Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Забава, дружење, промоција на бизнис-идеа и на здрави животни навики во СОСУ „Св Кирил и Методиј“

Post Views: 406 Денеска во СОСУ „Св Кирил и Методиј“ по повод Светскиот ден на велосипедизмот се одржа ревијален настан „Вози велосипед, уживај и профитирај“. Целта на овој иновативен проект е да се покаже дека со вклучување на велосипедизмот во животниот стил, велосипедистите не само што можат да уживаат во физичките и менталните придобивки од усвојување здрави животни навики туку можат и потенцијално да заработат приход од рекламирање компании.На настанот учествуваа преку 60 велосипедисти, ученици од економското училиште. Идејата е со голем интерес прифатена од...

Продолжи со читање

Д-р Шокаровски: Кому му одговара да се уништи успешната приказна на државна кардиохирургија?

Post Views: 462 Дали и зошто некој сака да ја затвори и уништи Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, праша денеска на прес-конференција разрешениот медицински директор на клиниката, д-р Марјан Шокаровски. Тој во име на целиот стручен колегиум и на сите вработени на клиниката, одлучил да ѝ се обрати на јавноста во врска со работата на оваа клиника поттикнат, како што рече, од невистините, шпекулациите и неговата смена од страна на техничкиот министер за здравство.„Моето разрешување е незаконско бидејќи во мандатот на техничката влада не можат да се именуваат ниту...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини извори“ ќе наплатува надоместок за оштетување на рампите

Post Views: 396 Јавното претпријатие „Билјанини извори“ во иднина ќе наплатува надоместок во износ од 3000 денари од граѓани кои ќе ги оштетат рампите и исто толку од корисници на јавниот паркинг поростор кои ќе ја напуштат Премиум зоната спротивно на прописите. На последната седница на Совет беа изгласани и измени на Ценовникот на ЈП Билјанини извори во делот на стопанисување со јавниот паркинг простор со што се овозможува ваквата наплата.Посоодветен назив за овој надоместок е глоба бидејќи се санкционира несовесното однесување на граѓани кон јавното добро, истакна...

Продолжи со читање

Без субвенции од општината дел од охридските јавни претпријатија не можат да функционираат

Post Views: 497 Извештаите од работењето на јавните претпријатија за првиот квартал од годината не претставуваат целосна и вистинска слика за тоа каква е состојбата, но претставуваат појдовна основа која ја прикажува насоката во која ќе се движи годинава едно јавно претпријатие, рече советничката Живка Ангелоска на денешната седница на совет. Таа посочи дека и понатаму дел од претпријатијата функционираат благодарение на помошта од општината. Во првиот квартал од годинава како субвенции од локалната ЈП Водовод добило 3,5 милиони денари, 1,5 милиони добило ЈП Нискоградба, 2,8...

Продолжи со читање

Охрид има една од најекспедитивните и најодговорни противпожарни единици

Post Views: 405 Со дефиле низ градот со уклучени сирени и со показна вежба денеска ТППЕ Охрид го прослави 20-ти мај Денот на пожарникарите. Хероите на градот, нашите пожарникари деноноќно се борат со секаков тип на интервенции, пожарникарството е комплексна професија, не се само пожарите, тука се и техничките интервенции, сообраќајните незгоди, земјотреси и поплави, истакна Командирот на охридската противпожарна единица, Борко Јанкулоски во своето обраќање пред гостите на одбележувањето.„Јас како командир на ТППЕ Охрид, одговорно тврдам дека охридската пожарна е една од...

Продолжи со читање

Сѐ поголем е бројот на млади лица со висок крвен притисок во охридскиот регион

Post Views: 326 Се зголемува бројот на лица со хипертензија на млада возраст во охридскиот регион. Од исклучителна важност е редовната контрола на крвниот притисок и превенцијата бидејќи покачениот крвен притисок е главен ризик фактор за срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања. Денеска на Кеј Македонија по повод светскиот Ден на хипертензијата доктори од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св Стефан вршеа бесплатни прегледи на граѓаните, им даваа совети и информативни материјали....

