Автор: Маја Савиќ
Post Views: 84 Состојбата на локалитетот Плаошник е очајна, е заклучокот на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој денеска заедно со директорот на Управата за заштита на културно наследство и директорот на Завод и музеј Охрид беше во посета на наколку локалитети во Охрид. Во изминатите 7 години не се одвојувале никакви финансиски средства, немало никаква грижа, нашето културно наследство е тотално загрозено и е доведено до една очајна состојба оставено на забот на времет, кажа Љутков.„Токму недоволната грижа може да остави трајни последици на дел од културно историските...
Јаневска: Ќе направиме сѐ што е потребно во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да започне со настава со физичко присуство
Post Views: 73 Ќе направиме се што е потребно учениците во РЦСОО „Ванчо Питошески“ новата учебна година да ја започнат со настава со физичко присуство, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот увид во инвестициите од ресорното министерство во училиштата во Охрид.„ Овој објект, за жал малку подолго се изведува , но веќе е при крај и јас се надевам дека од 1-ви септември ќе може да се почне со работа, е вложено 110 милиони денари . Јас сум презадоволна од она што го гледам и се надевам дека учениците од 1-ви септември ќе уживаат во образованието овде со...
Зелената училница во НП Галичица повторно затрупана со ѓубре
Post Views: 76 Веднаш до канцелариите на Националниот парк Галичица, во склоп на Едукативната патека “Галичица на дланка”, се наоѓа Зелената училница, место за одмор и спроведување еколошка едукација со најмладите охриѓанчиња кои учат за природата и живиот свет во националниот парк. Оваа локација која претставува и собиралиште на млади луѓе, со години се затрупува со отпадоци како амбалажа од пијалоци и храна, отпушоци, пластичен отпад. Проблемот постојано беше актуелизиран од националниот парк, од еколошки здруженија и активисти кои апелираа да не се фрлаат отпадоци, бараа...
Каков е животот на пензионерите во Охрид со Зоре Илиевска
Post Views: 122 Зоре Илиевска е пензионирана банкарска службеничка, волонтерка во Програмата за грижа на старите лица „Најди време” при Црвен крст Охрид, членка е на Здружение на пензионери на Охрид, стрелец со воздушно оружје…Зоре пешачи секој ден покрај езерото. Сака да чита книги и да изработува плетени фигури. Старите лица не треба да бидат затворени дома, треба да бидат активни, да се социјализираат, вели таа.„Охрид е толку убав, да пешачиш, да уживаш во природа, околината е толку многу убава, климата исто така, погледот, езерото, планините. Сето тоа ти ја исполнува...
Каков е животот на пензионерите во Охрид – со Ѓоко Симјаноски
Post Views: 103 Градот како заедница може да се набљудува од повеќе аспекти во контекст на условите и можностите кои ги обезбедува за своите жители. Се што го сочинува општественото живеење во една заедница се одразува поинаку врз секоја категорија граѓани и неопходно е да се води сметка за потребите на сите, да се најде баланс, а некогаш да се направи и компромис….Затоа што Заедницата има многу лица.Пензионерските денови се некој вид одмор од долги години работа и давање придонес кон градење на таа заедница. Заедницата треба да им врати на своите граѓани овозможувајќи им...
Охрид подготвен за третото издание на Фестивалот на виното
Post Views: 85 Охрид е подготвен за третото издание на Фестивалот на виното (Ohrid wine festival) што од 27-ми до 29-ти јуни ќе се одржува на кеј „Македонија“ пред хотел „Палас“.Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција истакна дека фестивалот полека но сигурно си го зазема своето место и ја разубавува туристичката разгледница на Охрид.„ Трета година со ред ќе се одржува Охридскиот вино фест, препознатлив веќе бренд кој на некој начин го најавува почетокот на туристичката сезона. Имавме повеќе од...
ЈП „Колекторски систем“ ги доби готовите проекти за пречистителни станици изработени од шпанска проектантска фирма
Post Views: 178 Македонската страна од Охридското езеро конечно ќе биде во целост затворена со пречистителни станици со што ќе се реши повеќедеценискиот проблем со излевање фекалии во езерските води, кажа денеска на прес конференција директорот на ДЈП „Колекторски систем“ Владимир Алексијоски. Тој објави дека изработени се проектите за нова пречистителна станица во Подмоље, пречистителни станици во Љубаништа и Радожда како и за комплетна реконструкција и ревитализација на пречистителната станица во Враништа.Проектите ги изработи шпанската консултантско проектантска фирма ИДОМ, а...
F1-H2O во одговор за ТВМ: Трката за Големата награда на Албанија е откажана
Post Views: 95 По информацијата дека Tрката во Формула 1 со високо-туражни моторни чамци која требаше да се одржи на Охридско Езеро кај Поградец, е откажана, која ја сподели екологистот Никола Киселинов , ТВМ телевизија побара официјална потврда од организаторот F1-H2O.Статусот на трката, која според календарот на организацијата F1-H2O беше закажана за почетокот на јули, на официјалниот сајт на организаторот подолго време беше како „непотврдена“, а од неодамна воопшто не фигурира во распоредот. ТВМ побара одговор кои се причините за тоа и дали трката е официјално откажана.„Од...







