Автор: Маја Савиќ
Post Views: 355 Проблемите со кои се соочува туристичкиот сектор во охридско-струшкиот регион, тема на средбата на Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада од редовите на ВМРО ДПМНЕ со туристички работници, хотелиери и претставници од туристичките агенции од Охрид, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на Совет на Општина Охрид, Сашо Донев Акцент ставивме на многу проблеми за кои со години зборуваме и бараме решенија, за недостаток на работна сила, поттикнување на малдите да влезат во туристичкиот сектор,...
Синдикатите на пет државни универзитети бараат потпишување на колективните договори
Post Views: 324 Синдикатот на на вработени на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид со мирен протест денеска го искажаа своето незадоволство од непотпишувањето на Колективниот договор. Тие го поздравуваат потпишувањето и спроведувањето на Колективниот договор со кој нивните колеги од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто. Но револтитрани се, како што велат, од двојниот аршин на надлежните и се чувствуваат дискриминирани.„Им порачуваме на надлежните дека спроведуваат...
Oд понеделник се очекува да стигнат во Македонија ДиТеПер вакцини и за возрасни
Post Views: 485 Состојбата со големата кашлица е под контрола. Нo не може да се каже дека е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи. Ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести од денешната седница. До денес се потврдени вкупно 56 случаи на луѓе заразени со голема кашлица, од кои 46 се од Скопје. Другите се во Куманово, Тетово и Гостивар.Од вкупниот број случаи, 14 се деца под една година, а 9 дополнително се на возраст од 1 до 4 години. Шеснаесет се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани, изјави денеска претседателот на Комисија на заразни болести...
ЛИМБ–ГИРДЛ МУСКУЛНА ДИСТРОФИЈА – Ги запознаваме ретките болести
Post Views: 205 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?…ЛИМБ–ГИРДЛ МУСКУЛНА ДИСТРОФИЈА (ЛГМД)/LIMB–GIRDLE...
Мицкоски: Очекуваме добар резултат во Охрид на претстојните двојни избори
Post Views: 220 Лидерот на ВМРО ДПМНЕ очекува добар резултат во Охрид на претстојните двојни избори. Тој при денешната работна средба со локалната власт и увид во тековни проекти, во изјава за медиумите, најави дека во тек се внатрепартиски процедури за избор на кандидати за пратеници од Охрид.–Кандидати кои се победници, чесни луѓе, луѓе кои го сакаат Охрид и Македонија, луѓе кои сум убеден дека ќе работат за Охрид и Македонија. Исто така, имаме внатрепартиска процедура за избор на кандидати за пратеници, имаме мерење граѓанско и во рамки на партијата. Ќе бидат...
Се решава тридецениски комунален проблем на жителите на Горно и Долно Лакочереј
Post Views: 311 Со изградба на канализациона мрежа во Горно и Долно Лакочереј се решава тридецениски проблем на жителите од овие места, а понатаму ќе се продлжи со подобрување на комуналната инфраструктура и во Орман. Ова е капитален проект кој се ветувал со години, но не стигнал до реализација, кажа градоначалникот Кирил Пецаков кој денеска заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во увид на градежните работи. „Ние како локална самоуправа уште со самото доаѓање, првата работа која ја направивме беше да нарачаме проект, втората извадивме...
Пецаков: Одблокирана е сметката на ЈП „Нискоградба„ – Охрид
Post Views: 473 Од денеска ЈП „Нискоградба“ Охрид е со одблокирана сметка и исто како општина Охрид веќе нема долгови и ќе може нормално да функционира и да врши инвестиции, кажа градоначалникот Кирил Пецаков во Горно Лакочереј за време на увидот на градежни активности на капитален проект.„ Тој процес некаде во 2011 започна кога се формира за прв пат јавното претпријатие, 2 години го водеше локална самоуправа од СДСМ, во 2013 година значи за само 2 години го презедовме како локална самоуправа со еден милион и двеста илјади евра долг и веќе од денешен аспект после 2 и пол...
Зголемен одзивот на родители во Охрид за имунизација на децата од голема кашлица
Post Views: 294 Зголемен одзивот на родители во Службата за вакцинации на Здравствен дом Охрид за имунизација од голема кашлица. Вакцината ДиТеПер која штити од дифтерија, тетанус и пертусис, според редовен календар се дава на возраст од 2,4 и 6 месеци , прва ревакцинација на 18 месеци и втора на 7 годишна возраст. Процентот на опфат на децата во охридско со првите три дози е добар и е над 90% , вели Д-р Соња Мариноска – Раководителка на Служба за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид.„Меѓутоа нешто е помал процентот со првата ревакцинација на 18...
Игор ниту може сам да се грижи за себе, ниту институција го згрижува
Post Views: 715 Игор е млад човек со епилепсија и психички проблеми кој остана сам откако во понеделникот починала мајка му. Соседите во станбената зграда се загрижени за момчето, за кое велат дека не е во состојба да се грижи за себе и апелираат до надлежните да му се помогне. На семејството досега му помагал куќен пријател Борис Балоски кој по смртта на мајката се обратил до низа институции со барање некој да се погрижи за Игор.„ Сакав да помогнам од хумани побуди. Помогнав околу погребот на мајка му. Само двајца бевме на погребот. Дали со него да...
Охрид достојно го чествува ликот и делото на Прличев
Post Views: 358 Охрид го чествува ликот и делото на големиот Прличев. Во Спомен куќата на Прличев се одржа настанот насловен „Стихови и звуци за Прличев“. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски кој истакна дека Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја, националното будење и културното самоидентификување.Од страна на Олга Прличева на заменик градоначалникот Божиновски...
Свечено врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски
Post Views: 286 Свечено врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски за поемата „Денес“, во рамки на чествувањето наголемиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Во поемата, чие дејство е врамено во 2022 година, се трага по личен, човечки и државен идентитет, ќе каже авторот Ѓорѓо Димоски, кој е добитник на многу нагарди, но оваа, вели, има посебно значење.„Оваа награда за мене е многу значајна бидејќи моето литературно зреење е врзано со Прличев. Уште како ученик ја прочитав Автобиографијата и оттогаш сум цврсто...
За пациентите со ретки болести најважни се рана дијагноза и системско решение за набавка на терапија
Post Views: 546 110 ретки дијагнози од охридско струшкиот регион ќе бидат презентирани пред јавноста во шестиот циклус од Националната едукативна кампања за запознавање на ретките болести. На подготовка на кампањата работеа над 60 професори и доктори од Клиничкиот центар Мајка Тереза од Скопје, од Охридската и Струшката општа болница, Специјализираните болници „Св. Еразмо“ и „Свети Стефан“ како и многу приватни ординации од Охрид и Струга. Носител на кампањата е Здружението „Ретко е да си редок“. Истражувањата на докторите покажале дека во регионот има пациенти и со...