Продолжи со читање

Кривична пријава за две лица од Пробиштип кои вршеле измами на граѓани од Охрид и Струга

Post Views: 314 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33)  и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама”.-Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

ЈЗУ Здравствен дом Охрид обезбедува подобри услови за пациентите, започна санација на Маларична

Post Views: 579 ЈЗУ Здравствен дом Охрид посветено работи на подобрување на условите за пациентите и подигнување на нивото на здравствената заштита. Денеска започнаа зафати за санација на објектот Маларична.„Со цел да се овозможат подостоинствени услови за пациентите и вработенитеЈЗУ Здравствен дом Охрид започна со реализација на договор за јавна набавка со кој ќе се извршат поправки, замена на дограма, партерно уредување, поправки на фасада, поставување на настрешници и останати работи поврзани со интервенции на објектот Маларична, информира за ТВМ директорката на...

Продолжи со читање

Екипата на Црвен Крст Охрид мотивирана оди по пехар и на Државниот натпревар по прва помош

Post Views: 462 Екипата на Црвен крст Охрид убедливо најдобра на Регионалниот натпревар по прва помош, кој се одржа во Скопје. Младите волонтери на Црвениот Крст, инаку ученици во СОСУ „Св Кирил и Методиј“ го освоија првото место во конкуренција на 16 екипи од северозападниот регион.„Се покажавме во најдобро светло, покажавме и докажавме што Охрид е подготвен да направи како град и ние како претставници од Охрид. Направивме една, може да се рече, историја во новиве години на Црвен крст Охрид. Се подготвуваме за Државниот натпревар во септемвври. Таму ќе се покажеме во...

Продолжи со читање

Сајбер безбедноста во фокусот на 20-та Меѓународна регулаторна конференција која се одржува во Охрид

Post Views: 345 Претставници на регулаторните тела во областа на телекомуникациите од Западен Балкан, ЕУ , меѓународната унија и претставници од приватниот сектор на комуникацискиот пазар, во Охрид дискутираат за резултатите од имплементирањето на 5G мрежата и сајбер безбедноста.Македонија има најдобар 5G во регионот и меѓу најдобрите во Европа, вели првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акику.„Достигнуваме брзина и со двата оператори до над 1 гигабит секунда и просек близу 300мегабити на цела територија на државата. Тоа е многу добар резултат...

Продолжи со читање

Пастрмката, единствениот предатор во Охридското езеро, покажува промени во начинот на исхрана

Post Views: 375 Истражувањата на НУ Хидробиолошки Завод Охрид покажуваат дека постои промена во доминантната исхрана на пастрмката и белвицата.„ Она што порано беше нивна главна храна зоопланктонот сега не е така. Сега пастрмката и белвицата повеќе се хранат со фауна на дното. Таа промена на исхраната резултира со промена на самиот квалитет и вкус на месото на рибата. „ – вели Душица Илиќ Боева, експерт од Одделение за салмонидна фауна, практично рибарство и аквакултура од ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид.Рибократството доведува до намалување на фондот на...

Продолжи со читање

Ако продолжи загрозувањето на Охридското езеро, за 10тина години ќе почне исчезнување на ендемични видови

Post Views: 492 Охридското езеро е под огромен притисок од човекот. Неговата деградација денеска како никогаш порано е изразена преку интензивната урбанизација и недостатокот на правилен менаџмент на отпадните води. Тоа се клучните проблеми кои треба да ги решаваат централната и локалната власт доколку сакаме да го зачуваме еко-системот на најастарото езеро во Европа и едно од 12те такви на број во целиот свет, сметаат научниците.„Почнувајќи од 1950 годинa кога се уништија блатата со програмата против маларија е започнато деградирањето, но денеска деградацијата на езерото е...

Продолжи со читање