Автор: Маја Савиќ
Post Views: 79 ОУ „Григор Прличев“ со низа активности го одбележува својот патронат. Денеска на пригодна свеченост беа доделени наградите за најдобри ликовни и литературни творби на училишниот конкурс. Спомен бистата на Прличев беше закитена со ловоров венец и беа положени букети свежо цвеќе од делегации.Одбележувајќи го споменот на патронот се навраќаме кон корените на нашата мисија образованието и негување на вистинските вредности, истакна директорката на училиштето, Лилјана Ефтимовска.“Ги синтетизираме, на некој начин, постигнувањата во текот на изминатата...
Свечено врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади
Post Views: 125 Свечено врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата „Никогаш пред ил’ потем”, во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се одбележува годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Оваа награда значи афирмација за моето долгогодишно поетско творештво кое кулминираше во поема која претставува лична внатрешна борба на една од најинтересните личности во историјата, Александар Македонски, ќе каже младиот поет Ал-Асади.–Секогаш е предизвик да се учествува на конкурс од ваков...
Следната недела ќе биде објавен вториот повик за инфраструктурни проекти во општините финансирани од централниот буџет
Post Views: 91 До 15 милијарди денари од државниот буџет им се ставаат на располагање на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти во рамки на вториот владин повик кој ќе биде објавен следната недела преку Министерството за локална самоуправа.„Ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти како училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните. Се работи за историски најголема инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа.“ –...
Уништени и непроодни тротоари и коловози при градење објекти скоро на секоја улица во Охрид
Post Views: 77 Во Охрид се гради на секој чекор, а ретки се инвеститорите на индивидуални и колективни станбени објекти кои се придржуваат на правилата на градот при изведување градежните работи. Калливи сообраќајници, земја и градежен шут на јавни површини, за време на градењето узурпирани, а потоа уништени тротоари, напукнати коловози кои не се враќаат во првобитната состојба е грдата слика на многу улици низ Охрид.Тотален хаос е ситуацијата во Охрид на многу локации и за ова треба да дискутираме, критикуваме и да побараме подобрување, односно поголема грижа од страна на локалната...
Охридските советници со поддршка за лицата со ретки болести
Post Views: 77 Денеска советниците и советничките во Советот на Општина Охрид ги обоија дланките во разни бои во знак на поддршка и подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести.Последниот ден во месец февруари се одбележува како светски ден на ретките болести. А од први февруари започнува седмата Национална кампања Ги запознаваме ретките болести која ја спроведува Здржението на лица со ретки болести од Охрид, Ретко е да си редок.-Традиционално како и претходните години, Советот на Општина Охрид дава максимална поддршка на...
Ќе се поставуваат полуподземни контејнери на локации кои се критични во поглед на управување со отпадот
Post Views: 106 На денешната 52 седница на Советот на Општина Охрид поминаа сите точки од Дневниот ред кој беше надополнет со 5 предлог одлуки.Петте точки со кои беше дополнет дневниот ред се Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка, предлог решение за именување членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинската соработка, предлог програма за измени и дополнување на програмата за урбана опрема, изградба и одржување за 2025 година, предлог програма за измени и дополнување на програмата за други...
Жестока дискусија за планот за вработувања во општинската администрација
Post Views: 128 Мнозинството во Советот на Општина Охрид на денешната 52 седница даде согласност за Измените на годишниот план за вработување во општината за 2025 година. Измените предвидуваат пополнување на 13 работни места и 8 унапредувања.По оваа точка на дневниот ред се разви жестока дискусија помеѓу координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска и секретарот на општината Александар Китески.Ангелоска од говорницата потсети дека локалната власт минатата година со нов акт за систематизација на работните места искажа намера да се редуцираат работните...
Охридскиот БРЕИНОБРЕИН Центар врши упис на нови ученици
Post Views: 78 Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН на Црвен крст Охрид. Интернационалната Бреинобреин едукативна програма е наменета за деца од 4 до 14 годишна возраст преку која тие се стекнуваат со нумерички и вербални вештини и ги развиваат концентрацијата, меморијата, способноста за учење, самодовербата и креативноста.„Во нашето 15 годишно постоење и успешно работење, можеме да се пофалиме дека од нашиот Центар навистина излегле бројни дечиња генијалци , така би ги нарекла. Сите оние коишто работат посветено и онака како што налага...







