Автор: Маја Савиќ
Post Views: 82 Пет јавни претпријатија минатата година ја завршиле со добивка, а само Охридски Комуналец во завршната сметка прикажало загуба. Дали добивката која ја прикажале јавните претпријатија ја одразува нивната вистинска кондиција или влијаеле субвенциите кои ги добиваат од општината, кажа координаторката на советничката група на СДСМ и Коалицијата на денешната седница на совет.ЈП „Градски гробишта“ прикажало добивка од 1,7 мил ден, но примило субвенции од општината од 6,2 мил денари. ЈП Водовод прикажало добивка од 4,7 мил ден, општината на ова претпријатие му дала 16...
Нуркањето има огромен потенцијал за привлекување туристи
Post Views: 86 Туристичкиот потенцијал на нуркањето во Охридското езеро е огромен, но недволно искористен. Оваа спортска активност треба да се најде во понудата на Охрид затоа што голоем е интересот кај странските туристи за рекреативно нуркање, посебно кај оние кои сакаат активен одмор.Во сите големи туристички центри нуркањето зазема едно од првите места во понудата на хотелите и туристичките агенции и водичи, вели Емил Јовановиќ од Клубот за подводни дејности „Охрид“.„И во Охрид со тек на времето ќе се валоризира ова нуркање и овие наши напори нуркањето да си го заземе...
Едукативни предавања за пчеларството во охридските основни училишта одржува Здружението на пчелари Охрид
Post Views: 139 Основците од одделенска настава во охридските училишта и годинава ќе се запознаваат со значењето на најблагородниот инсект на планетата, пчелата и пчеларењето. Едукативните предавања ги спроведува Здружението на пчелари Охрид и истите наидуваат на голем интерес кај дечињата.„ Вршиме предавања во основните училишта за да ја подигнеме свеста за пчеларството и да вродиме љубов кај децата за одгледувањето на пчелите од најмала возраст. Предходната година овај проект се покажа како доста успешен и оваа година на иницијатива на дечињата и наставниот кадар вршиме...
Црвен Крст на Македонија им додели плакети на градоначалниците на Охрид и Дебрца по повод 80 годишниот јубилеј
Post Views: 82 Црвениот крст на Maкедонија годинава ја одбележува 80 годишнината од постоењето. За тоа како денеска изгледа Црвениот крст на Македонија, со неговата големина и успешност, има многу придонесено Општинската организација на Црвен крст Охрид која е една од најуспешните во државата , истакна Претседателот на Црвен крст на Македонија, Проф. д-р Ромел Велев.Успешноста во справувањето со предизвиците во обезбедување хуманитарна поддршка на луѓето изложени на ризици и кризни состојби многу зависи од соработката со општините, истакна Проф. Велев, кој во името на...
Годинава ќе продолжат акциите за отстранување на мрежи духови од Охридско Езеро
Post Views: 109 ЈНУ Хидробиолошки завод во соработка со нуркачкиот центар „Амфора“ и меѓународната фондација Healthy Seas и годинава ќе продложи со акции за чистење на Охридското езеро од мрежи духови. Овие напуштени или изгубени риболовни мрежи претставуваат значителна закана по екосистемот на езерото кое е под голем притисок од загадувањето и човековото влијание. Во последниве години, беа иницирани акции за решавање на проблемот со мрежите духови во Охридското Езеро. Во 2017 година беа извадени импозантни 14 км мрежи, во 2023 се извадени околу 2 км, а поледната нуркачка акција беше...
Охриѓани дишат загаден воздух, неопходно е креирање мерки соодветни на состојбата и нивно доследно спроведување
Post Views: 85 Загадувањето на воздухот во Охрид станува алармантно и градот е високо на листата како еден од најзагадените во државата. Потребен е сериозен пристап кон Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид, бидејќи здравјето на граѓаните и квалитетот на живот се од суштествено значење, истакна советничката од СДСМ, Живка Ангелоска на денешната седница при разгледување на извештајот за негова реализација. Од Извештајот може да се согледа дека не се направило ништо или се направило многу малку за подобрување на квалитетот на воздухот, посочи Ангелоска....
Охрид конечно ќе добие Дневен центар за пензионери
Post Views: 127 Општина Охрид ќе купува деловен простор, што е прв ваков случај во државава. Станува збор за стекнување со имот преку купопродажба во извршна постапка и пребивање на побарување од должник кое општината не може да го наплати. Тоа денеска на седница беше одобрено од советниците.„Станува збор за должникот Биг стоун ДООЕЛ од Струга. Ние имаме основно побарување од нив од 3 872 750 денари. Купопродажната цена е 4 760 100 ден. Она што ние, пред да се пребиеме со побарувањето што го имаме по однос на оваа купопродажна цена мора да го исплатиме е износот према Халкбанка кој...
Доделени медалите на охридските Бреинобреин генијалци кои ги освоија на 13-тиот Интернационален натпревар
Post Views: 76 Уште еден голем меѓународен успех на охридските генијалци од Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин при Црвен крст Охрид. 6 златни и 13 сребрени медали освоија на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 25 јануари.„Ние сме задоволни од успехот што го постигнаа нашите ученици во конкуренција од 23.128 илјади учесници од 78 земји. Натпреварот се состои во четириминутно решавање на задачи. Кој ќе реши најмногу и најточни задачи за 4 минути кога станува збор за натпреварите кои се организираат он лајн.“ – кажа...







