Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

​Регулаторната комисија бара да ја одредува крајната цена на водата

Post Views: 80 Состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата може да се подобри доколку Регулаторната комисија ја определува крајната цена за секоја водна услуга, смета Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски.„Ние во изминатиот период во соработка со водоводните претпријатија во државата кои што имаат свое здружение, ‘АДКОМ’ се усогласивме и работиме на доставување на заеднички предлог за измени и дополнувања на најверојатно два закона со кои што ќе се овозможи РКЕ да ја определува...

Продолжи со читање

Вредна донација во медицинска опрема за ЈЗУ „Св. Еразмо“ – Охрид

Post Views: 117 ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид доби вредна донација во медицинска опрема и помагалa обезбедена на иницијатива на Градоначалникот Кирил Пецаков во соработка со иселеници во Швајцарија.Болницата „Св Еразмо“ претставува врвен медицински бренд со долга традиција, стручен кадар, современи медицински третмани, кој е гордост на Охрид и на македонскиот здравствен систем и секогаш треба да ја има нашата безрезервна поддршка но и внимание, истакна градоначалникот Пецаков на денешното предавање на донацијата која се проценува...

Продолжи со читање

Пецаков го потпиша договорот за финансирање на изградбата на катна гаража и на уште 12 други инфраструктурни проекти

Post Views: 103 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска го потпиша договорот за финансирање на изградбата на катна гаража во Охрид што е најголемиот капитален проект со кој општината аплицира на владините повици за инфраструктурни проекти.На Општина Охрид во вториот јавен повик и се одобрени уште 12 инфраструктурни проекти и тоа локален пат од село Горно Лакочереј до село Лескоец, реконструкција на дел од улица „Даме Груев” од кружна крстосница „Јане Сандански” со улица „Питу Гули” до пресек со булевар „Туристичка” заедно со осветлување, реконструкција на дел од...

Продолжи со читање

Програма за сечиј вкус на седмиот „Summer Comedy Marathon“

Post Views: 86 Summer Comedy Мarathon и ова лето, по седми пат, скоро еден месец ќе ги освежува охриѓани и туристите со хумор во овие тропски горештини. Овој летен настан во организација на Хахаха продукција прерасна во традиционален интернационален фестивал на комедијата со квалитетна програма. Годинава организаторите ќе приредат 21 шоу со стенд ап комичари од градот, земјaва и странство.„ Програмата е шарена, има по нешто за сечиј вкус. Започнуваме на 21 јули , во понеделник со популарното и добро познато шоу Two mothers brothers плус two cousins оваа година, како и предходната...

Продолжи со читање

Кадри Селман со своите креации 20 години го разубавува Охрид и ги воодушевува охриѓани и туристите

Post Views: 121 Нема охриѓанец, ниту турист кој не ги забележал украсните грмушки во парковите обликувани од вештите раце на Кадри Селман. Овој скромен и трудољубив човек ги разубавува зеленете површини низ Охрид додавајќи уметничка нота на природната убавина. Тој ги скротува грмушките и дрвцата и ги претвора во лебеди, делфини, балерини, геометриски и други форми. Потоа вегетацијата повторно ќе се разластари и ќе ја освои неговата креација, а тој ќе направи нова форма и се така едно 20 години.Желбата за облагородување на зелените простори во градов кај него се јавила уште во...

Продолжи со читање

Протоколи за третман и достапност на интравенска тромболиза за успешно справување со мозочните удари

Post Views: 141 Во Охрид се уште не е воспоставен протокол за третман на пациентите со мозочен удар, а терапијата е ограничена. Во услови кога стапките на инциденца и на смртност од исхемичен мозочен удар растат, а возрасната граница кај пациентите се намалува, во некои случаи и под 40 години, се наметнува потребата од итна имплементација на стандардизирани протоколи за третман, особено во претхоспиталната фаза, со цел намалување на смртноста и инвалидитетот поврзан со оваа болест.Неопходно е да се организираме на повеќе нивоа, да ја подобриме примарната превенција со активности за...

Продолжи со читање

Отворен Почесен Конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид

Post Views: 144 Денеска во присуство на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, градоначалникот Кирил Пецаков, амбасадорот на Босна и Херцеговина во земјава , Драган Јакимовиќ и почесни гости, во Охрид беше отворен Почесен Конзулат на Република Босна и Херцеговина. За почесен конзул е назначен познатиот поранешен кошаркар и член на Македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ.Конзулатот во Охрид е продлабочување на добрите билатерални и пријателски односи помеѓу братските држави Босна и Херцеговина и Македонија, истакна амбасадорот на Босна...

Продолжи со читање

Пристапен туризам

Пристапна рампа на плажата „Бафало бич“ бара Националното здружение на лица со телесен инвалидитет

Post Views: 97 Националното здружение на лица со телесен инвалидитет апелира до локалната власт во Охрид за поставување пристапна рампа на плажата до мостот Студенчишта кај езерската полиција. Од здружението сметаат дека таа локација е најсоодветна бидејќи е најблиска до апартманите кое ги поседува здружението кај комплексот Охридати. 10-те апартмани на Мобилност во Охрид ги користат околу 1000 членови на здружението за одмор и рекреација на Охридското езеро.„ Ние бараме како Сојуз на ниво на Македонија да се направи некоја плажа што ни е поблиску до апартманите. Сепак како и да е...

Продолжи со читање