Автор: Маја Савиќ
Post Views: 549 Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ започна со работа кабинет за физикална терапија. Согласно стратегијата за развој на здравствената установа за еден месец ќе започне со работа и офтолмолошка амбуланта.Вевчанскиот здравствен дом покрива 30 000 пациенти, на потегот од Велешта до општина Дебар. Јавната установа функционира како поликлиника, централата е во Вевчани, но има и две поликлиники во селата Лабуништа и Велешта. Со отворањето на новите кабинети Вевчани се стреми кон развој на здравствен туризам. Инвестираме во кадар, во опрема, во адекватни...
Споредување на неспоредливото: Нема поврзаност меѓу Холокаустот и вакцините против ковид-19
Post Views: 481 Нејасно е каква врска има вакцинацијата против ковид-19 со Холокаустот, како систематски, масовен државен прогон на Евреите во текот на Втората светска војна, кога од страна на нацистичкиот режим во Германија беа убиени околу шест милиони Евреи. Уште помалку е јасно која е врската меѓу Адолф Хитлер и Бил Гејтс, кој, пак, во антиваксерските кругови и кај теоретичарите на заговори е омилен дежурен виновник за сѐ што е поврзано со коронавирусот, вакцините и „чипирањето“. Се разбира дека станува збор за тотално неповрзани нешта. Но, оваа манипулативна објава...
ПЦР тестот не се подготвувал со ,,габа од црна смрт”
Post Views: 366 Наспроти измислицата искажана во постот, дека мукормикозата е поврзана со ПЦР тестирањето, не постои ниту еден извор којшто ги доведува во корелација оваа состојба и тестирањето за ковид-19. Но, бројни студии го испитуваат линкот меѓу мукормикозата и ковид-19, затоа што има случаи во светски рамки, од кои најголемиот дел во Индија, каде пост-ковид пациенти со ослабен имунолошки систем се напаѓани од оваа инфекција. Поради овие факти, како дезинформација го оценуваме тврдењето дека ПЦР тестот предизвикува мукормикоза.Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди...
Од само еден дневен извештај за состојбата со ковид-19 не може да се носат заклучоци за севкупните трендови
Post Views: 359 Податоците за нови случаи на коронавирус од само еден ден не може да се толкуваат како тренд за зголемување на бројот на заразени. Дополнително, во текстот не постои ниеден извор којшто тврди дека итно мора да се преземат мерки. Истиот ден кога е објавен текстот, министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за медиумите не најави заострување на мерките. Рецензираме пост на Фејсбук, преку кој се споделува вест со сензационалистички наслов, којшто има за цел да го предизвика читателот да кликне на текстот, а откако ќе го стори тоа, да се соочи со фактот дека...
Со нецелосни информации се проблематизира ефикасноста на вакцините
Post Views: 408 На написот што што се споделува на Фејсбук му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Со нафрлање проценти без конкретни бројки за тоа колку од новозразените биле целосно вакцинирани, не може да се добие јасна претстава, особено ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината. Ваквиот пушален и површен приказ може само негативно да влијае врз процесот на имунизација против ковид-19. Пост на Фејсбук шири паника без...
Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија
Post Views: 385 Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени. Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција со ДНК, така што не претставува генетска терапија. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин. Исто така, во постот не е наведено дека...
Не е точно дека карантинот во Австралија се воведува за присилна вакцинација
Post Views: 378 Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се 0.018 % од популацијата. Австралија има речиси 26 милиони жители и кога ке се...
Не е вистина дека пандемијата и вакцинацијата се биолошка војна
Post Views: 396 Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири страв и паника, нарекувајќи ја вакцинацијата „експериментирање од страна на лажговци, тендераши“, а за граѓаните кои ги вакцинираат своите деца се вели „не заслужуваат ни да имаат деца“ . Наспроти ова, непобитен научен факт е дека вакцините го спасуваат животот и спречуваат ширење на болести. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19, а ефикасноста и безбедноста на вакцините секојдневносе потврдува со нови научни студии. Постот манипулира дека „глобалистичка...
Манипулација е дека делта сојот не им може ништо на одредени луѓе
Post Views: 404 Тоа што го соопштува насловот како информација, не може да се најде во содржинскиот дел на текстот што се споделува на Фејсбук. Податоците од истражувањето, пренесено во написот, покажуваат дека дури и вакцинираните може да појават симптоми односно да се заболат, со тоа што вакцините спречуваат развивање на потешка клиничка состојба, хоспитализација и смрт од овој и другите соеви на коронавирусот. Заклучокот, пак, изнесен во насловот дека „има луѓе на коишто делта сојот на вирусот не им може ништо“, е паушален и неточен.Сè почеста тема на пишување во медиумите и...
Пациентот хоспитализиран со делта сој во велешката болница, не е држен насила
Post Views: 359 Делта сојот е потврден кај пациентот кој е хоспитализиран во велешката болница, а тој самиот се пријавил на лекување и таму останува до негативизирање на неговиот тест. Тој не е здрав и не се држи со сила во болница, како што невистинито се тврди во постот. Напротив, секој пациент повозрасен од 18 години има право да го напушти болничкото лекување, доколку потпише таква изјава на сопствена одговорност. Исто така, не е вистина дека вакцинацијата е измама. Таа, според огромен број медицински експерти, ќе доведе до колективен имунитет и ќе спречи смрт и тешка...
Не загадувањето, туку „имунитетскиот долг“ е причина за респираторните инфекции кај децата
Post Views: 426 Увидот во болницата во Гевгелија, кој го изврши стручен тим од Детската Клиника, покажа дека причината за респираторните инфекции кај децата – кои не се карактеристични за летниот туку за зимскиот период, воопшто не е загадувањето на воздухот туку „имунитетскиот долг“. Состојба, којашто и домашни и светски експерти ја објаснуваат како нагло изложување на вируси и бактерии после долг временски период на живот за децата во карантини, со ограничени социјални контакти, без да одат во градинка. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто децидно се тврди дека причината...
Стара дезинформација преку ново видео искористена за потценување на ковид-19
Post Views: 351 Стара дезинформација од лани од август во американското општество, преку, веројатно, ново видео, е исползувана од корисник на Фејсбук профил на македонски јазик да се потцени опасноста од пандемијата со корона вирусот, со што се залажува јавноста дека не постоела пандемија со ковид или дека таа била безначајна. Во објава на Фејсбук, во која има приложено и монтирано видео од ТикТок мрежата, манипулативно се тврди дека ковид пандемијата не постои, или дека е релативно безопасна, зашто, наводно, според податоци од американскиот Центар за превенција и контрола на...