Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

плажи Струга

Во финална фаза законот за уредување на крајбрежјата на трите природни езера

Post Views: 226 Во финална фаза е изработката на законот со кој треба да се уреди крајбрежјето на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро и да се решат прашањата поврзани со плажите и затекнатата состојба. Ова денеска во Струга го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со плажите и работењето без концесии.Николоски посочи дека во изработката на законот се координираат со градоначалниците на Струга, Охрид, Ресен и Дојран, со цел да бидат опфатени сите три природни езера.„Во финална фаза е изработка на...

Продолжи со читање

Пецаков: „Ohrid Water Festival“ и другите манифестации кои ги организира општината придонесуваат повеќе за квалитет пред квантитет

Post Views: 177 „Ohrid Water Festival“ и останатите поголеми манифестации во Охрид кои ги организира општината, придонесуваат не само за зголемување на бројот на туристи, туку пред сè за привлекување посетители кои имаат интерес за Охридското Езеро, природните убавини и активниот туризам, смета градоначалникот Кирил Пецаков.Како пример ја посочи манифестацијата „Охрид трчаТ“, но и неколку други настани кои ги организира Општина Охрид, како Винскиот фестивал, „Ohrid Water Festival“, чија кулминација е Охридскиот пливачки маратон, како и „Охрид Џез фестивал“.„Тие се манифестации...

Продолжи со читање

Охрид ќе живее во знакот на водените спортови, започнува OHRID WATER FESTIVAL  

Post Views: 200 Охрид од утре повторно ќе живее во ритамот на водените спортови. Започнува четвртото издание на „Ohrid Water Festival“, кое годинава ќе трае до 30 август и ќе донесе бројни спортски, рекреативни и забавни содржини. Фестивалот успеа од една храбра идеа да прерасне во автентичен спортски бренд, кажа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на денешната прес конференција.„Втората половина на август во Охрид веќе е препознатлива по водените спортови, спортските предизвици и активностите поврзани со нашето езеро Тоа е вистинската насока во која даваме и сакаме да се развива...

Продолжи со читање

Пецаков и Муцунски: Одлуката на УНЕСКО е потврда за досегашниот ангажман, ќе се работи на исполнување на сите препораки 

Post Views: 317 Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Наместо тоа, Македонија и Албанија добија дополнителен рок од пет години за спроведување на препораките. Одлуката беше донесена на 48. сесија на Комитетот за светско наследство што се одржува во Бусан, Јужна Кореја. За неа гласаа 16 од вкупно 21 земја членка. Ќе ги реализираме сите неопходни активности и ќе го зачуваме Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство за сегашните и идните генерации, изјави Градоначалникот на Охрид...

Продолжи со читање

Влада на рм

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Post Views: 251 Владата на денешната 195-та седница, на предлог на Управувачкиот комитет, донесе одлука за прогласување кризна состојба во Општина Гостивар во траење од 30 дена. Одлуката е донесена поради состојбата со водоснабдувањето и неможноста на локалната самоуправа самостојно да се справи со настанатиот проблем.Како што информираат од Владата, прогласувањето кризна состојба има за цел побрза координација на институциите, ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење за граѓаните во најкраток можен рок.Во Управувачкиот комитет се министерот за...

Продолжи со читање

Повторно затрупани со отпад локации во Охрид на кои Комуналец континуирано интервенира

Post Views: 228 ЈП „Охридски Комуналец“ информира дека при последните активности на терен биле мапирани девет диви депонии на локации каде нивните екипи континуирано интервенираат поради несовесно фрлање отпад.Како што соопштуваат од претпријатието, дивите депонии се евидентирани кај станбениот комплекс во Даљан, на улицата „Шар Планина“, во населбите Лескајца и Воска, на улицата „Дејан Војвода“, како и во селото Трпејца. Од овие локации се подигнати вкупно 48 кубни метри отпад.Од ЈП „Охридски Комуналец“ посочуваат дека и покрај континуираните активности за...

Продолжи со читање

ОхридскоЕзеро

Дополнителната година неискористена, УНЕСКО повторно предлага Охридскиот Регион да се најде на Листата светско наследство во опасност

Post Views: 274 На 22 јули, во рамките на 48-та. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што од 19 до 29 јули ќе се одржи во Бусан, Јужна Кореја ќе биде донесена конечната одлука за статусот на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Нацрт-одлуката на Комитетот е објавена и истата предвидува Охридскиот Регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со оценка дека и покрај одреден напредок, деградацијата на неговата исклучителна универзална вредност продолжува.Во документот се поздравуваат законодавните иницијативи во Северна Македонија...

Продолжи со читање

Спасителите на Охридското езеро за неполн месец извлекле девет давеници

Post Views: 210 За неполн месец, од крајот на јуни, спасителите на вода извлекле девет давеници од водите на Охридското Езеро, а интервенирале и во околу 25 случаи за укажување прва помош. Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид подготвено ја започна туристичката сезона. Располага со 25 активни спасители со меѓународна лиценца за спасување на отворени води, а во моментов, на барање на концесионерите кои се обратиле до Црвен крст Охрид, обезбедува спасителски служби на 12 капалишта долж охридското крајбрежје.„Во моментов спасители имаме на капалиштата Куба Либре, Голден...

Продолжи со читање