Автор: Маја Савиќ
Post Views: 137 Наутички клуб Охрид – Оживување на заборавеното модерно наследство е насловен меѓународниот конкурс кој го објави TerraViva, платформа посветена на организацијата на меѓународни конкурси за архитектура. TerraViva ги поврзува најталентираните архитекти ширум светот со партнери и засегнати страни кои бараат висококвалитетни проекти и овој пат ги повикува архитектите, архитектонските студија и дизајнери ширум светот да изработат идеен проект за рехабилитација на Одморалиштето на Феријалниот сојуз во Охрид , лоцирано на брегот на Охридското езеро во населбата Даљан во...
Планинската спасителна служба извлече повреден холандски турист
Post Views: 83 Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид вчера од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид за помош на холандски турист кој се здобил со скршеница, извести Регионалниот ЦУК Охрид.-Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на с Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман, информираа од ЦУК.
Планинската спасителна служба е од голема важност за регионот, но освен Охрид другите општини незаинтересирани за нејзина одржливост
Post Views: 66 Туристите и граѓаните, вљубеници во природата и авантуристичкиот туризам, за да уживаат безбедно во убавините на охридско струшкиот регион се грижи Планинската спасителна служба (ПСС) Охрид. Искусните спасители, алпинисти од АК „Патагонија Охрид“, обучени и технички опремени по меѓународни стандарди се на располагање 24 часа – седум дена во неделата и тоа на волонтерска основа. ПСС која е неопходна како систем за развој на алтернативните форми на туризмот во регионот, требаше да биде одржлива со поддршка на општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани и Ресен. Но во овој...
По 23-ти пат натпреварот „Охридски бисери“ во Охрид донесе млади музички таленти од цел свет
Post Views: 113 90 млади музичари од 18 земји од Европа и светот учествуваат на Меѓународниот музички натпревар “ОХРИДСКИ БИСЕРИ” кој по 23-ти пат се одржува во Охрид. Годинава младите уметници на возраст од 9 до 25 години се натпреваруваат во дисциплините пијано, виолина и камерна музика. Нивното музицирање во прекрасниот амбиент во Катедралната црква “Св. Софија” го следи интернационално жири составено од врвни музички уметници и педагози од реномирани академии.Оваа година вистинско изненадување приредуваат најмладите учесници кои воодушевуваат со своите изведби, вели...
Сопружници од Ресен загинаа на Галичица, четири и пол часа траела операцијата на ПСС за извлекување на телата
Post Views: 111 Сопружници од Ресен на возраст од 59 и 56 години се жртвите во несреќата на регионалниот пат Охрид – Отешево кој води низ НП Галичица. Тие со патничко возило „фолксваген голф” излетале од патот во провалија длабока 150 метри. Возилото го лоцираа полициски службеници со помош од параглајдеристи во чија близина биле пронајдени и телата на починатите.Ден предходно, на 16-ти јуни во 22.00 часот нивниот син пријавил во полиција дека се оддалечиле од домот со возилото. По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен е увид и...
Перчо Божиновски е нов Претседател на Совет на Општина Охрид
Post Views: 396 Перчо Божиновски, советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ е избран за нов претседател на Совет на Општина Охрид. За единствениот кандидат за нов претседавач со градскиот Совет, на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, „ЗА“ гласаа 17 советници на денешната 42 седница. Божиновски доаѓа на местото на Сашо Донев кој стана пратеник во новиот парламентарен состав.Огромна е честа, но и признанието, како и одговорноста која денес ми е дадена од советниците во Советот на Општина Охрид и поддршка која е доверена за мене како претседател на Советот, изјави Божиновски. Како...
И годинава дел од плажите на охридското крајбрежје ќе бидат без спасители на вода
Post Views: 85 Само на една третина од капалиштата на охридското крајбрежје ова лето ќе има спасители на вода. Тоа значи дека ќе продолжи праксата од минатите години да имаме небезбедни плажи за туристите. Лани беа ангажирани 20-тина спасители само на 14 од над 34 капалишта.Граѓаните сметаат дека за туристички центар како Охрид е од голема важност да има безбедни плажи за капење и рекреација и сезоната да поминува без несакани инциденти и несреќи.„Не се безбедни, не се. Треба да има спасители, треба да има чувари“.„На сите плажи треба да има спасители за да се грижат за...
Театарската група при Црвен крст Охрид со претставата „Утре“ ќе го отвори фестивалот „Вдиши театар“
Post Views: 74 Со претставата „Утре“ во изведба на театарската група при Црвен крст Охрид, вечерва, со почеток во 21 часот, во предворјето на црквата Св. Софија започнува деветтото издание на меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.Претставата „Утре“ е по сценарио и во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а кореографијата е на Даниел Наумоски.Идејата за претставата ја добивме од медиумската писменост која беше премногу нагласена во училиштата и моќта на медиумите, кажа на денешната прес конференција, Емилија...







