Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Шпицот на сезоната започна порано, а ќе кулминира за Илинденските празници

Post Views: 28 Охрид деновиве врие како „во кошница“. Гужвите карактеристични за шпицот на сезоната ова лето започнаа порано. Хотелиерите со прогноза дека оваа сезона веќе е поуспешна од предходната, а голема е веројатноста да биде една од најуспешните во поновата историја на најголемиуот туристички центар во земјава.„Сезоната во нашиот хотел, а и во Охрид воопшто започна порано на радост на сите хотелиери односно на туристичкото стопанство. Кулминацијата, исто така се случува порано, од 1-ви јули и се уште трае и ќе трае. За среќа ќе биде продолжена туристичката сезона....

Продолжи со читање

Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Чехов вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 31 Претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов во изведба на Битолскиот народен театар,во режија на Багријана Попов е првата драмска премиера на годинешното Охридско лето. На Долни Сарај битолските актери ќе ја ожевеат Чеховата антибајка за нереализираните амбиции, за една мазохистичка потреба на луѓето да страдаат во животот, кажа на денешната прес-конференција селекторката на драмската програма, Сања Арсовска.„Секогаш е комично тоа дека иронијата на животот не знаеме каде ќе не однесе и тоа е всушност што Чехов го прави со своите комедии и со самото тоа што...

Продолжи со читање

12 000 холандски гости се очекува да го посетат Охрид летово

Post Views: 24 Холаѓаните се традиционални гости на охридската ривиера. Турите со странските гости започнуваат во мај , па може да се рече дека на средина на туристичката сезона, посетеноста од странските гости е добра и се остварува предвидувањето дека Охрид има една од поуспешните сезони, е оценката на туристичките работници.„ Мислам дека до крајот на туристичката сезона кон крајот на септември и почеток на октомври кога се планираат летовите кога се планираат летовите од Амстердам конкретно за холандските гости ќе се оствари онаа бројка што беше и планирана, која се...

Продолжи со читање

Срцето на Охридското Езеро претставено преку документацијата за ВК Југ се чува во охридскиот Архив

Post Views: 38 Охридскиот архив претставува ризница на пишано културно богатство која секојдневно се збогатува, а од неодамна ја презеде и документацијата од најстариот спортски клуб во Охрид, Веслачкиот клуб ЈУГ. Една од најзначајните дејности на архивот е пронаоѓање на документации со особено значење од различен временски период и области на општественото живеење кои се чуваат во приватни збирки и истите да станат дел од архивската граѓа и достапни на научната и пошироката јавност, вели директорот на установата, историчарот и архивист Никола Митровиќ – Бабе.„...

Продолжи со читање

„Summer Comedy Marathon“ по шести пат ќе го освежува Охрид со хумор

Post Views: 30 Шестиот Фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon 2024“ од 21-ви јули до 13-ти август ќе донесе вистинско освежување во топлите ноќи во Охрид. 18 стенд ап комичари од градот, земјaва и странство, ќе приредат 19 шоуа различни по форма и карактер. Кога се роди идејата за фестивал на комедијата, стенд ап комичарите беа во мал број, но во изминатите години сцената расте и се развива, рече на денешната прес конференција Никола Тодороски, дел од организаторите и учесник на маратонот.„Фестивалот го отвораме со, можам да се пофалам и нема да е нескромно, со...

Продолжи со читање

Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум

Post Views: 26 Фрлен камен темелник на спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец и на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта. Отпочнувањето со реализација на овие значајни проекти, денеска, го означија градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски.„ Спортска сала во селото Лескоец е проект ветуван триесет години конечно ќе се реализира и Лескоец ќе добие модерен спортски објект во кој ќе спортуваат и ќе се рекреираат учениците и локалното население. Означуваме почеток на уште еден значаен проект а тоа е...

Продолжи со читање

Љутков: Нашето културно наследство е тотално загрозено и е доведено до очајна состојба

Post Views: 26 Состојбата на локалитетот Плаошник е очајна, е заклучокот на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој денеска заедно со директорот на Управата за заштита на културно наследство и директорот на Завод и музеј Охрид беше во посета на наколку локалитети во Охрид. Во изминатите 7 години не се одвојувале никакви финансиски средства, немало никаква грижа, нашето културно наследство е тотално загрозено и е доведено до една очајна состојба оставено на забот на времет, кажа Љутков.„Токму недоволната грижа може да остави трајни последици на дел од културно...

Продолжи со читање

Јаневска: Ќе направиме сѐ што е потребно во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да започне со настава со физичко присуство

Post Views: 27 Ќе направиме се што е потребно учениците во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да ја започнат со настава со физичко присуство, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот увид во инвестициите од ресорното министерство во училиштата во Охрид.„ Овој објект, за жал малку подолго се изведува , но веќе е при крај и јас се надевам дека од 1-ви септември ќе може да се почне со работа, е вложено 110 милиони денари . Јас сум презадоволна од она што го гледам и се надевам дека учениците од 1-ви септември ќе уживаат во образованието...

Продолжи со читање