Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Трипуновски: Дополнителните контроли покажаа дека нема недозволен пестицид во зелката вратена од Хрватска

Post Views: 85 При спроведената контрола кај производителот на свежата зелка извезена за хрватскиот пазар, а која беше вратена од хрватската граница поради наводно присуство на недозволен пестицид, не е откриена употреба на забранети препарати, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.– За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, кој е извозникот. Преку Инспекторатот за земјоделство направени беа дополнителни контроли, земени се мостри од извезениот градинарскиот продукт....

Продолжи со читање

Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на охридска пастрмка

Post Views: 110 По 6 години застој повторно се спроведува вештачки мрест на охридската пастрмка. Планирано е Охридското езеро да биде порибено со над еден милион единки подмладок од ендемичната пастрмка. Во тек се активностите за излов на полово зрели единки пастрмка и собирање икра, на кои денеска на увид беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Tрипуновски.„Оваа активност е многу важна за нас како Министерство, како држава бидејќи со ова се зачувува охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства. Продолжуваме да ја водиме оваа активност...

Продолжи со читање

Мила Јовановиќ го урива стереотипот дека нуркањето е претежно машки спорт

Post Views: 250 17-годишната Мила Јовановиќ шест години се занимава со нуркање, спорт за која многумина би рекле дека е претежно машки. Мила за првпат започнала да нурка со својот татко на 12 годишна возраст, а една година подоцна добила и сертификат за нуркање. Таа е членка на Клубот за подводни дејности „Охрид“ и една од младите нуркачки во Охрид кои во последно време ги има се повеќе на број.„Подводниот свет е магичен и секое нуркање носи свои изненадувања.Многу сакам да ги набљудувам најразличните риби. Предизвик ми е да барам стари предмети од антиката,но сега,засега има...

Продолжи со читање

Охриѓани ја продолжија вековната традиција на капење во езерото на Денот на рибарите

Post Views: 89 Со традиционалното капење на рибарите во Охрид денеска се одбележа празникот Свети Јован Крстител. Тајфата на Мартин Гоџо, кој вчера го фати Чесниот крст, денеска на Сараиште влегоа во студените води на Охридското Езеро. Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Охриѓани велат дека со голема радост го чекаат празнувањето на овај ден кое и покрај тоа што во одреден период било забранувано, опстанало како вековна традиција.„На овој ден на Св Јован...

Продолжи со читање

Започна 13-тата Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025“

Post Views: 94 Терминот колективна меморија стана моќен симбол на многуте политички и општествени транзиции кои моментално се во тек, истакна Проф. д-р Рубин Земон на отворањето на 13-тата Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025“ која се одржува во „Куќата на Уранија“.„Новите режими бараат начин да се надминат остатоците од нивните предходници, додека воспоставените системи се соочуваат со пораз на историската свест и се повеќе водат политики на жалење. Колективните сеќавања се спомени споделени од група кои влијаат на нивниот идентитет како заедница. Историјата за...

Продолжи со читање

Црвен Крст Охрид и тимот на Армада израдуваа 40-тина дечиња со предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод

Post Views: 81 40-тина дечиња од семејства во социјален ризик во придружба на своите родители и волонтери од Клуб на млади при Црвен крст Охрид уживаа во предновогодишна едукативно-забавна прошетка по Охридското езеро со бродот Армада. Крстарењето беше уште една хуманитарна акција на Црвен крст Охрид во радосниот месец декември, месецот на дарувањето.„Одлучивме предновогодишните празници да ги израдуваме дечињата од социјален ризик на малку поинаков начин, да им организираме една прошетка со брод , крстарење крај стариот дел на градот кадешто ќе можат да уживаат во прекрасна...

Продолжи со читање

Уметникот Сашо Блажес со изложбата „No escape from reality“ го прикажува хаосот на секојдневието и потрагата по внатрешен мир

Post Views: 82 „Нема бегство од реалноста“ или No escape from reality е насловена самостојната изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес која денеска беше отворена во поранешната касарна во Охрид.Преку 12 слики изработени во комбинирани техники масло и акрил на платно, една инсталација и едно кратко видео, поставени во еден хаотичен и руиниран простор на некогашната армиска менза, уметникот и го открива на јавноста својот критички однос кон реалноста.„Моите дела претставуваат едно таканаречено истражување на културолошките и психолошките проблеми кои се одвиваат денес...

Продолжи со читање

Пецаков: Општина Охрид за 2025-та има историски најголем и развоен буџет

Post Views: 138 Советот на Општина Охрид го усвои буџетот за 2025 година кој тежи околу 1.2 милијарди денари или 19,5 мил евра Денеска Советот го донесе најголемиот буџет во историјата на Општина Охрид, кој е перпективен и развоен истакна градоначалникот Кирил Пецаков по седницата.„ Над 200 милиони оваа година ќе пренесиме салдо и основен буџет околу 700 милиони, дополнително 96 милиони кои ги имаме како приход од ДДВ , што значи дека ако на тоа ги додадеме околу 400 милиони кои претставуваат ставка за капитални инвестиции би рекле дека станува збор за доста развоен буџет кој значи...

Продолжи со читање