Автор: Маја Савиќ
Post Views: 73 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама”.-Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
ЈЗУ Здравствен дом Охрид обезбедува подобри услови за пациентите, започна санација на Маларична
Post Views: 135 ЈЗУ Здравствен дом Охрид посветено работи на подобрување на условите за пациентите и подигнување на нивото на здравствената заштита. Денеска започнаа зафати за санација на објектот Маларична.„Со цел да се овозможат подостоинствени услови за пациентите и вработенитеЈЗУ Здравствен дом Охрид започна со реализација на договор за јавна набавка со кој ќе се извршат поправки, замена на дограма, партерно уредување, поправки на фасада, поставување на настрешници и останати работи поврзани со интервенции на објектот Маларична, информира за ТВМ директорката на Здравствен...
Екипата на Црвен Крст Охрид мотивирана оди по пехар и на Државниот натпревар по прва помош
Post Views: 170 Екипата на Црвен крст Охрид убедливо најдобра на Регионалниот натпревар по прва помош, кој се одржа во Скопје. Младите волонтери на Црвениот Крст, инаку ученици во СОСУ „Св Кирил и Методиј“ го освоија првото место во конкуренција на 16 екипи од северозападниот регион.„Се покажавме во најдобро светло, покажавме и докажавме што Охрид е подготвен да направи како град и ние како претставници од Охрид. Направивме една, може да се рече, историја во новиве години на Црвен крст Охрид. Се подготвуваме за Државниот натпревар во септемвври. Таму ќе се покажеме во уште...
Сајбер безбедноста во фокусот на 20-та Меѓународна регулаторна конференција која се одржува во Охрид
Post Views: 92 Претставници на регулаторните тела во областа на телекомуникациите од Западен Балкан, ЕУ , меѓународната унија и претставници од приватниот сектор на комуникацискиот пазар, во Охрид дискутираат за резултатите од имплементирањето на 5G мрежата и сајбер безбедноста.Македонија има најдобар 5G во регионот и меѓу најдобрите во Европа, вели првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акику.„Достигнуваме брзина и со двата оператори до над 1 гигабит секунда и просек близу 300мегабити на цела територија на државата. Тоа е многу добар резултат споредено и...
Пастрмката, единствениот предатор во Охридското езеро, покажува промени во начинот на исхрана
Post Views: 70 Истражувањата на НУ Хидробиолошки Завод Охрид покажуваат дека постои промена во доминантната исхрана на пастрмката и белвицата.„ Она што порано беше нивна главна храна зоопланктонот сега не е така. Сега пастрмката и белвицата повеќе се хранат со фауна на дното. Таа промена на исхраната резултира со промена на самиот квалитет и вкус на месото на рибата. „ – вели Душица Илиќ Боева, експерт од Одделение за салмонидна фауна, практично рибарство и аквакултура од ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид.Рибократството доведува до намалување на фондот на пастрмката и...
Ако продолжи загрозувањето на Охридското езеро, за 10тина години ќе почне исчезнување на ендемични видови
Post Views: 112 Охридското езеро е под огромен притисок од човекот. Неговата деградација денеска како никогаш порано е изразена преку интензивната урбанизација и недостатокот на правилен менаџмент на отпадните води. Тоа се клучните проблеми кои треба да ги решаваат централната и локалната власт доколку сакаме да го зачуваме еко-системот на најастарото езеро во Европа и едно од 12те такви на број во целиот свет, сметаат научниците.„Почнувајќи од 1950 годинa кога се уништија блатата со програмата против маларија е започнато деградирањето, но денеска деградацијата на езерото е...
Православните верници се подготвуваат за радосната вест за Христовото Воскресение
Post Views: 71 Охридските храмови се полни со верници кои се молат, палат свеќи и се подготвуваат за празникот над сите празници Велигден. Денеска е Велики Петок, најтешкиот ден во христијанството на кој верниците си спомнуваат на Крстните страдања, смртта на Спасителот Исус Христос и полагањето во гробот. Во црквата наместо литургија се служат Царски часови и оплакувањето кои ниту едно човечко срце не го оставаат рамнодушно.„Проникнуваат длабоко во сржта на човековото битие и јасно не повикуваат отрезнувајќи не да го согледаме сопствените гревови и слабости, а во исто време пак,...
Апасиев од Охрид: Македонска платформа за да запре уценувањето при составување Влада од страна на албанското малцинство
Post Views: 65 На 9-ти мај ќе славиме резултат од 8 до 12 пратници во Парламентот. Тоа се реални очекувања на овие избори на кои копјата ќе се кршат помеѓу три платформи, кажа Претседателот на Левица, Димитар Апасиев пред народниот собир во Охрид.„Сакам да му порачам на народот, едноставна е пораката, на овие избори имате три платформи и на вас е да одлучите за која сте. Првата платформа е веќе познатата тиранска платформа и таму нема разлика дали се Европски фронт, ДУИ или Вреди тоа се иста необалистичка матрица која тежи кон разградување на државата. Втората е Софиската платформа...







