Автор: Маја Савиќ
Post Views: 71 17-годишната Мила Јовановиќ шест години се занимава со нуркање, спорт за која многумина би рекле дека е претежно машки. Мила за првпат започнала да нурка со својот татко на 12 годишна возраст, а една година подоцна добила и сертификат за нуркање. Таа е членка на Клубот за подводни дејности „Охрид“ и една од младите нуркачки во Охрид кои во последно време ги има се повеќе на број.„Подводниот свет е магичен и секое нуркање носи свои изненадувања.Многу сакам да ги набљудувам најразличните риби. Предизвик ми е да барам стари предмети од антиката,но...
Охриѓани ја продолжија вековната традиција на капење во езерото на Денот на рибарите
Post Views: 24 Со традиционалното капење на рибарите во Охрид денеска се одбележа празникот Свети Јован Крстител. Тајфата на Мартин Гоџо, кој вчера го фати Чесниот крст, денеска на Сараиште влегоа во студените води на Охридското Езеро. Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Охриѓани велат дека со голема радост го чекаат празнувањето на овај ден кое и покрај тоа што во одреден период било забранувано, опстанало како вековна традиција.„На овој ден...
Започна 13-тата Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025“
Post Views: 29 Терминот колективна меморија стана моќен симбол на многуте политички и општествени транзиции кои моментално се во тек, истакна Проф. д-р Рубин Земон на отворањето на 13-тата Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025“ која се одржува во „Куќата на Уранија“.„Новите режими бараат начин да се надминат остатоците од нивните предходници, додека воспоставените системи се соочуваат со пораз на историската свест и се повеќе водат политики на жалење. Колективните сеќавања се спомени споделени од група кои влијаат на нивниот идентитет како заедница....
Црвен Крст Охрид и тимот на Армада израдуваа 40-тина дечиња со предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод
Post Views: 25 40-тина дечиња од семејства во социјален ризик во придружба на своите родители и волонтери од Клуб на млади при Црвен крст Охрид уживаа во предновогодишна едукативно-забавна прошетка по Охридското езеро со бродот Армада. Крстарењето беше уште една хуманитарна акција на Црвен крст Охрид во радосниот месец декември, месецот на дарувањето.„Одлучивме предновогодишните празници да ги израдуваме дечињата од социјален ризик на малку поинаков начин, да им организираме една прошетка со брод , крстарење крај стариот дел на градот кадешто ќе можат да уживаат во...
Уметникот Сашо Блажес со изложбата „No escape from reality“ го прикажува хаосот на секојдневието и потрагата по внатрешен мир
Post Views: 26 „Нема бегство од реалноста“ или No escape from reality е насловена самостојната изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес која денеска беше отворена во поранешната касарна во Охрид.Преку 12 слики изработени во комбинирани техники масло и акрил на платно, една инсталација и едно кратко видео, поставени во еден хаотичен и руиниран простор на некогашната армиска менза, уметникот и го открива на јавноста својот критички однос кон реалноста.„Моите дела претставуваат едно таканаречено истражување на културолошките и психолошките проблеми кои се...
Пецаков: Општина Охрид за 2025-та има историски најголем и развоен буџет
Post Views: 46 Советот на Општина Охрид го усвои буџетот за 2025 година кој тежи околу 1.2 милијарди денари или 19,5 мил евра Денеска Советот го донесе најголемиот буџет во историјата на Општина Охрид, кој е перпективен и развоен истакна градоначалникот Кирил Пецаков по седницата.„ Над 200 милиони оваа година ќе пренесиме салдо и основен буџет околу 700 милиони, дополнително 96 милиони кои ги имаме како приход од ДДВ , што значи дека ако на тоа ги додадеме околу 400 милиони кои претставуваат ставка за капитални инвестиции би рекле дека станува збор за доста развоен буџет...
Брод Армада: Пет години услуга со пет ѕвезди на Охридското Езеро
Post Views: 40 Поминаа точно 5 години од моментот кога бродот Армада за прв пат започна да крстари по бистрите езерски води. Таа 2019-та година, откако беше комплетно реновиран, го започна своето патување по Охридското Езеро, кое трае до ден-денес.Опремен е со најнова технологија за навигација и безбедност на бродот. Има две палуби, внатрешна и надворешна, и двете дизајнирани за максимално уживање, два тоалети со бесплатен Wi-Fi за сите посетители на бродот. Пијалоците се служат и во двата барови, а на барање има опција за служење на храна, со што задоволството...
Во Охрид не запира градбата на згради иако пола од становите се празни
Post Views: 61 Охрид е пожелна дестинација за градење за инвеститорите кои добиваат одобренија иако претераната урбанизација е нотирана во забележките на УНЕСКО како една од главните закани по универзалната вредност на Охридскиот регион. Потребно е да се воведе ред во градењето, ваквата урбанизација на Охрид е непринципиелна, сметаат дури и стручните лица кои заработуваат од продажба на станови.„Треба да се урбанизираат одредени делови, да се обноват, реставрираат и тн. Меѓутоа ние треба да размислиме што сакаме. Дали сакаме Охрид да биде бисер или ние сакаме да го...







