Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Со развојот на дијагностиката се поголем број лица се дијагностицираат со ретка болест и се откриваат нови нарушувања

Post Views: 139 Се поголем е бројот на пациенти со ретка болест што според експертите се должи на научните достигнувања во дијагностиката. Во Регистарот на пациенти со ретка болест во државава има 962 лица, но според Проф. д-р Зоран Гучев од Медицинскиот факултет во Скопје, во Македонија може да се смета дека има помеѓу 90 000 и 110 000 луѓе кои имаат некоја ретка болест или нарушување.„ Се повеќе се откриваат, лекарите се повеќе мислат на тоа, методологијата на откривање на болести е се посовршена, може одеднаш да се анализира се што е во човечкиот геном, тоа што некогаш во...

Продолжи со читање

Охрид забрзано старее, потребна е поголема социјална инклузија на лицата над 65 години и Дом за стари лица

Post Views: 145 Населението во Охрид и во Македонија забрзано старее. Вкупниот број на население над 65 години во Македонија е нешто над 315.000 жители, додека бројот на новородени се намалува. Во Охрид, според податоците од последниот попис, од вкупно население 51 428 жители, 10 634 жители се на возраст над 65 години или 20%. Во Општина Дебрца од 3719 жители, 1015 се на возраст над 65 години или 27%. Овој тренд, дефиниран како стареење на популацијата, наметнува зголемена потреба од услуги за постарите лица пред се здравствени, економски и социјални.„ Во последните...

Продолжи со читање

Интеграција на македонскиот пазар на капитал со пазарите во Југоисточна Европа

Post Views: 124 Во Охрид, денес започна 24-та традиционална годишна конференција на Македонската берза, која повторно собра значаен број учесници од финансискиот и корпоративниот сектор, инвеститори, институции и академската заедница.Македонска берза и во 2025-та функционира доста добро, и после ланската која беше најдобра година во последната деценија,,“ изјави Главниот извршен директор, Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.„Имаме вкупен промет по сите основи од околу 100 мил. евра, ако се спореди со ланската година која беше најдобра година во последната...

Продолжи со читање

Општините имаат недостаток на административни капацитети и експертиза, владата формира Ресурсен центар за да им помогне

Post Views: 269 Општините немаат доволно квалитетен административен потенцијал и експертиза за да ги спроведуваат своите надлежности и да испорачаат квалитетни услуги на граѓаните. Загрижувачки се капацитетите на општините за подготовка на проекти преку кои ќе се привлекуваат средства од домашни и странски фондови. Ова се само дел од предизвиците со кои се соочуваат, а кои ги утврдило Министерството за локална самоуправа преку процена на состојбите со директен контакт и посети на општините.Со цел да им помогне на општините владата во рамки на Министерството за локална...

Продолжи со читање

За вистински безбеден Охрид, опозицијата бара поголема видливост на полицијата на терен, проодност и достапност на јавните површини

Post Views: 220 Според извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид за првите шест месеци од годинава безбедносната состојба е стабилна. Градските советници на последната Седница го усвоија извештајот поднесен од Командирот на СВР Охрид. Координаторката на советничката група од СДСМ и Коалицијата, Живка Ангелоска побара подетални информации за реалните состојби, за проблемите со кои се соочува полицијата во извршување на задачите при одржување на јавниот ред и мир и регулирање на сообраќајот. Таа посочи дека...

Продолжи со читање

Реализација на програмите од буџетот – дали некои се поприоритетни од други

Post Views: 161 Градскиот совет ја одржа 61-та седница со обемен дневен ред од 85 точки. Советот ги усвои извештаите за реализација на годишните и развојните програми и за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни.Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт, тоа е основата којашто е водечка во извештајот и во овој буџет, истакна советничката од СДСМ и коалицијата. Живка Ангелоска. Таа посочи дека многу е мала реализацијата на капитални проекти од сопствени средства, доколку се изземат проектите кои, како што рече, 4...

