Автор: Маја Савиќ
Post Views: 288 Свечено врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски за поемата „Денес“, во рамки на чествувањето наголемиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Во поемата, чие дејство е врамено во 2022 година, се трага по личен, човечки и државен идентитет, ќе каже авторот Ѓорѓо Димоски, кој е добитник на многу нагарди, но оваа, вели, има посебно значење.„Оваа награда за мене е многу значајна бидејќи моето литературно зреење е врзано со Прличев. Уште како ученик ја прочитав Автобиографијата и оттогаш сум цврсто...
За пациентите со ретки болести најважни се рана дијагноза и системско решение за набавка на терапија
Post Views: 548 110 ретки дијагнози од охридско струшкиот регион ќе бидат презентирани пред јавноста во шестиот циклус од Националната едукативна кампања за запознавање на ретките болести. На подготовка на кампањата работеа над 60 професори и доктори од Клиничкиот центар Мајка Тереза од Скопје, од Охридската и Струшката општа болница, Специјализираните болници „Св. Еразмо“ и „Свети Стефан“ како и многу приватни ординации од Охрид и Струга. Носител на кампањата е Здружението „Ретко е да си редок“. Истражувањата на докторите покажале дека во регионот има пациенти и со...
Скоро половина од учениците во дуално образование се вработуваат во компаниите каде посетувале практична настава
Post Views: 255 40% од учениците во дуално образование се вработуваат во компаниите каде посетувале практична настава. Во учебната 2023/2024 година во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид во дуално образование учат 450 од вкупно 820 ученици. Од овој училишен центар веќе излегоа две генарации во дуално образование и тоа техничар за индустриска мехатроника и за производно машинство. Од нив дел се вработени во локални компании.„Од 10 ученици во дуално образование кои учат преку работа во компанија 4 ученици се вработуваат во истата. Тие со подобар успех го продолжуваат своето...
ЈП Водовод со сите расположливи капацитети работи на санирање на дефектот на водоводната мрежа
Post Views: 400 Екипи на јавното претпријатие „Водовод“ продолжуваат со санирање на дефектот на водоводната мрежа кој се случи вчера на булеварот „Туристичка”, на кружниот тек во близина на СРЦ „Билјанини извори”, поради што без вода останаа грaѓаните на поголема територија на Охрид. Пукна цевка ф300мм којашто е крак на главниот доводен цевковод од кој се снабдува централното градско подрачје со што се наруши целиот водоснабдилен систем во градот, вели директорот на ЈП Водовод, Марјан Ристески. Екипите на ЈП Водовод излегоа веднаш на терен и работеа до доцните вечерни...
ЦЈЗ Охрид: Матноста на водата е во граници на дозволеното, има и дозволена количина хлор
Post Views: 457 Екипи на Центарот за јавно здравје Охрид ја следат состојбата со водата од градскиот вододвод, по вчерашниот голем дефект на водоводната мрежа, откако од ЈП Водовод и граѓани пријавиле дека тече матна вода од чешмите. После такви дефекти очекувано е заматување на водата, вели директорот на ЦЈЗ, Сашо Точков, додава дека земени се примероци во непосредна близина на случениот дефект и во пошироката околина и се контролира матноста како најиндикативен периметар во случаи на вакви дефекти. Од првичните физичко-хемиски анализи на земените примероци на...
Масовно и свечено празнување на Богојавление Водици во Охрид
Post Views: 564 Никола Јакимоски е среќниот фаќач на Светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен меѓу неколку стотини капачи кои утрово на 8С температура на водата и воздухот, влегоа во студените езерски води. 29 годишниот Никола кажа дека по чесниот крст на Богојавление скока од својата 15та година.„Како и секој капач имав огромна желба да го фатам крстот и ете оваа година моја беше среќата Секогаш е тешко да се капиш во ладни води но желбата да се фати крстот е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, напредок на сите полиња,...
Пецаков: Сметката на Општина Охрид е одблокирана
Post Views: 367 Општина Охрид за прв пат после долги години има нула долг по основ на судски извршни решенија и од денес Општина Охрид се вбројува помеѓу малкуте институции во Република Македонија која нема заостанат долг, објави денеска на прес конференција градоначалникот Кирил Пецаков. Тој напомена дека оваа локална власт го презела раководењето со Општината со вкупен долг од околу 14 милиони евра без долгот на општинските јавни прептријатија. Веднаш пристапивме кон финансика консолидација и изготвување на план за раздолжување, рече градоначалникот....
Над 50 здруженија и институции од Македонија и Албанија се здружија против одржување на трка со моторни чамци „F1H2O“ на Охридско Езеро кај Поградец
Post Views: 549 Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“ Формула 1 трка на вода, закажан за јули годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, Албанија. Настанот „F1H2O“ кој е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, според екологистите и научната фела претставува атак врз уникатниот екосистем на Охридското езеро. Според стручни лица од областа на заштита на животната средина, на настанот ќе бидат ослободени над...
Охрид се подготвува за прослава на Богојавление Водици
Post Views: 500 Охрид се подготвува за одбележување на големиот христијански празник Богојавление Водици. Традиционалниот Водосвет и положувањето на светиот Крст во водите на езерото се очекува и годинава да привлече илјадници верници од земјава, регионот и гости од странство. Масовната црковно – народна манифестација ја организира МПЦ-ОА односно Дебарско-кичевската епархија во соработка со Општина Охрид и сите помагатели во организациониот одбор.Прославата на празникот ќе започне со утринска богослужба од 07:00 часот додека божествената литургија ќе почне во 08:30...
Охридската библиотека ја враќа културата на читање книги кај младите
Post Views: 351 Новата 2024 година за НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид започна охрабрувачки дека граѓаните се повеќе избираат дел од слободното време да го поминат читајќи книга. Одделот за позајмување книга на првиот работен ден во новата година го посетиле над 50-тина членови на библиотеката. Во време кога најголем дел од денот и младите, но и возрасните, минуваат на социјалните мрежи, се чини дека малку време останува за дружење со добра книга или со лектири. Но од градската библиотека велат дека ништо не ја заменува книгата. Во таа насока оди и податокот дека во 2023 ...
Во петок започнува традиционалниот Вевчански карневал
Post Views: 531 Во петок (12 јануари) од 20 часот започнува традиционалниот Вевчански карневал кој претставува манифестација на народните пагански обичаи по повод празникот Василица. На 13ти низ Вевчанските улици ќе продефилираат традиционалните маски на зетот и невестата, музичарите, ѓаволите, Глупавиот Август но и новите сатирични коментари како одраз и здрав коректив на општествените случувања.Бидејќи Вевчанскиот карневал е еден голем мајтап, ќе се обидам таков да биде и овај прес, кажа промоторот на Вевчанскиот карневал Игор Џамбазов на денешната...
Пет бебиња се родија во Охрид на првиот ден од новата 2024 година
Post Views: 767 Новогодишен бејби бум во Охрид. На Одделението за гинекологија и акушерство денеска на свет дојдоа пет бебиња, три женски и две машки. Првото новороденче во новата година, родено во 01:54 мин е машко.Традиционално, во посета на новороденчињата и среќните мајки беше градоначалникот на Охрид, кој во придружба на директорот на Општата болница Охрид Асен Шајн подели пригодни подароци. Оваа година ќе биде бериќетна за Општина Охрид и охриѓани, кажа Пецаков.„ Тука сме традиционално да им честитаме и да дадеме една поддршка од Општина Охрид за...