Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Брод Армада: Пет години услуга со пет ѕвезди на Охридското Езеро

Post Views: 99 Поминаа точно 5 години од моментот кога бродот Армада за прв пат започна да крстари по бистрите езерски води. Таа 2019-та година, откако беше комплетно реновиран, го започна своето патување по Охридското Езеро, кое трае до ден-денес.Опремен е со најнова технологија за навигација и безбедност на бродот. Има две палуби, внатрешна и надворешна, и двете дизајнирани за максимално уживање, два тоалети со бесплатен Wi-Fi за сите посетители на бродот.  Пијалоците се служат и во двата барови, а на барање има опција за служење на храна, со што задоволството и...

Продолжи со читање

Во Охрид не запира градбата на згради иако пола од становите се празни

Post Views: 137 Охрид е пожелна дестинација за градење за инвеститорите кои добиваат одобренија иако претераната урбанизација е нотирана во забележките на УНЕСКО како една од главните закани по универзалната вредност на Охридскиот регион. Потребно е да се воведе ред во градењето, ваквата урбанизација на Охрид е непринципиелна, сметаат дури и стручните лица кои заработуваат од продажба на станови.„Треба да се урбанизираат одредени делови, да се обноват, реставрираат и тн. Меѓутоа ние треба да размислиме што сакаме. Дали сакаме Охрид да биде бисер или ние сакаме да го претвориме во едно...

Продолжи со читање

“ЦЕПЕНКОВ’N ROLL” е новата премиера на детското драмско студио „Драмакидз“

Post Views: 131 Музичката детска претстава “ЦЕПЕНКОВ’N ROLL” е новата премиера на детското драмско студио „Драмакидз“. Неуморните мали големи актери подготвени од режисерката Ирена Стеријовска Јончевска и драматургот Кристина Тодороска Петреска на публиката ќе и претстават мјузикл со поговорки, поуки, приказни и гатанки, но на јазикот на денешницата.Претставата е патување низ македонската традиција со еден свеж и провокативен пристап, вели драматурготТодороска Петреска.„Го одбравме Цепенков како неизмерен извор на мудрости и приказни и истиот се обидовме да го преведеме на...

Продолжи со читање

Претседателот на собранието Африм Гаши во прва официјална посета на Охрид

Post Views: 74 Претседател на Собранието на РСМ Африм Гаши денеска беше во посета на Охрид во рамки на проектот Пратениците поблиску до граѓаните преку Пратеничките канцеларии во општините. Гаши се информира како функционираат канцелариите, дали има заинтересираност кај граѓаните за средби со нивните избраници во законодавниот дом. Непосредниот контакт со граѓаните е најважниот елемент во парламентарната демократија и избраниот пратеник не само за време на изборите туку и во текот на мандатот треба да биде достапен, истакна Гаши.„Мислам дека овде е се во ред во Охрид. Нормално...

Продолжи со читање

Советот на Општина Охрид го усвои нацрт буџетот за 2025-та

Post Views: 132 Градските советници го донесоа Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2025 година тежок околу 19 мил евра. Опозицијата со забелешки за предвидени мали износи на средства за капиталните проекти најавувани дека ќе се реализираат во претстојната година и дека продолжува праксата на локлнаата власт поголемите проекти да се преместуваат во развојните тригодишни програми, односно од 2026та па натака.„ За 2025 година за плоштадот Крушевска република се предвидени 3 мил. Денари, а во развојната програма сигурно ќе има дополнителни средства бидејќи овие 3 мил не се доволни за...

Продолжи со читање

Бислимоски: Не очекувам дека ќе има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата поголемо од 1%

Post Views: 94 Денеска на прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ги соопшти цените за пренос на електрична енергија на МЕПСО, за дистрибуција на електрична енергија Електродистрибуција и цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО.Цената за мрежарина која зафаќа окоу 38 отсто во крајната цена, се намалува за 7 отсто. Предходно мрежарината кај домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега со намалувањето ќе изнесува 2,14 денари.„Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од...

Продолжи со читање

Рибарски мрежи

Објавени јавните повици за концесии за комерцијален и рекреативен риболов на Охридско Езеро

Post Views: 231 Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави јавните повици за концесии за вршење комерцијален риболов и организирање на рекреативен риболов на Охридско Езеро.Со новиот Закон за рибарство се направени нови риболовни основи, односно нов пристап во користењето и заштитата на рибниот фонд во Охридското Езеро. Езерото е поделено на 7 риболовни зони наменети за комерцијален риболов и тоа риболовна зона „Радожда“ , „Калишта“ , „Струга“, „Воска“ , „Охрид“ , „Пештани“ и „ Трпејца“. Секоја зона се доделува на користење за период од 12 години на правното...

Продолжи со читање

Охриѓани уште две години ќе почекаат за да запливаат во нов затворен базен

Post Views: 101 Над 300 дечиња ги посетуваат летните школи за пливање на охридските клубови, а оние талентирани охриѓанчиња кои посветено тренираат во текот на целата година принудени се на импровизации бидејќи Охрид и по 10 години од почетокот на изградбата се уште нема затворен базен. Тренинзи одржуваат во базени во хотелските комплекси, а од неодамна започнаа да го користат пливачкиот базен во Струга што пак, е врзано со трошоци за транспорт.„Во нашата пливачка школа во летниот временски период учествуваат преку 150 дечиња и жално е што нив правото да тренираат и во зимскиот период...

Продолжи со читање