност
Post Views: 271 Денеска се одбележува Светскиот ден на театарот, 27-ми март. Овој ден се слави за да се истакне важноста и убавината на театарската уметност и актерите кои не поучуваат, забавуваат и носат значајни промени во нашите животи. Темата за Светскиот ден на театарот за 2024 година е „Театарот и култура на мирот“.„Уметноста, добрата уметност успева на свој, чудесен начин, да ги соедини уникатното со универзалното. Но ни допушта да разбереме каде е разликата, на она што би се рекло – што е уникатно, а што универзално; и со тоа, уметноста ги пробива јазичните...