Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Опожарена трска кај Калишта

Post Views: 471 На 14.03.2022 година околу 14 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Истиот ден, пријавено е дека на 13.03.2022 година околу 19 часот настанал пожар во месноста „Краста” во атарот на струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

ЕУ воведува нови санкции против Русија

Post Views: 477 Европската унија утрово официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот и забрана за патување на Роман Абрамович. Сите детали се очекува да бидат објавени подоцна денеска.Забраната дојде по разговорите меѓу лидерите на ЕУ во Версај во четвртокот и петокот. Санкциите се насочени кон 600 руски граѓани, што францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го нарече „историска одлука“.Санкциите се проширени на клучните олигарси, лобисти и пропагандисти кои го туркаат наративот на Кремљ за ситуацијата во Украина, како и...

Продолжи со читање

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа за Украина

Post Views: 488 Премиерите на Чешка, Полска и Словенија отпатуваа за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фјала на социјалните мрежи. Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина – рече тој. Целта на оваа посета, како што додаде, е исто така е да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците.

Продолжи со читање

Работат каменоломите во Лабуништа, се најавуваат протести

Post Views: 474 По двегодишна пауза, повторно се активира механизацијата на каменоломите во струшко Лабуништа. И покрај одземените концесии, деновиве се врши ископување и експлоатација. Со години еколозите бараа затворање на каменоломите, кои поради минирање и ископување предизвикуваат големи количини прав, кој го труе населението.Мештаните бараат итно да се стопира, во спротивно повторно најавуваат масовни протести, бојкот на настава и граѓанска непослушност. Се што се работи на терен бараме во најкраток рок да се забрани, односно да се стопира. Ова го апелираме за да не дојде...

Продолжи со читање

Како до унапредување во средното стручно образование

Post Views: 574 „Унапредување на средното стручно образование“ беше тема на настанот што денес се одржа во Охрид во организација на Министерството за образование и наука, a со поддршка на Општина Охрид. Во своето поздравно обраќање охридскиот градоначалник Кирил Пецаков истакна дека ја поддржува секоја промена што е во насока на општествен напредок, па оттука неминовно е да се применува дуалното образование во стручните училишта со цел квалификуваните кадри да можат да се вработуваат во компании во својата земја.  Унапредувањето на средното стручно образование е...

Продолжи со читање

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

Post Views: 362 На 68-годишна возраст почина филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој беше и државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година и директор на „Вардар филм“.Во продукција на „Вардар филм“, додека тој беше директор се снимија филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“. „Вардар филм“ тогаш учествуваше и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Продолжи со читање

Македонија на 9-то место, Ерменија победи на Јуниор Евросонг

Post Views: 373 Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија 9-то место.Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина. Песната „Green Forces“ на нашите претставници доби 114 поени.Дванаесет поени ни додели Албанија, а 12 поени од македонското жири заминаа кај Русија.Песната на Малена „Qami Qami“ со вкупно 224 поени, заврши на првото место.Настапот може да го погледнете на следниот линк

Продолжи со читање

Нов рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија

Post Views: 407 Според здравствените власти во Бугарија, 93,87 отсто од 310 починати од Ковид-19 биле невакцинирани. Во изминатите 24 часа има пријавено и 6.007 новозаразени. Како што јави дописникот на МИА од Софија, 1341 се новопримени во болниците во Бугарија, а 90,16% од нив не се вакцинирани.Дозите на вакцините против Ковид-19 кои досега се аплицирани во Бугарија се вкупно 2.874.721, од кои 14.545 се за последните 24 часа. Бројот на починати од почетокот на пандемијата коронавирусот е 24.309. Ситуацијата е критична, се соочуваме со огромна закана и тоа бара заедничка...

Продолжи со читање

Киднапери нападнале млада таеквондистка од БиХ, таа нокаутирала еден од напаѓачите

Post Views: 463 Младата таеквондистка од БиХ, Надина Мехмедовиќ, вчера вечерта беше цел на киднапери, но успеала да им избега така што нокаутирала еден од нив.Нападот на 17-годишната таекводистка која успеала да им избега на киднаперите откако нокаутирала еден од нив, го потврди нејзиниот татко, Елвин Мехмедовиќ. Сакаме да ја известиме јавноста дека во неделата во вечерните часови во Шијам се случи неверојатна ситуација, непознати лица се обиделе да ја киднапираат Надина Мехмедовиќ, која е репрезентативка во таеквондо. Тие се обиделе на сила да ја внесат во автомобил и притоа и...

Продолжи со читање

Забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга

Post Views: 289 Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“.Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа. Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга.Екипите на претпријатието, работат со...

Продолжи со читање

Руската делегација пристигна во Брест на разговори со Украинците

Post Views: 440 Руската делегација е веќе пристигната во Брест, Белорусија каде денеска треба да се одржи третата преговарачка рунда меѓу делегациите на Русија и Украина.Според руските извори, градот Брест во Белорусија ќе биде домаќин на третата рунда разговори.Во секој момент се oчекува пристигнувањето и на украинската делегација.

Продолжи со читање

Момче со нож избоде десетмина во воз во Токио

Post Views: 430 Момче со нож во воз во Токио, денеска избоде повеќе патници, а потоа запалил оган, јави АП, повикувајќи се на полициски извори.Тој повредил најмалку 10 луѓе, од кои еден потешко, објави Јавната телевизија Ен-ха-ка.Момчето за кое полицијата вели дека има околу 20 години, уапсено е на местото на ицидентот.Мотивот за нападот сеуште не е познат.Снимки на кои се прикажуваат пожарникари, полиција и итна помош ги преплавија социјалните мрежи, а сите се обидуваат да им помогнат на повредените патници, додека многумина бегаа скокајќи од прозорците од возот. ...

Продолжи со читање