Автор: Маја Савиќ
Post Views: 417 Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има за цел да го збрише населението ширум светот со помош на вакцинацијата против ковид-19, со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените личности од дезинформациите кои се шират со разните конспиративни теории. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регионИзвор: Snoopes Најновата конспирација тврди дека вакцинацијата ќе го збрише...
Во цртан филм од пред 30 години не се зборува за ковид пандемијата
Post Views: 555 Во цртаниот филм од деведесеттите, што се споделува во овој пост на Фејсбук, ниту се зборува, ниту, пак, е можно тој да се однесува на глобалната пандемија на коронавирусот, која ќе настапи триесетина години подоцна. Во видеоматеријалот од цртаниот филм не постојат никакви специфики карактеристични исклучиво за ковид-пандемијата, туку во нарацијата се споменува инфлуенца и затворање на сите локални училишта, како што е случај со сите епидемии на заразни болести, кои се пренесуваат по респираторен пат. Цртаниот филм само е злоупотребен за да се минира процесот на...
Jавен документ, стар четири децении, лажно се претставува како план на СЗО за убивање луѓе
Post Views: 537 Во постот се изнесуваат дезинформации опасни по јавното здравје. Иако, експлицитно не се споменува вакцинацијата против ковид-19, сепак, актуелниот контекст во којшто се изнесува меморандум стар 36 години, кога во некои земји се размислува за трета бустер доза од ковид- вакцината, имплицира дека наративот е споделен со цел да се поткопа вакциналниот процес во услови на масовна имунизација.Рецензираме пост на Фејсбук, во кој лажно се обвинува Светската здравствена организација (СЗО), дека, наводно, во 1972 година објаснила како вакцините да се употребат за...
Охриѓани во април 2021 ќе дознаат на колкави концентрации од ПМ честички се изложени
Post Views: 433 Охриѓани не знаат каков воздух дишат. Нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички. Во Охрид нема мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет на воздух на неколку локации во Охрид. Тоа беше направено во рамки на проектот Interreg Airthings финансиран од Европскиот фонд за регионален развој кој завршува денес. Од...
Реките загадувачи забрзано го задушуваат она што постои повеќе од милион години во езерото
Post Views: 762 Сатеска, Велгошка и Коселска, реките кои го сочинуваат крвотокот на охридскиот слив извираат од недопрената природа на Илинска, Плаќенска Планина, горен слив на Дебрца. Но, кристално чистите водотеци на својот пат кон Охридското езеро доаѓаат во допир со човекот. Во долните текови кои минуваат низ населени места, бреговите се деградирани со диви депонии од комунален и градежен шут, обраснати со вегетација, наталожена тиња измешана со отпадоци.Велгошка Река, позната како Сушица или Грашница во долниот тек, прима ...
Охридско Езеро – извор на питка вода од кој може да зависиме во иднина
Post Views: 906 До средината на овој век пристапот до вода за пиење ќе биде сериозен предизвик за голем дел од светската популација. Водата како ограничен ресурс ќе станува подрагоцена од нафтата. Неопходно е постојано истражување, следење и заштита на изворите на вода и нивна правилна експлоатација. За охридскиот регион, впечатокот кај граѓаните е дека лежи на вода и никогаш не може да се соочи со недостаток. Како изворишта на вода се користат: Билјанини Извори, подземна вода од Беј Бунар, Летнички И звори од Рамне, извор Св.Илија од Велгошти, подземна вода во близина на...