Автор: Маја Савиќ
Post Views: 136 Пчеларите во охридскиот региион оваа година се соочуваат со масовно угинување на пчелни семејства. Смртноста во пчеларниците е од 30 до 100% информира Претседателот на Здружение на пчелари Охрид, Наум Трпчески.„ Мое мислење , но и мислење на стручната фела е дека тоа се должи на сушата која го зафати изминатиот месец август, недостатокот на полен за одгледување на леглото така што настана прекин на легло и немаме смена на генерации, смртноста на пчелните семејства е во јануари, февруари или март. Но и онаму кaде нема голема смртност имаме релативно слаби друштва кои...
Младинци од програмата ЦКА–ПХВ на Црвен крст Охрид го подновија Одделението за Геријатрија
Post Views: 88 Шест младинци учесници во програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ) го подновија Одделението за Геријатрија при Општа болница Охрид. Средствата за уредување на влезот и чекалната како и за нов електричен систем за заклучување на влезната врата ги обезбедија преку изработка и продавање ракотворби и со изнаоѓање донатори. Во реализацијата на проектот поддршка им беше десиминаторот Лина Јоноска.„ Оваа група којашто работеше на овај проект се состои од шест волонтери , со помош и на други лица . Тие направија истражување пред да почнат...
АРХРИД со ретко убав настан „Начинот на Чипан“ го става во фокусот модернистичкото архитектонско наследство
Post Views: 104 Модернистичкото архитектонско творештво треба да биде проучено, вреднувано и соодветно третирано од аспект на денешната современост. Со цел негова афирмација младите охридски архитекти во колeктивот АРХРИД преку поттикнување архитектонски дискурс и ретроспективно согледување на проектантското и публицистичко творештво на архитектот и конзерватор Борис Чипан реализираа еден ретко убав настан насловен Начинот на Чипан. Со настанот воедно се одбележаа 70 години од изградбата на Феријалното одморалиште Младост во Охрид и излегувањето на публикацијата „Старата градска...
Под мотото „На страната на хуманоста“ Црвен крст Охрид го одбележа Светскиот ден на Црвен крст и Црвената полумесечина
Post Views: 86 Под мотото „НА СТРАНАТА НА ХУМАНОСТА“ Црвен крст Охрид како дел од глобалната кампања на Меѓународната Федерација го одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. 8-ми мај е востановен во чест на роденденот на основоположникот на идејата за ова најголемо светско хуманитарно движење, Анри Динан. На овој ден важно ни е да го истакнеме значењето на секој поединец за подобрување на животот во заедницата, а воедно да изразиме почит, признание и благодарност на волонтерите, партнерите и поддржувачите за нивната несебична поддршка, кажа Претседателот на Црвен...
ТВМ со Македонците во село Шулин, Албанија на прославата на Ѓурѓовден
Post Views: 193 Во Мала Преспа во Република Албанија, во девет села организирани во Општината Пустец, живее православно македонско население. За Ѓурѓовден во Мала Преспа, се организираат големи прослави со многу обичаи поврзани за овој празник. Екипа на ТВМ беше меѓу македонците во селото Шулин или Безмиште каде култот на светецот Св. Георги Победоносец е силен и се слави со голема радост и почит.На околу 200 км од Тирана и само на неколку минути одалеченост од Пустец, Шулин е едно речиси напуштено селце каде емиграцијата оставила околу 500 жители. Но, за празникот младите кои...
Охридските средношколци, наставници и родители трчаа на хуманитарна трка за Кочани
Post Views: 100 Околу 500 средношколци од охридските училишта денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани. Учениците преку хуманитарната трка „Од срце трчај, од срце дарувај за Кочани” ја искажаа својата почит кон младите кои го загубија животот и солидарност кон семејствата на жртвите во една од најголемите трагедии во поновата историја нашата држава.– „Да помагаме,да сме хумани, да се сакаме , да сме едни за други секогаш тука и оваа сплотенодт што денес ја имаме тука со сите средношколци со сите родители, со сите наставници, баш е еден...
Прво се гради, после се мисли за пристапен пат, експропријациите голем проблем за Општина Охрид
Post Views: 203 На територија на Општина Охрид има стотици случаи каде локалната треба да изврши екпропријација на градежно земјиште за да се обезбеди пристап на граѓаните до нивните домови. Ова е сериозен проблем посебно во услови на засилена урбанизација со изградба на станбени згради. На последната седница на совет советникот од ВМРО НП, Ванчо Костоски потсети дека беше побарано од локалната власт да изготви Програма за приоритет за експропријација на градежно земјиште.–Јас таков програм немам видено. Добро е, сега е веќе крај на мандат, но никогаш не е касно да се направи...
Саем за образование и кариера по трет пат во Охрид
Post Views: 88 Средните училишта од Охрид и 11 високообразовни институции од земјава ги претставија нивните програми и можности за учење пред охридските основци и средношколци на третиот Саем за образование и кариера, во организација на Младински Центар Охрид. Саемот им дава на младите поддршка за избор на средно училиште, факултет, идна професија и планирање на сопствената кариера.На едно место тие имаа можност да се информираат, да поставуваат прашања и да добијат насоки кои ќе им бидат од помош при носењето на одлука каде да го продолжат своето образование. Иако во...







