Охридско Езеро – извор на питка вода од кој може да зависиме во иднина
Post Views: 608 До средината на овој век пристапот до вода за пиење ќе биде сериозен предизвик за голем дел од светската популација. Водата како ограничен ресурс ќе станува подрагоцена од нафтата. Неопходно е постојано истражување, следење и заштита на изворите на вода и нивна правилна експлоатација. За охридскиот регион, впечатокот кај граѓаните е дека лежи на вода и никогаш не може да се соочи со недостаток. Како изворишта на вода се користат: Билјанини Извори, подземна вода од Беј Бунар, Летнички И звори од Рамне, извор Св.Илија од Велгошти, подземна вода во близина на...