Автор: Маја Савиќ
Post Views: 89 Советот на Општина Охрид донесе одлука парично да бидат наградени учесници во гаснењето на пожарите кои летово ја зафатија општината. Советниците едногласни дека треба да се уважи пожртвуваноста и храброста на оние кои беа на првите линии во борбата со огнената стихија која беснееше на Галичица, Илинска планина и во реонот на Косел и Опеница. Но, по оваа точка на дневниот ред на денешната седница се разви дискусија за тоа кој е опфатен со одлуката, а кој е изоставен и дали истата е фер кон сите кои по службена должност или доброволно учествуваа во гаснењето на пожарите....
Кумови – претстава за кучешкиот живот и неизвесната иднина, нова премиера на Народен театар Охрид
Post Views: 105 „Кумови“ на Душан Ковачевиќ во режија на Билге Емин е новата театарска претстава на охридскиот Народен театар која премиерно ќе биде изведена во недела. Темата е блиска до менталитетот и секојдневието на сите на балканските простори, а тоа е тешкиот живот и неизвесната иднина. Ова го истакна режисерката на денешната прес конференција и додаде дека нејзината соработка со охридскиот театар била иста како нејзините впечатоци за Охрид, инспиративен, космополитен и мирен. Тоа е млад театар кој го дава најдоброто во не толку добри услови во коишто работи, рече Емин.„ Тоа што...
Со искористување на Свинишките извори ќе се подобри водоснабдувањето на Охрид
Post Views: 106 Водоснабдителниот систем на Охрид генерира големи трошоци за електрична енергија бидејќи голем обем на вода се обезбедува со пумпање и препумпување, а помал дел по пат на гравитација. Дамнешната идеа и иницијатива на ЈП Водовод Охрид во соработка со Општина Охрид за донесување цевковод по гравитација од т.н Свинишки извори, сега е во понапредна фаза. Се работи за проектот „Дувло“ кој предвидува цевковод во должина од околу 25км, а издашноста на тие извори според мерењата во најсушниот период е околу 240-250л/с.„ Тоа ќе биде од голема помош и за јавното претпријатие...
Обука за негователи на стари лица во Црвен крст Охрид, можност за добивање меѓународен сертификат и вработување
Post Views: 71 Граѓаните кои се заинтересирани да работат како негователи на стари лица можат да се пријават на конкурсот за обука која ја спроведува Црвен Крст Охрид. Во Охрид се поголем е бројот на стари лица на кои им е потребна помош и нега во сопствениот дом, а од друга страна станува збор за можност за вработување и остварување приход за лицата кои бараат работа или сакаат да се преквалификуваат.„Моментално интересот односно потребата на граѓаните од Охрид е навистина многу голема такашто имаме голема потреба од луѓе коишто би сакале да ја работат оваа работа . Условите за...
Свечен прв академски час на ФТУ Охрид
Post Views: 103 46-тата генерација студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид денеска со свечен час ја започна академската 2024/2025 година. Добредојде на бруцошите на првиот академски час им посакаа продеканот за настава на ФТУ, Проф. д-р Бранко Николовски и проректорот за настава на УКЛО, Проф. д-р Цветко Андреески.Во услови кога драматично опаѓа интересот кај студентите за школување на домашните државни факултети каде бројот на студенти постојано се намалува во последните десет години, проректорот Андреески сподели добра вест.„Оваа година имаме поголем...
Пецаков: Изгледот на Кеј Македонија во сезона не е пријатна слика, но е концепт кој треба да пoстои
Post Views: 79 Каква е визијата на градоначалникот на Охрид и локалната самоуправа за претстојното Лето 2025 година од аспект на урбаната опрема и игрите на отворено на улица Кеј Македонија, концертите збиени во шпицот на сезоната и проблемите со такси превозот во сезона? Ова прашање беше упатено до градоначалникот на последната седница на Совет од страна на координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска.„Пред една година Вие и самиот кажавте дека не ви се допаѓа како изгледа и дека ќе се обидете за сите тие тезги и реквизити, боксови да најдете друга...
Пецаков: Од ветените капитални проекти, до локалните избори, нема да се реализира само еден
Post Views: 80 Опозицијата во Советот на Општина Охрид на денешната седница посветена на советнички прашања побара одговор дали локалната ќе ги реализира капиталните проекти содржани во изборната програма на градоначалникот Кирил Пецаков. Координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата кажа дека со оглед на краткиот период до крај на мандатот можеби е преамбициозно прашањето кога ќе се реализираат, па побара од градоначалникот информација кога ќе се отпочне со реализација.„Со оглед на промените во централната власт и со оглед на тоа што сега ги нема оние коишто наводно...
ОЈО Охрид покрена обвинение за дивоградбата на ул „Димитар Влахов„
Post Views: 165 Основното јавно обвинителство Охрид, по спроведената истражна постапка, денеска поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење за објектот на ул. Димитар Влахов.„Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го...







