Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Одложено денешното судско рочиште за случајот Пендиков

Post Views: 33 Oдложено денешното рочиште од судкиот процес за случајот Пендиков.  Причината е што денеска во Основниот суд во Охрид не се појави 23-годишниот битолчанец Борче Ангелев како кообвинет за кривичното дело „нанесување на тешки телесни повреди“ на секретарот на сега згаснатото здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, како и на двајца од тројцата сведоци предвидени да дадат исказ пред судискиот совет. Првообвинетиот Илија Спасески пак, откако беше исконтактиран, за кратко време пристигна во судот. Сметам дека се работи за купување на...

Продолжи со читање

Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Градски гробишта“ Ванчо Костоски

Post Views: 33 ЈП Градски Гробишта до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поднело кривична пријава против советникот во Советот на општина Охрид и претседател на ВМРО НП, Ванчо Костоски поради сомение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластувања“ додека бил  директор на јавното претпријатие.Костоски како директор на ЈП „Градски гробишта“ во повеќе наврати со склучување на договори за давање на 8  гробни места под старателство со трговско друштво ИВИРЕ ДООЕЛ од с. Лескоец, во 2019 година му овозможил да стекне противправна имотна корист на наведеното друштво,...

Продолжи со читање

Борис Стојаноски доби признание од Црвен Крст за 100 крводарувања во 2023 год

Post Views: 22 65 годишниот охриѓанец Борис Стојаноски денеска доби признание за својата хуманост. Црвен Крст Охрид му додели плакета за 100 остварени крводарувања во 2023 година на свеченост по повод 17 март Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ. Стојаноски вели дека редовно дарува крв од 1978 година и дека ќе продолжи и понатаму се додека го служи здравјето.„Крвта се дарува да му спасиш некому живот, да му помогниш, да бидеме хумани. “ – изјави Стојаноски.Милчо Бујароски, почнал да дарува крв од 1980 година, од неговите војнички...

Продолжи со читање

Бисера Костадиновска Стојчевска

Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба

Post Views: 29 Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, најави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Информира дека е изречена мерка „наредба“ од страна на инспекцијата при Министерство за култура.„Инспекторите за култура извршија вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата.“ –...

Продолжи со читање

Мнозинството во советот не го прифати барањето на опозицијата да се одложат легализациите на дивоградби за по изборите

Post Views: 21 На денешната 39та седница на Совет градските избраници ги усвоија сите точки на обемниот дневен ред. Зелено светло добија извештаите за реализација на годишните и развојните програми на локалната за 2023 година, извештаите за работењето на јавните претпријатија и основните и средните училишта за минатата година, а поминаа и 20 одлуки за легализација на бесправно изгрaдени објекти.Координаторката  на советничката група на СДСМ и коалицијата побара да бидат повлечени од страна на предлагачот точките за легализација на дивоградбите кои беа на дневниот ред,...

Продолжи со читање

Во Буџетот за 2023 година со најголема реализација се субвенциите, капиталните проекти се одложуваат

Post Views: 19 До ден денес  локалната власт нема реализирано ниту еден поголем капитален проект којшто го имаше ветено  пред граѓаните, пракса на оваа локалната власт е  капиталните проекти планирани за тековната буџетска година на крајот да се поместат во развојните програми, критикува опозицијата во Советот кој денеска ги разгледуваше извештаите за реализацијата на програмите за 2023 година. И во буџетот за 2023 година  со најголема реализација се субвенциите, трансферите и донациите, а недостигаат капиталните проекти, истакна координаторката на советничката група на СДСМ,...

Продолжи со читање

Надлежните да ги разјаснат околностите и по чија вина е отстранета спомен плочата од НОБ во Охрид

Post Views: 55 Откако не остана ништо од автентичната градба  на ул „Димитар Влахов„  отстранета и  спомен плочата посветена на настан од Народноослободителната војна. Инвеститорот отстапувајќи од проектот за реконструкција  и конзерваторското одборение прво ја отстрани оригиналната куќа, а сега ја отстрани  и мермерната спомен-плоча ,потсетник на историски настан од 1941 година, кога на тоа место бугарскиот воен суд во Охрид ги осудил на смрт со бесење Лазар Колишевски и Петре Пирузе, додека Кирил Главинчев, Андон Дуков и Јаким Спироски биле осудени на...

Продолжи со читање

Од денеска продолжува реконструкцијата на сидриштето кај  центарот за обука на вода на АРМ

Post Views: 18 Oд оваа недела продолжува реконструкцијата на старата и дотраена дрвена платформа, во делот кој се користи за паркирање на пловни објекти и изградбата на потпорниот ѕид.Договорот за реконструкција на сидриштето во каналот Студенчишта кај  центарот за обука на вода на АРМ Министерството за одбрана со избраната фирма на јавен повик  го склучи минатата година. Но работите на терен не започнаа според предвиденото, а причината ја откри  Министерката за одбрана Славјанка Петровска која викендов беше  во посета на армискиот Центар за обука на вода.„При...

Продолжи со читање