Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Се поместува возрасната граница на пациентите со коронарна артериска болест

Post Views: 117 Во Македонија повеќе од 60% од смртните случаи се последица на срцево садовите заболувања. Во југозападниот регион полека се поместува возрасната граница на пациентите со коронарна артериска болест и се почесто има млади пациенти со миокарден инфаркт, посочува доктор Наташа Скрческа, специјалист кардиолог од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид.– Имаме доста пациенти со коронарна артериска болест. Можам да кажам дека во годиниве се поместува надолу границата за појава на...

Продолжи со читање

Успешно реализирана показна вежба за евакуација во ОУ „Кочо Рацин“

Post Views: 79 Денеска, учениците и вработените во основното училиште “Кочо Рацин“ го испробаа и применија оперативниот план за заштита и спасување и планот за евакуација во училиштето преку реализација на показна тренинг вежба според сценарио за случен земјотрес и пожар. На вежбата учествуваа соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи, Црвен крст Охрид и Итната медицинска помош. Целта беше, учениците, професорите и техничкиот персонал во училиштето да се запознаат и да ги разработат начините на заштита и насоките на движење...

Продолжи со читање

Расте бројот на дуални паралелки во охридските средни училишта, ќе се воведуваат нови стручни профили

Post Views: 231 Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ осум години се спроведува дуалното образование. Започна во 2018та година со 17 ученици запишани за профилот Техничар за индустриска мехатроника, за во овој момент во дуалните паралелки да има 585 ученици во сите струки и профили. Директорот Сашо Недески вели дека училиштниот центар, во креирање на наставните програми и отворање нови профили на струки мора да биде во тек со технолошкиот развој и најавува нов образовен профил од следната учебна година.– Имаме доставено предлог до локалната самоуправа да го проследи до МОН...

Продолжи со читање

Потребно е да создаваме политики и клима што повеќе девојки и жени да се вклучат во науката

Post Views: 115 На УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска беше одбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката. Целта е што повеќе жени и девојки да се охрабрат да се вклучат во академскиот живот и професионално да се реализираат во науката, технологијата, инженерството и математиката.На УИНТ имаме одличен баланс помеѓу мажи спрема жени со вклученост на околу 30% студентки што за технички науки е солиден процент, велат професорите од оваа високообразовна институција.– Во моментов можеме да се пофалиме со над 30% девојчиња како наши...

Продолжи со читање

Охридското книжевно наследство збогатено со делото „Охридска книжевна историографија“

Post Views: 92 Со „Стихови и звуци за Прличев“ во Спомен куќата на Григор Прличев продолжија денеска чествувањата на неговиот лик и дело.Иако поминаа 133 години од неговото упокојување, ликот и делото на Прличев и денес живеат во духовната меморија на нашиот народ и претставуваат светол патоказ за идните генерации, кажа во обраќањето пред присутните замениок градоначалничката Ана Крстеска. Таа им ги врачи наградите на Јана Каневче и Климент Колевски за нивните литературни творби провонаградени на Литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“.– Им честитам на...

Продолжи со читање

НУ Завод и Музеј Охрид одбележува 75 години од основањето со низа значајни проекти и богата програма со настани

Post Views: 91 Националната установа Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид со сериозна програма влегува во 2026та година. Фокусот е врз неколку проекти од национален интерес покрај редовни и тековни одржувања и конзервација на етнолошката, историската и археолошката збирка.Планот на установата е годинава да биде довршен археолошкиот локалитет „Манчевци“ во старото градско јадро кој е од непроценлива вредност за градот и државата.-Како што знае јавноста таму се откриени многу значаен ранохристијански комплекс кој содржи и базилика и крстилница и придружни...

Продолжи со читање

Jавната свест за органодарителството кај нас сè уште е на релативно ниско ниво

Post Views: 129 Органодарителство е највисока и најблагородна форма на хуманизам. Да се донира орган значи да се подари живот. Но јавната свест за органодарителството кај нас се уште е на релативно ниско ниво. Се повеќе млади луѓе има на листите на чекање за пресадување орган. Најмладиот пациент што чека срце е девојка на 26 години. Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Подигнувањето на јавната свест за поддршка на органодарителството беше тема на панел-дискусијата „Органодаристелството во Македонија“...

Продолжи со читање

Опозицијата во советот на Општина Охрид бара расправа за ревизорскиот извештај

Post Views: 121 Забелешките во Извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на Општина Охрид, за опозицијата во градскиот Совет се загрижувачки. На денешната шеста седница, советничката група на СДСМ и коалицијата предложи дополнување на дневниот ред со точка Извештај во врска со спроведената контрола од страна на Државниот завод за ревизија со посебен осврт кон нивните забелешки и идните дејствија кои општината ќе ги спроведе во насока на надминување на ситуацијата.–Суштинско и прво прашање што се поставува е дали оваа локална власт има намера да ги...

Продолжи со читање

Српската заедница во Охрид со свечен собир, молитва и сечење на славскиот колач го одбележаа празникот Св. Сава

Post Views: 109 Членовите на српското здружение „Коштана“ во Охрид денес во пригодна атмосфера на свечен собир, со молитва и сечење на славскиот колач го одбележаа христијанскиот празник Св Сава. Свеченоста започна со химната „Да воскликнеме со љубов на просветителот Свети Сава“.Како прв српски архиепископ, времелувач на Српската православна црква, законодавец и просветител, Св Сава е една од најзначајните личности на српската историја и духовност, истакна претседателот на здружениоето Коштана, Зоран Цветковиќ.–Бидејќи денес е Ден на Србите, сакам да ја...

Продолжи со читање

Вработените во охридската подружница на АД Македонска Пошта протестираа поради доцнење на платите

Post Views: 121 Поради задоцнетата исплата на платите, вработените во АД „Македонска пошта“ денеска протестираа низ целата државата. Во охридската филијала вработените беа на своите работни места, но не ги опслужуваа граѓаните, не примаа и доставуваа пратки и не се извршуваа услуги од платен промет.Доцнењето на исплата на платите на вработените во акционерското друштво се случува наназад изминатите две години, вели Зоран Петрески, повереник на Синдикалната организација на поштенски работници во Македонска пошта, но посочи дека денешниот протест е поради доцнењето на...

Продолжи со читање

Со традиционалното капење на рибарите се одбележа празникот Свети Јован Крстител

Post Views: 93 Охриѓани ја продолжија вековната традиција на капење во езерото на Денот на рибарите. Тајфата на Мартин Гоџо, кој вчера го фати Чесниот крст, денеска на Сараиште влегоа во студените води на Охридското Езеро. Бројните охриѓани и туристи беа послужувани со греана ракија, пржени плашици и пача. Убавото расположение го надополни охридскиот музички еснаф.– Јас сум од Кина ама живеам во Белгија. Пристигнав синоќа во Охрид, ми се допаѓа езерото. Направив многу убави фотографии. Сакам да дознаам повеќе за оваа манифестација денеска и воопшто за...

Продолжи со читање

Првото новороденче во Охрид во новата 2026 година е женско

Post Views: 172 Првото новороденче во Охрид во новата 2026 година е женско. Мајка од Охрид во 1:17 часот по полноќ роди здраво девојче тешко 2800 гр и долго 50 см, со висок апгар скор. Анастасија е втора рожба на среќната мајка.Дежурната екипа од гинеколошкото одделение на охридската општа болница на првиот ден во новата година породи уште две мајки, од Струга и Вевчани кои на свет донесоа девојчиња, нивни први рожби.–Досега на нашето одделение во болницата се породени уште две новородени од женски пол со што се најавува една бериќетна и плодна година...

Продолжи со читање