Автор: Маја Савиќ
Post Views: 129 Околу 600 тони отпад дневно собира ЈП Охридски комуналец на територија на општината во шпицот на сезоната. Притисокот е огромен врз комуналните работницио кои од зори се на локациите каде има најмногу ѓубре. Се чисти центарот на градот и плажите по целото крајбрежје , се подигнува отпадот од приградските населби со цел граѓаните и туристите наутро да не ја видат сликата со која секое утро се соочуваат комуналците и Охрид да го претставиме во убаво светло, вели Стевчо Маслов.„ Вложуваме максимални напори, натчовечки напори за да се справиме во рамки на нашите...
Убавините на Охрид и езерото инспирација за младата поетеса Александра Кочовска
Post Views: 169 Младата поетеса Александра Кочовска од Скопје, на свои 15 години има две збирки поезија и еден краток роман зад себе. Непресушен извор на инспирација вели дека и е Охрид. Нејзината прва збирка поезија „Мојот свет“ напишана на помала возраст е посветена на убавините на градот и Охридското езеро. Во стиховите со еден детски невин сензибилитет таа им се радува на лебедите, охридските цреши, бродовите, тврдината, старите кајчиња, југот кој го бранува езерото. Во моментов Александра ја привршува третата збирка поезија со 30-тина песни во кои повторно главен мотив се охридските...
Шпицот на сезоната започна порано, а ќе кулминира за Илинденските празници
Post Views: 92 Охрид деновиве врие како „во кошница“. Гужвите карактеристични за шпицот на сезоната ова лето започнаа порано. Хотелиерите со прогноза дека оваа сезона веќе е поуспешна од предходната, а голема е веројатноста да биде една од најуспешните во поновата историја на најголемиуот туристички центар во земјава.„Сезоната во нашиот хотел, а и во Охрид воопшто започна порано на радост на сите хотелиери односно на туристичкото стопанство. Кулминацијата, исто така се случува порано, од 1-ви јули и се уште трае и ќе трае. За среќа ќе биде продолжена туристичката сезона. Мислам дека...
Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Чехов вечерва на „Охридско лето“
Post Views: 83 Претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов во изведба на Битолскиот народен театар,во режија на Багријана Попов е првата драмска премиера на годинешното Охридско лето. На Долни Сарај битолските актери ќе ја ожевеат Чеховата антибајка за нереализираните амбиции, за една мазохистичка потреба на луѓето да страдаат во животот, кажа на денешната прес-конференција селекторката на драмската програма, Сања Арсовска.„Секогаш е комично тоа дека иронијата на животот не знаеме каде ќе не однесе и тоа е всушност што Чехов го прави со своите комедии и со самото тоа што оваа...
12 000 холандски гости се очекува да го посетат Охрид летово
Post Views: 86 Холаѓаните се традиционални гости на охридската ривиера. Турите со странските гости започнуваат во мај , па може да се рече дека на средина на туристичката сезона, посетеноста од странските гости е добра и се остварува предвидувањето дека Охрид има една од поуспешните сезони, е оценката на туристичките работници.„ Мислам дека до крајот на туристичката сезона кон крајот на септември и почеток на октомври кога се планираат летовите кога се планираат летовите од Амстердам конкретно за холандските гости ќе се оствари онаа бројка што беше и планирана, која се очекува,...
Срцето на Охридското Езеро претставено преку документацијата за ВК Југ се чува во охридскиот Архив
Post Views: 103 Охридскиот архив претставува ризница на пишано културно богатство која секојдневно се збогатува, а од неодамна ја презеде и документацијата од најстариот спортски клуб во Охрид, Веслачкиот клуб ЈУГ. Една од најзначајните дејности на архивот е пронаоѓање на документации со особено значење од различен временски период и области на општественото живеење кои се чуваат во приватни збирки и истите да станат дел од архивската граѓа и достапни на научната и пошироката јавност, вели директорот на установата, историчарот и архивист Никола Митровиќ – Бабе.„ Несомнено , моја...
„Summer Comedy Marathon“ по шести пат ќе го освежува Охрид со хумор
Post Views: 90 Шестиот Фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon 2024“ од 21-ви јули до 13-ти август ќе донесе вистинско освежување во топлите ноќи во Охрид. 18 стенд ап комичари од градот, земјaва и странство, ќе приредат 19 шоуа различни по форма и карактер. Кога се роди идејата за фестивал на комедијата, стенд ап комичарите беа во мал број, но во изминатите години сцената расте и се развива, рече на денешната прес конференција Никола Тодороски, дел од организаторите и учесник на маратонот.„Фестивалот го отвораме со, можам да се пофалам и нема да е нескромно, со култното...
Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум
Post Views: 71 Фрлен камен темелник на спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец и на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта. Отпочнувањето со реализација на овие значајни проекти, денеска, го означија градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски.„ Спортска сала во селото Лескоец е проект ветуван триесет години конечно ќе се реализира и Лескоец ќе добие модерен спортски објект во кој ќе спортуваат и ќе се рекреираат учениците и локалното население. Означуваме почеток на уште еден значаен проект а тоа е мултифункционално...