Продолжи со читање

Миланка Новеска Густавсон се враќа во родниот Охрид со концертот Времеплов

Post Views: 837 Oперската пејачка Миланка Новеска Густавсон, која живее и работи во Шведска по пауза од неколку години повторно ќе настапи во родниот Охрид.Мецосопранот Новеска заедно со нејзината колешка, сопранот Тина Ристеска придружувани од пијанистката Ана Велиновска утревечер ќе одржат концерт насловен „Времеплов“ во волшебниот акустичен амбиент на црквата „Св. Софија“.„Многу се радувам што ќе имам прилика да настапам во мојот роден крај Охрид, многу си го сакам. Посебно ме радува дека во Св Софија ќе имам можност да пеам , ми е многу мило затоа што тоа е еден...

Продолжи со читање

Продолжија археолошките истражувања на локалитетот „Рајца Манастирите“ на Љубанишко поле

Post Views: 167 По пауза од 10-тина години продолжија археолошките истражувања на локалитетот „Рајца Манастирите“ на Љубанишко поле.Археолошките истражиувања на овој простор ги започнал археологот Владо Маленко во далечната 1971 година кога при изградба на локален пат случајно бил откриен дел од објект. Опсежни археолошки истражувања стручни тимови на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид спроведуваа во 2013-2014 та година . Тогаш беа откриени делови од градежни структури на два објекти, базилика и во близина на 200 метри и римски објект од профан карактер, вила...

Продолжи со читање

Започна 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид

Post Views: 217 Шеесеттина македонисти и слависти од 17 држави се дел од 58-та Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ што започна денеска во Охрид. Овој настан е доказ за бесмисленоста на негирањето на македонскиот јазик, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.– Денеска ние сите ќе зборуваме на Македонски јазик, ама и сите ќе не разбираат на Македонски. Блаже Коневски велеше дека јазикот е татковината, а Бернард Шо, познатиот Ирски драматург вели дека се можете да смените, само...

Продолжи со читање

Маркетите треба да ги означат домашните земјоделски производи за да се разликуваат од увозните

Post Views: 147 За брзо време купувачите во маркетите при купувањето ќе знаат кои земјоделски производи и нивни преработки се домашни македонски, а кои од увоз. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во фаза на доставување ознаки до маркетите ширум државата за обележување на домашните земјоделски производи и преработки во рамки на кампањата „Македонско најдобро“„Кампањата има примарна цел да имаме јасна видливост на тоа што значи домашно македонско производство и она што значи од увоз. Самиот потрошувач да биде ставен во една ситуација да може да...

Продолжи со читање

Ohrid Water festival по трет пат ќе ги спои водените спортови, еколошката едукација, музиката и гастрономската понуда од охридското поднебје

Post Views: 204 Ohrid Water festival по трет пат ќе ги спои водените спортови, еколошката едукација, музиката и гастрономската понуда од охридското поднебје. Организатористе со подршка од општината и спонзорите и годинава подготвија богата програма со која создаваат незаборавно летно искуство во Охрид и ги издигнуваат водените спортови на едно повисоко ниво, истакна Претседателот на фестивалот Никола Вретоски.„Оваа година од 16-ти до 30-ти август нашиот фестивал нуди рекордна програма со над 20 спортски настани кои ќе ја исполнат охридската ривиера со адреналин,...

Продолжи со читање

Инклузивен и одржлив туризам се во фокусот на два проекти кои Општина Охрид ќе ги реализира со поддршка на ЕУ

Post Views: 170 Општина Охрид ќе реализира два проекти поддржани од програмите на ЕУ за прекугранична соработка, насочени кон развој на туризмот. Станува збор за проектите Авантура преку границите и РЕЦИРКЛ МЕД.Активностите во проектот „AdvenTour II, Авантура преку границите“ се насочени кон развивање на туризмот за лица со посебни потреби. Проектот е во програмата на Интерег ИПА за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција 2021-2027 и за негова реализација Општина Охрид има на располагање 187 000 евра.„ Преку овој проект покрај т.н меки мерки како изработка...

Продолжи со читање