Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Во Охрид отворен досега најголем Жито маркет во регионот

Post Views: 326 Денеска во Охрид беше отворен новиот и досега најголем Жито маркет во регионот. Лоциран во склоп на Охрид Мол на површина од 770 квадратни метри, овој супермаркет претендира да стане прв избор за пазарување на граѓаните од охридско- струшкиот регион и гостите бидејќи е познат по тоа дека нуди повеќе вредност за секој потрошен денар, со постојана грижа за квалитетот и цените.„ Овој месец отворивме три нови маркети и тоа во Струмица, Струга и денес во Охрид и креиравме 50 нови работни места, од раководни и административни позиции до работници во продажба, логистика и...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид бара итна ревизија на работењето на јавните претпријатија

Post Views: 91 ОО на СДСМ Охрид бара итна ревизија на работењето на јавните претпријатија, отчетност од менаџментот како и јасен план за излез од финансиската криза без нови оптоварувања за граѓаните. Ова денеска на прес конференција го соопшти секретарот на партискиот огранок, Јован Крлев. Градоначалникот и мнозинството во Совет никако не успеваат да воведат ред во јавните претпријатија, ниту да обезбедат ефикасно и одржливо управување со општинските ресурси, а за таа неспособност плаќаат граѓаните, обвини Крлев.„Граѓаните на Охрид како никогаш до сега се сочуваат со удар по...

Продолжи со читање

Охрид Ултра-Треил започнува вечерва

Post Views: 99 Седмото издание на Охрид Ултра-Треил започнува вечерва и носи рекордни 650 учесници од 42 земји. Настанот годинава го потврдува статусот како водечки во светот на планинското трчање во регионот а прераснува и во интернационален спортско-рекреативен спектакл.Љубителите на трчањето на планина ќе уживаат во пет трки со различна должина и тежина, распоредени во два дена. Кралицата на трките во должина од 107 км стартува вечерва во 23ч, од плоштадот во Охрид, Галичица ултра долга 65 км стартува утре во 07 ч. од Св. Наум, од истата локација еден час подоцна стратува 42...

Продолжи со читање

Регионалната Занаетчиска Комора Охрид организира бесплатен курс за козметичарки

Post Views: 148 Обуки за козметичарки за лице и тело организира Регионална Занаетчиска Комора Охрид во соработка со Занаетчиската комора на Македонија. Денеска во просториите на граѓанскиот Универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се одржа информативен ден за заинтересираните кандидатки. Обуките се целосно бесплатни и се наменети за жени кои сакаат да се стекнат со вештини, знаења и сертификат за козметичар за лице и тело, со што ќе добијат повеќе можности на пазарот на труд или за самовработување.–Курсот ја подполна предвидената бројка, беше планирано да имаме 15...

Продолжи со читање

Охридските матуранти го заиграа квадрилот

Post Views: 183 Денеска на охридскиот плоштад танцуваше младоста. Околу 300 матуранти зачекорија во новото поглавје од својот живот играјќи го квадрилот на Матурската парада.Во танцот на препознатливите звуци од Штраусовата опера Лилјакот и во сценографијата со сини и бели маички и чадори уживаа родители, баби и дедовци, минувачите и гостите. Дождот не ја намали радоста и свеченоста на лицата на матурантите.„ Се чувствувам весело, радосно, среќно што успешно го заокруживме нашето образование. И еве малку и врнежливо, ама тоа е. Понатаму би продолжил или во УИНТ „Св Апостол...

Продолжи со читање

Охридските пожарникари храбро и посветено го штитат Охрид, граѓаните и нивните имоти

Post Views: 89 Со дефиле на противпожарни возила со уклучени сирени и светлосна сигнализација и со презентација на противпожарна опрема, ТППЕ Охрид го одбележа 20-ти мај Денот на пожарникарите.Охридската единица е една од најекспедитивните во нашата држава. Овие храбри луѓе деноноќно не штитат нас граѓаните, нашите домови и материјални добра, истакна во своето обраќање командирот Борко Јанкуловски. ТППЕ Охрид брои вкупно 39 пожарникари вклучително со командниот кадар. Евидентен е недостигот од пожарникари, вели командирот, но потенцира дека солидно одговараат на предизвиците...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Љуљзим Рахим – Зими е вљубеник во олдтајмерите

Post Views: 196 Охриѓанецот Љуљзим Рахим 50 години работи како автолимар. Занаетот го печел во работилницата на својот татко Ризван кој бил првиот автолимар во Охрид. Од него Љуљзим и неговиот брат Мељко ги научиле сите мајсторски вештини, но ја наследиле и љубовта кон старите модели на автомобили или т.н олдтајмери.„Со самата работа се јави и љубовта кон олдтајмерите. Таа љубов пред се ја наследив од мојот татко кој беше еден од основачите на автолимаријата во градов, можеби и пошироко. Така уште од мали нозе ни се роди, ни се втемели таа љубов кон автомобилите и работејќи со него...

Продолжи со читање

11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали освоија Бреинобреин генијалците од Охрид

Post Views: 197 Охридските генијалци од Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид продолжуваат да нижат успеси. На осмиот државен АБАКУС натпревар кој се одржа на 11-ти мај во Скопје учествуваа 40 ученици од охридскиот центар кои во силна конкуренција освоија највисоки одличја.„На натпреварот покрај нашиот центар учество зедоа уште 11 центри кои функционираат во Македонија и на истиот освоивме завидни резултати со кои можеме да се гордееме и тоа 11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали.“ – објави денеска на прес конференција Валентина Кузманоска – координатор и...

Продолжи со читање