Автор: Маја Савиќ
Post Views: 173 Денеска започнаа натпреварите на Меѓународниот турнир во кошарка – Охрид 2025 во организација на кошаркарскиот клуб Колибри – Охрид. Во спортската сала „Билјанини Извори“ силите ќе ги одмерат девојчиња и момчиња, од четири натпреварувачки генерации во 12 екипи од четири земји.„ Имаме екипи од четири земји Македонија, Србија, Албанија и Црна Гора. Имаме преку 270 деца оваа година, генерации до 10 години, до 12, до 14 и до 16 год. Натпревари имаме секој ден, отворена е салата од 9 до 21 часот, ги покануваме сите љубители на кошарката и на на спортот кои сакаат...
Монографијата за Јордан Манасијески- подарок кој ќе говори за светиот Охрид и духовните простори по кои трага уметникот
Post Views: 340 55 годишниот јубилеј од творештвото на познатиот охридски, македонски и светски уметник, академскиот сликар Јордан Манасијески, неговиот роден град Охрид го одбележа со промоција на капитално дело Монографија посветена на неговото дело од авторот Владимир Величковски.Ова не е само монографија, таа е духовен манифест, таа е патоказ на идниот спас на човештвото, како што сликарството на Јордан Манасијески ги обединува и ги премостува сите времиња и простори, ќе каже промоторот и историчар на уметност Владо Ѓорески-Рафик.–Јордан не создава, тој го толкува...
ТППЕ Охрид ќе ја продлабочува соработката со волонтерските противпожарни друштва, а ќе се формираат и нови
Post Views: 97 ТППЕ Охрид ќе ја продлабочува соработката со волонтерските противпожарни здруженија, а ќе се формираат и нови. Досега професионалните пожарникари остваруваат успешна соработката и добиваат драгоцена помош од волонтерското здружение „Ентузијаст“ кое со 25 волонтери обучени за гаснење пожари на отворен простор дејствува во Охрид и Дебрца. Воспоставена е и соработка со волонтерски противпожарни друштва од покраината Тирол, Република Австрија, која освен размена на искуства и доопремување има за цел да ја подигне свеста за волонтеризмот во справувањето со пожарите....
Се одржа второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај
Post Views: 96 Денеска по повод Светскиот ден на велосипедизмот, се одржа второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“. Над 100 ученици и наставници од средните училишта, граѓани рекреативци, претставници на фирми се дружеа, промовираа возење велосипед како здрава животна навика и еколошка алтернатива за транспорт во урбаните средини, а при тоа реализираа и бизнис идеа за иновативен начин на пренесување маркетинг пораки од локални компании. Организатор на настанот е Здружението за едукација, култура и младински активизам во соработка со СОСУ „Св Кирил и...
Да ја демаскираме привлечноста на електронските цигари, да ги заштитиме младите
Post Views: 133 Секој трет ученик посегнал по цигари, покажуваат податоците од истражувањето кое ги опфаќа европските земји, а во кое е вклучена и нашата држава. Употребата на цигари е широко распространета меѓу адолесцентите и тој тренд бележи постојан пораст. Бројот на активни пушачи на конвенционална цигара меѓу адолесцентите во Македонија во последните 5 години, се зголемил од 20,3% на 23,5%, додека пак во однос на електронските цигари порастот е од 23,2% на 28,8%.Повеќе од половина од учениците сметаат дека цигарите се многу лесно достапни, а посебно примамливи за нив се...
Мнозинството во градскиот Совет повторно изгласа измени на Планот за вработување во општина Охрид за 2025 год
Post Views: 77 На последната, 57-ма седница на Совет повторно од страна на мнозинството беа одобрени измени на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2025 гдоина. Советниците од опозицијата реагираа на носењето на измените и побараа објаснување за оправданоста од нови вработувања, посебно пред локални избори кои треба да се одржат наесен.„Зошто се вршат повторно измени во планот за вработување и кое е оправданието на 252 вработени да барате нови 15 вработувања, а претходно наведов за тешката состојба во која се наоѓаат јавните претпријатија, дополнителните финансиски...
Промовирана „Соѕвездие во мислите на Марија“, прва стихозбирка на младата Марија Тодороска
Post Views: 85 „Соѕвездие во мислите на Марија“ e насловена првата стихозбирка од младата охриѓанка Марија Тодороска. Нејзината збирка стихови беше промовирана пред љубители на поезијата и творештвото на младите во Прличевата одаја на градската библиотека. Марија, која е ученичка во деветто одделение во ООУ „Христо Узунов“ вели дека пишувањето ја прави среќна и ја исполнува, Македонски јазик и е омилен предмет, а ѕвездите се нејзин заштитен знак за добрина, сила и храброст.„Ова е мојата прва стихозбирка, се состои од 18 песни и секоја песна си има своја тематика, богата е со...
Свечено отворен новиот модерен трговски центар Охрид мол
Post Views: 143 Новиот долго очекуван модерен трговски центар Охрид Мол денеска со свеченост ги отвори вратите за посетителите.Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, модерниот трговски центар се очекува да го редефинира концептот за пазарување, да ја збогати понудата за охриѓани и за сите гости но и да има позитивно влијание врз локалната економија.„Нашиот град, кој е надалеку познат по своето културно и духовно наследство, од денес добива нова содржина која ја збогатува понудата за охриѓани но и за сите...







