Автор: Маја Савиќ
Post Views: 85 Вештачкиот мрест на охридската пастрмка во водите на Охридското Езеро, кој се прави по шестгодишна пауза, се одвива успешно. Само за шест риболовни денови стручните лица од ЈНУ Хидробиолошки Завод Охрид успеаа да соберат 660 000 зрна икра што е и повеќе од планираната количина согласно договорот потпишан помеѓу научната установа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.„ Во рекордно време се собра планираната количина зрна икра и млеч, оплодена е икрата и поставена во мрестилишните инсталации. Во моментов имаме повеќе од 600 000 зрна оплодена икра...
Занаетчии ќе нема ни за лек
Post Views: 89 Во старата охридска чаршија 80 години опстојува дуќанот на семејството Белеви. Фирмата за изработка на кожарски производи е регистрирана во далечната 1946 година. Опинчарскиот занает го започнале браќата Ѓорѓи и Милан, а традицијата ја продолжил до денес Крсте Белев. Асортиманот се менувал од опинци и сарачка опрема на почетокот до рачно изработени женски и машки чевли, ташни и каиши.Дуќанот е најпосетен од странските туристи кои ги ценат рачните изработки. Белев по три децении работа се надева дека некој ќе го наследи опинчарскиот занает.„Во 1990 год јас...
Јавните претпријатија добија 3-ка од охриѓани за квалитетот на дигиталните услуги
Post Views: 84 Тројка е оцената која ја добиле охридските јавни претпријатија од граѓаните за квалитетот на услугите во однос на дигитализацијата. Ова го покажале испитувањата на задоволството на граѓаните кои ги спроведе Организација на потрошувачите на Македонија. Во однос на дигиталните алатки кои ги користат охридските јавни претпријатија во моментов достапно е електронско плаќање на сметка. Претпријатијата имаат веб страна, како алатки за комуникација се користат и социјалните мрежи, но неопходни се посовремени апликациии преку кои граѓаните брзо и на едноставен начин ќе можат да...
Шестдецениска традиција на печење ракија прерасна во семејна дестилерија „Богданоски“
Post Views: 196 Охриѓанецост Коста Богданоски, кој е познат по производство на квалитетна домашна ракија ја брендира и ја промовираше семејната дестилерија „Богданоски“.Тој е трета генерација во семејството кое произведува ракија на традиционален начин. Семејниот занает започнал во 1962 година кога дедо му Косте го купил првиот казан, го продолжил татко му Павел, за денес традицијата на печење ракија да прерасне во локален бренд.Печењето ракија не е тешко ако имаш друштво, со добро друштво ракијата се вари без проблем, вели Коста.„Напорно е, сепак не е така...
На Охрид му е потребен археолошки музеј
Post Views: 94 На Охрид му е неопходен современ археолошки музеј каде ќе биде соодветно сместено и презентирано богатото материјално културно наследство. НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид поседува повеќе од 100 000 вредни археолошки предмети. Дел од нив се изложени, но поголемиот дел се чуваат во депоата на Завод и Музеј.Збирката на артефакти постојано расте. Во охридскиот регион има преку 250 археолошки наоѓалишта, почнувајќи од неолитот преку антиката до средниот век. Секое археолошко истражување продуцира нови наоди кои нема каде да се изложат....
УИНТ „Св. Апостол Павле“ : Создаваме клима за што поголем број млади жени во науката
Post Views: 92 Македонија е една од ретките земји во Европа кадешто повеќе од 50% од вкупниот број истражувачи се жени, што е показател за огромниот потенцијал на жените и девојките кои избрале професионално да се реализираат во науката, технологијата, инженерството и математиката. Овај тренд се пресликува и на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид каде денеска беше одбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката.Нашата цел е подобрување на климата во државата и во градот Охрид за што поголем број млади жени да се реализираат во STEM ( наука, технологија, инженерство,...
Недески: Да им создадеме услови на талентираните ученици да ја градат домашната индустрија
Post Views: 93 Интересот на учениците за техничките струки, дуалното образование, соработката на приватниот сектор со образовните центри се позитивни трендови кои продуцираат кадар со релевантни вештини и компетенции. Сликата за средните технички училишта се менува покрај со унапредување на квалитетот на образовниот процес и со посебно внимание и работа со талентираните ученици.Во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид со талентираните ученици се работи дополнително, надвор од редовната настава, со вложување многу труд од професорите ментори во рамки на разни проекти, вели директорот,...
Охридските гимназијалци се вклучија во кампањата за поддршка на лицата со ретки болести
Post Views: 74 По повод одбележувањето на месецот на ретките болести Младинската заедница при гимназијата Св „Климент Охридски“ реализираше настан насловен GIVE ME FIVE. Средношколците насликаа мурал на ѕидот на спортската сала и одржаа работилница за изработка на едукативни хамери.Целта ни е да ја поттикнеме младата популација да се запознае со предизвиците на лицата кои страдаат од ретки болести и да им покажеме дека секој може да направи разлика со малку разбирање и солидарност, вели претседателот на младинската заедница, Иво Георгиески.„Овај настан е целосна...







