Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Совршен тајминг за премиерата на Народен театар Охрид на нушиќевата Госпоѓа Министерка

Post Views: 85 Во време на изборен процес, кога многу луѓе се во кампања со надеж дека ќе станат функционери, министри, пратеници, охридскиот Народен театар ја поставува премиерно на сцена нушиќевата „Госпоѓа Министерка“. Во однос на актуелноста на претставата и нејзниот политички ангажман , ние сепак се задржавме на тоа дека правиме комедија иако претставата многу лесно може да биде претворена во политички театар, кажа денеска на прес конференција, режисерот на претставата Благој Мицевски.„ Меѓутоа сакам да кажам дека претставта како дел од еден постмодерен театар од кој сите сме дел...

Продолжи со читање

Светскиот ден на книгата одбележан во НУ Библиотека “Григор Прличев”

Post Views: 109 Христина Петреска за една година прочитала дури 139 книги. Таа денеска во градската библиотека беше проглсена за најчитатаелка за 2023 година, а по повод одбележување на Светскиот ден на книгата, 23-ти април.„Омилена литература ми се драмите и романсите. Најмогу читав во време на ковид пандемијата, кога бевме затворени дома и имавме повеќе слободно време. Сакам да им порачам на граѓаните повеќе да читаат книги затоа што секоја една книга е ново патување и воедно си го збогатуваме вокабуларот“ – вели Христина.Од околу 1500 активни членови во охридската...

Продолжи со читање

Силјановска – Давкова: Почитувајте го Охрид, без Охрид Македонија нема да биде почитувана

Post Views: 81 За мене Охрид не е само културна метропола, туку и споменик на природата, еден од најубавите градови и дом на европското христијанство, затоа да го чуваме, рече во обраќањето пред присутните на митингот во Охрид, кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова.„Охрид како постар од човештвото треба да ја ужива нашата заштита. Не заборавајте, без Охрид Македонија нема да биде почитувана. Почитувајте го Охрид ако сакате да не почитуваат. Час поскоро активирајте го Универзитетот на Плаошник. Оваа власт не...

Продолжи со читање

Мицкоски од митингoт во Охрид повика на национално обединување

Post Views: 149 Народот доаѓа по своето, доаѓа по тоа што му е одземено, доаѓа по Македонија, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на народен собир во Охрид, од каде партијата ја започнува кампањата за парламентарните избори.„Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот. И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ. Не им ја даваме Македонија, не им ја даваме иднината, не им дозволуваме повеќе да си играат со нашите животи и да се коцкаат со животите на нашите деца. Тргнавме и нема назад. Доаѓа цунамито што ќе ги одвее...

Продолжи со читање

Културното наследство е наш идентитет, препознатливост во светски рамки и капитал за економски развој

Post Views: 95 Културното наследство е наш идентитет и наша препознатливост во светски рамки и воедно тоа е капитал за економски развој преку туризмот. За нематеријалното наследство, споменици и локалитети, нивното значење за локалниот развој преку туризмот и нивна заштита, на национална конференција во Охрид разговараат универзитетски професори, експерти и дипломати.Промовирајќи го културносто наследство преку туризмот ние правиме бренд, правиме идентитет во светски рамки, вели Проф. д-р Сашо Коруновски од ФТУ.„Некој мисли дека туризмот му штети на културното наследство....

Продолжи со читање

Советoт ја усвои информацијата за Физибилити студијата за развој на касарна Охрид

Post Views: 94 Пред градските советници денеска , на 40тата седница на Совет беше презентирана Физибилити студијата за развој на касарна Охрид во технолошко-рекреативна зона. Советниците беа запознати со визијата за развој на просторот преку изградба на модерна инфраструктура со содржини кои ќе допринесат за технолошкиот развој ,привлекување инвеститори, отворање нови работни места   и зголемување на туристичката понуда. Нови модерни објекти кои ќе бидат седиште на повеќе технолошки компании во зоната на самиот влез во касарната,  реконструикција  и...

Продолжи со читање

Професионални готвачи се најдефицитарен кадар на охридската ривиера

Post Views: 112 И оваа сезона на охридската ривиера ќе се чувствува недостигот на професионален кадар во угостителството. Продолжува трендот на одлив на квалитетна едуцирана работна сила, на годишно ниво  само од Охрид заминуваат повеќе од 2500 работници претежно во Хрватска Врз квалитетот на услугата во угостителството најмногу се одразува недостигот на професионални готвачи кои се срцето на секој ресторан, вели Проф. Климент Наумов од ФТУ.„Недостигаат 90% вистински професионални готвачи во угостителството на охридската ривиера. Јас мислам дека скоро во секој ресторан...

Продолжи со читање

СВР Охрид бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела и намалување на бројот на сообраќајни незгоди

Post Views: 80 Безбедносната состојба на територија на СВР Охрид е поволна и на задоволително ниво, а секторот бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела. Ова е заклучокот од денешниот работен сосстанок на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Сашо Смилески, со раководството на СВР Охрид.„Граѓаните се безбедни. На подрачје на Охрид се бележи намалување на вкупно регистрирани кривични дела од 13.5%. Имаме зголемен...

Продолжи со читање