Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

„Summer Comedy Marathon“ по шести пат ќе го освежува Охрид со хумор

Post Views: 65 Шестиот Фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon 2024“ од 21-ви јули до 13-ти август ќе донесе вистинско освежување во топлите ноќи во Охрид. 18 стенд ап комичари од градот, земјaва и странство, ќе приредат 19 шоуа различни по форма и карактер. Кога се роди идејата за фестивал на комедијата, стенд ап комичарите беа во мал број, но во изминатите години сцената расте и се развива, рече на денешната прес конференција Никола Тодороски, дел од организаторите и учесник на маратонот.„Фестивалот го отвораме со, можам да се пофалам и нема да е нескромно, со...

Продолжи со читање

Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум

Post Views: 52 Фрлен камен темелник на спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец и на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта. Отпочнувањето со реализација на овие значајни проекти, денеска, го означија градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски.„ Спортска сала во селото Лескоец е проект ветуван триесет години конечно ќе се реализира и Лескоец ќе добие модерен спортски објект во кој ќе спортуваат и ќе се рекреираат учениците и локалното население. Означуваме почеток на уште еден значаен проект а тоа е...

Продолжи со читање

Љутков: Нашето културно наследство е тотално загрозено и е доведено до очајна состојба

Post Views: 57 Состојбата на локалитетот Плаошник е очајна, е заклучокот на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој денеска заедно со директорот на Управата за заштита на културно наследство и директорот на Завод и музеј Охрид беше во посета на наколку локалитети во Охрид. Во изминатите 7 години не се одвојувале никакви финансиски средства, немало никаква грижа, нашето културно наследство е тотално загрозено и е доведено до една очајна состојба оставено на забот на времет, кажа Љутков.„Токму недоволната грижа може да остави трајни последици на дел од културно...

Продолжи со читање

Јаневска: Ќе направиме сѐ што е потребно во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да започне со настава со физичко присуство

Post Views: 54 Ќе направиме се што е потребно учениците во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да ја започнат со настава со физичко присуство, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот увид во инвестициите од ресорното министерство во училиштата во Охрид.„ Овој објект, за жал малку подолго се изведува , но веќе е при крај и јас се надевам дека од 1-ви септември ќе може да се почне со работа, е вложено 110 милиони денари . Јас сум презадоволна од она што го гледам и се надевам дека учениците од 1-ви септември ќе уживаат во образованието...

Продолжи со читање

Зелената училница во НП Галичица повторно затрупана со ѓубре

Post Views: 56 Веднаш до канцелариите на Националниот парк Галичица, во склоп на Едукативната патека “Галичица на дланка”, се наоѓа Зелената училница, место за одмор и спроведување еколошка едукација со најмладите охриѓанчиња кои учат за природата и живиот свет во националниот парк. Оваа локација која претставува и собиралиште на млади луѓе, со години се затрупува со отпадоци како амбалажа од пијалоци и храна, отпушоци, пластичен отпад. Проблемот постојано беше актуелизиран од националниот парк, од еколошки здруженија и активисти кои апелираа да не се фрлаат...

Продолжи со читање

Каков е животот на пензионерите во Охрид со Зоре Илиевска

Post Views: 85 Зоре Илиевска е пензионирана банкарска службеничка, волонтерка во Програмата за грижа на старите лица „Најди време” при Црвен крст Охрид, членка е на Здружение на пензионери на Охрид, стрелец со воздушно оружје…Зоре пешачи секој ден покрај езерото. Сака да чита книги и да изработува плетени фигури. Старите лица не треба да бидат затворени дома, треба да бидат активни, да се социјализираат, вели таа.„Охрид е толку убав, да пешачиш, да уживаш во природа, околината е толку многу убава, климата исто така, погледот, езерото, планините. Сето тоа ти ја...

Продолжи со читање

Каков е животот на пензионерите во Охрид – со Ѓоко Симјаноски

Post Views: 67 Градот како заедница може да се набљудува од повеќе аспекти во контекст на условите и можностите кои ги обезбедува за своите жители. Се што го сочинува општественото живеење во една заедница се одразува поинаку врз секоја категорија граѓани и неопходно е да се води сметка за потребите на сите, да се најде баланс, а некогаш да се направи и компромис….Затоа што Заедницата има многу лица.Пензионерските денови се некој вид одмор од долги години работа и давање придонес кон градење на таа заедница. Заедницата треба да им врати на своите граѓани...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за третото издание на Фестивалот на виното

Post Views: 65 Охрид е подготвен за  третото  издание на   Фестивалот на виното (Ohrid wine festival)  што од 27-ми до 29-ти јуни ќе се одржува на кеј „Македонија“  пред хотел „Палас“.Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција истакна дека фестивалот  полека но сигурно си го зазема своето место  и ја разубавува  туристичката разгледница  на Охрид.„ Трета година со ред ќе се одржува Охридскиот вино фест, препознатлив веќе бренд кој на некој начин го најавува почетокот на туристичката сезона. Имавме...

Продолжи со читање