Автор: Маја Савиќ
Post Views: 23 Туристите и граѓаните, вљубеници во природата и авантуристичкиот туризам, за да уживаат безбедно во убавините на охридско струшкиот регион се грижи Планинската спасителна служба (ПСС) Охрид. Искусните спасители, алпинисти од АК „Патагонија Охрид“, обучени и технички опремени по меѓународни стандарди се на располагање 24 часа – седум дена во неделата и тоа на волонтерска основа. ПСС која е неопходна како систем за развој на алтернативните форми на туризмот во регионот, требаше да биде одржлива со поддршка на општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани и...
По 23-ти пат натпреварот „Охридски бисери“ во Охрид донесе млади музички таленти од цел свет
Post Views: 33 90 млади музичари од 18 земји од Европа и светот учествуваат на Меѓународниот музички натпревар “ОХРИДСКИ БИСЕРИ” кој по 23-ти пат се одржува во Охрид. Годинава младите уметници на возраст од 9 до 25 години се натпреваруваат во дисциплините пијано, виолина и камерна музика. Нивното музицирање во прекрасниот амбиент во Катедралната црква “Св. Софија” го следи интернационално жири составено од врвни музички уметници и педагози од реномирани академии.Оваа година вистинско изненадување приредуваат најмладите учесници кои воодушевуваат со своите изведби, вели...
Сопружници од Ресен загинаа на Галичица, четири и пол часа траела операцијата на ПСС за извлекување на телата
Post Views: 29 Сопружници од Ресен на возраст од 59 и 56 години се жртвите во несреќата на регионалниот пат Охрид – Отешево кој води низ НП Галичица. Тие со патничко возило „фолксваген голф” излетале од патот во провалија длабока 150 метри. Возилото го лоцираа полициски службеници со помош од параглајдеристи во чија близина биле пронајдени и телата на починатите.Ден предходно, на 16-ти јуни во 22.00 часот нивниот син пријавил во полиција дека се оддалечиле од домот со возилото. По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен е...
Перчо Божиновски е нов Претседател на Совет на Општина Охрид
Post Views: 123 Перчо Божиновски, советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ е избран за нов претседател на Совет на Општина Охрид. За единствениот кандидат за нов претседавач со градскиот Совет, на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, „ЗА“ гласаа 17 советници на денешната 42 седница. Божиновски доаѓа на местото на Сашо Донев кој стана пратеник во новиот парламентарен состав.Огромна е честа, но и признанието, како и одговорноста која денес ми е дадена од советниците во Советот на Општина Охрид и поддршка која е доверена за мене како претседател на Советот, изјави...
И годинава дел од плажите на охридското крајбрежје ќе бидат без спасители на вода
Post Views: 33 Само на една третина од капалиштата на охридското крајбрежје ова лето ќе има спасители на вода. Тоа значи дека ќе продолжи праксата од минатите години да имаме небезбедни плажи за туристите. Лани беа ангажирани 20-тина спасители само на 14 од над 34 капалишта.Граѓаните сметаат дека за туристички центар како Охрид е од голема важност да има безбедни плажи за капење и рекреација и сезоната да поминува без несакани инциденти и несреќи.„Не се безбедни, не се. Треба да има спасители, треба да има чувари“.„На сите плажи треба да има спасители за да се...
Театарската група при Црвен крст Охрид со претставата „Утре“ ќе го отвори фестивалот „Вдиши театар“
Post Views: 25 Со претставата „Утре“ во изведба на театарската група при Црвен крст Охрид, вечерва, со почеток во 21 часот, во предворјето на црквата Св. Софија започнува деветтото издание на меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.Претставата „Утре“ е по сценарио и во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а кореографијата е на Даниел Наумоски.Идејата за претставата ја добивме од медиумската писменост која беше премногу нагласена во училиштата и моќта на медиумите, кажа на денешната прес конференција, Емилија...
Водата во Охридско Езеро со одличен квалитет, може да се користи за капење, спорт и рекреација
Post Views: 60 Водата во Охридското езеро е со највисока прва класа, со одличен микробиолошки квалитет. Ова го покажале микробиолошките и санитарно-хемиски анализи кои Центарот за јавно здравје ги врши пред почетокот на туристичката сезона. Испитувањето на квалитетот на водата во Охридското езеро е вршено во втората половина на мај и почеток на јуни на земени примероци од 39 локации на потег од Св Наум до Радожда и реките кои се вливаат во езерото.„Најголема деградација, односно опаѓање на квалитетот или постојан неквалитет на водата, што не е ново, има во реките коишто се...
Охридската бела флота во блиска иднина може да остане без капетани
Post Views: 42 90% од капетаните на бродови на охридската бела флота се пред пензионирање. Има и пример на пензиониран капетан кој сè уште работи хонорарно. Во моментов колку што има капетани толку има и бродови. На Охридското Езеро крстарат 6 патнички бродови со капацитет до 150 патници. Еден капетан да земе боледување, бродот ќе биде закотвен, што се одразува врз договорите со туристичките агенции. Во блиска иднина флотата може да остане без капетани што ќе се одрази врз туризмот на најголемиот туристички центар вo државава.„Ние мораме да најдеме решение, од причина...







