Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Охридската библиотека премина во отворен тип

Post Views: 447 Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.Работното време на Библиотеката со читатели...

Продолжи со читање

Урбанистичките предизвици пред локалната власт

Post Views: 412 186 урбанистички плански документации се започнати, а не се завршени, од кои најстариот датира од пред 20 тина години. Ова го обелодени градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков одговарајќи на советничко прашање за состојбата со урбанистички планови кои се во фаза на постапување или се во фаза на поднесени иницијативи.„Добар дел од урбанистичките планови се во хартиена форма. Разговарајќи со претставниците од Министерството за транспорт и врски , Агенција за просторно планирање, најверојатно тие планови кои се во хартиена форма ќе треба да се почне наново...

Продолжи со читање

Поскапе такси превозот во Охрид

Post Views: 730 Охридските советници им излегоа во пресрет на барањата на такси превозниците за поскапување на услугата. Денеска на Седница на Совет беше изгласана одлука со која поскапе такси превозот. Цената на услугата за првиот километар е 50 денари, а секој следен километар во период од 5 ласот наутро до 23 часот ќе се наплаќа по 35 денари а од 23 часот до 5 часот наутро по 45 денари. Основано е барањето на такси превозниците со оглед на покапувањето на горивата и во интерес на градот е компаниите да се справат со предизвиците и да имаат континуитет во работата, кажа...

Продолжи со читање

Започна третата фаза на Македонски Просветители

Post Views: 610 Денеска започна изведбата на третата фаза од реконструкцијата на улицата Македонски Просветители. Градежните зафати се одвиваат според предвидената динамика и Градоначалникот Кирил Пецаков е оптимист дека ќе бидат завршени во предвидениот краен рок за изведба, 1-ви јуни.„Имаме чести состаноци и со изведувачот , и со надзорот и сите останати служби коишто се вклучени во реализација на проектот бидејќи сите јавни претпријатија се вклучени во самата изградба. Во однос на фазите , во втората фаза, ние до 15ти март го завршивме она што е наша обврска. А за третата...

Продолжи со читање

Штрајк за минималец во управата и правосудството

Post Views: 755 Судските службеници во Охрид денеска излегоа на предупредувачки двочасовен штрајк за минималец пред Основниот Суд. На тој начин тие се приклучија на протестот кој го организира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) низ цела држава. Бараат исплата на минималната плата веднаш за сите вработени кои во овој момент се под законскиот минимум и линерано зголемување на сите останати плати за износ од 2806 денари.„Скоро сите вработени од Г категорија вработени, референт, помлад , виш и самостоен референт се сите...

Продолжи со читање

ГРК Охрид

ГРК Охрид со нетрпение го очекува РК Тиквеш

Post Views: 426Со многу емоции ракометарите на ГРК Охрид го очекуваат следниот натпревар од суперлигашкиот плејоф. На гости доаѓа Тиквеш, екипа од која загубија на гостински терен во дуел кој имаше и трето полувреме по кое суспензија добија Михајло Младеновиќ и тренерот Раде Стојановиќ. Но што било поминало, со ладни глави, голема мотивираност и борба за секоја топка мора да се дојде до победа истакнува еден од учесниците на немилиот настан.„Морам да кажам дека Тиквеш е добра екипа, квалитетна со многу квалитетни играчи. Мислам дека треба да го дадеме максимумот да...

Продолжи со читање

Кадетите во борба за трофеј

Post Views: 633 Кадетите на ГРК Охрид по освојување на првото место во групата со Струга, Енхалон и Сани и победатата на гости над Еурофарм Пелистер во борба за трофеј. Тие обезбедија место меѓу најдобрите 4 екипи во Македонија. Сега ги очекуваат најтешките две препреки до шампионскиот трофеј, полуфиналето против Бутел и евентуалното финале против подобриот од дуелот Алкалоид- Пролет. Сите четири екипи имаат изедначен квалитет со тројца до четворица големи таленти во екипата па предноста најверојатно ќе се бара во детали како што е поддршката од трибините.„Огромна...

Продолжи со читање

Од денеска покачен минималец

Post Views: 299 Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари. Како што наведува Владата, покачен минималец ќе добијат 80 илјади вработени од различни дејности. Минималецот, според последните законски измени, е зголемен за 2 800 денари од претходниот, чија сума изнесуваше 15 200 денари.Договорот за покачен минималец беше постигнат во дијалог на Владата со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период. Утврдена е и методологија со која минималната плата континуирано ќе расте. посочуваат од Владата.„Дефинирано е дека...

Продолжи со читање

Македонија ќе набавува гас од САД

Post Views: 517 Северна Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и САД, информира владата.Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели во заклучоците на Европскиот Совет.„Благодарение на оваа стратегија за справување со последиците од војната и енергетската криза Северна Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се...

Продолжи со читање

Санација на плоштадот кај Мини маркет

Post Views: 629 Општина Охрид ќе ги санира оштетувањата на јавните добра и урбана опрема на повеќе локации меѓу кои и Плоштадот кај Мини маркет за чија запуштена состојба реагираа граѓаните преку рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ.Граѓаните бараат санација на плоштадотСлужбите на Општина Охрид извршиле увид и ја утврдиле состојбата во која се наоѓа плоштадот кај Мини маркет, како и пешачките патеки канал Студенчишта – хотел Парк, Лабино – Канео, Лабино – Воска – Даљан, детските и повеќенаменските игралишта на цела територија од Општината.Врз основа на...

Продолжи со читање

Насоки за етичко известување кои вклучуваат и родово сензитивни медиумски содржини

Post Views: 821Овие Насоки претставуваат професионални упатства наменети за уредниците/чките, новинар(к)ите и сите други креатор(к)и на содржини кои работат во ТВМ, а со цел да помогнат во развивање силен и кредибилен систем на саморегулација и да го зајакнат независното, професионално и одговорното новинарско известување. Насоките се однесуваат и на сите информации и содржини што ТВМ како медиум ги пласира и на своите профили на социјалните мрежи или на другите интернет платформи.Сите вработени ќе бидат запознаени со содржината на овие Насоки и треба да ги...

Продолжи со читање

Етички кодекс на ТВМ

Post Views: 841 Член 1ТРД „ТВМ“ Арнаудов Михајло Охрид ДООЕЛ го донесува овој Етички кодекс кој ги уредува етичките правила на однесување внатре во колективот и кон заедницата, а се однесува на сите личности вработени во  претпријатието по било кој правен основ.Член 2Тргнувајќи од својата улога во градењето на демократијата и штитењето на јавниот интерес, со извршување на својата основна задача, правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на РСМ, ТВМ настојува да продуцира покриеност на темите во заедницата што е целосна и...

Продолжи со читање