Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Во 2027 година на Буково ќе се депонираат 15.000 кубни метри земја, Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата

Post Views: 233 Околу 15.000 кубни метри земја ќе бидат депонирани на депонијата Буково во текот на 2027 година. Ова е една од активностите со кои Општина Охрид се обидува да го менаџира проблемот со нестандардната депонија. Градоначалникот Кирил Пецаков , одговарајќи на советнички прашања за Буково, информираше дека завршен е проектот за осветлување, оградување на просторот на депонијата и строго забранет пристап на неовластени лица . Поради недостаток на финансии ова ќе се реализира следната година. Пецаков посочи дека оваа годинана депонијата се депонирани над 8 000 м3 земја, а...

Продолжи со читање

За десетина дена завршуваат градежните работи во поткровјето на охридската Гимназија

Post Views: 143 Најдоцна за десетина дена треба да завршат градежните активности во поткровјето на охридската Гимназија. Од Општината велат дека во останатиот дел од објектот наставата се одвива непречено.Прашањето дали е безбедно учениците да следат настава додека траат градежните работи и кога конечно ќе заврши реконструкцијата на Гимназијата го постави советникот Јован Крлев од СДСМ на денешната седница на Совет.„Има ли извршено стручна проверка на објектот? Има ли официјален записник и потврда дека објектот е безбеден за учениците? Или повторно наместо одговор на прашањево ќе...

Продолжи со читање

„Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Post Views: 198 Системот „Безбеден град“ од 12 октомври треба да започне со работа и во Охридскиот регион. Во завршна фаза е подготовката на командниот центар во СВР Охрид, кој ќе биде клучен за практичната примена на системот на подрачјето на Охрид, Струга, Кичево и Дебар.„Во СВР Охрид сме во завршна фаза со подготовката на командниот центар кој е неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“. Имаме уште околу две недели да ги завршиме преостанатите активности околу командниот центар и овој паметен систем да го ставиме во функција и во овој дел од државата.“ –...

Продолжи со читање

Охрид со велосипедско дефиле ја одбележа Европската недела на мобилност и Денот без автомобили

Post Views: 146 Охрид денеска се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на мобилност и Денот без автомобили. Со велосипедско дефиле низ градските улици, организирано од Општина Охрид во соработка со СВР Охрид, беа промовирани пешачењето, велосипедизмот и одржливиот транспорт како алтернатива на автомобилите и начин за почист воздух и поздрава животна средина.Во оваа Европска недела на мобилност, испраќаме важна порака дека со помалку автомобили можеме да создадеме почист, поздрав и поубав Охрид, рече во обраќањето на стартот, советничката во Советот на Општина Охрид, Катерина...

Продолжи со читање

„За посреќно детство“ по 19-ти пат, Охрид утре во знакот на спортот, дружењето и хуманоста

Post Views: 216 Традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се одржи утре на градскиот плоштад по 19-ти пат. Настанот во организација на Црвен Крст Охрид во партнерство со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ го промовира спортскиот дух, здравите животни навики и ја развива свеста кај населението за солидарност и хуманост.„Учеството на оваа манифестација се обезбедува со купување на талонче или учеснички број кој чини 50 денари. Средствата собрани со продажба на овие талончиња ќе бидат искористени за деца од социјално загрозени семејства од Охрид и...

Продолжи со читање

Уметност инспирирана од Охрид, започна првата меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“

Post Views: 169 17 ликовни уметници од девет земји од три континенти, учествуваат на првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“, на која до 9 септември ќе создаваат нови уметнички дела инспирирани од природното и културното наследство на Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков очекува првото издание да биде почеток на традиција која ќе се надградува секоја година. Целта е создадените дела да останат во сопственост на Општина Охрид и со тоа да се создаде ново уметничко наследство за идните генерации.„Ќе започнеме, се надеваме, една долга традиција и не само традиција, туку и...

Продолжи со читање

Избран изведувач за урбанистичкиот и основниот проект за затворање и санација на Буково

Post Views: 217 Избрана е фирма којашто треба да изготви урбанистички проект и основен проект за затворање и понатамошна санација на депонијата Буково.  На депонијата, треба да се спроведе истражување  за да се направат потребните анализи за изготвување на проектот.  Но тоа е одложено поради актуелната состојба на депонијата, која е опожарена од 19 август. Ова беше кажано на денешната 14-та седница на Советот на Општина Охрид.–Избран е најповолниот понудувач и веќе е започната постапката за изработка на урбанистички проект и почната е фазата и треба да се добијат...

Продолжи со читање

Вечерва започнува Охрид Џез Фестивал 2026

Post Views: 302 Охрид повторно ќе биде во знакот на џезот. Од вечерва па до 30 август ќе се одржи Охрид Џез Фестивал 2026, кој во четири фестивалски вечери ќе понуди разновидна музичка програма и настапи на млади музичари, домашни автори и меѓународни гости.Фестивалот започнува на 27 август со Вечер на млади музичари, насловена „Ехо од Македонија“, во рамките на која ќе настапат учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.На 28 август следува Етно џез вечер со настап на дуото Сашко Костов и Орхидеја Дукова, кои пред охридската публика ќе ја претстават својата музичка...

Продолжи со читање